Јас немам ништо,зошто секогаш носам мали ташнички,ама сум каратиска па кога ќе му мавнам една ќе се смее ете така...
Ништо, баш ништо а толку многу случки имам во врска со манијаци ! Сама и пешки одам на работа, навечер после прошетка со другарки сама се враќам до дома (по полноќ) и многу често сум се наоѓала во ситуација да бегам од манијаци а никогаш не сум помислила да се обезбедам со нешто кое ќе го искористам доколку ме нападне! Еднаш се случи да ме следи манијак па по пат сретнав еден комшија кој од далеку забележал дека ме прогонува некој,и се разбора ме испрати до дома! Еднаш пак еден таксист застана и му се развика на манијакот па овој побегна! На друг пак (кога бев помала) му се криев во еден двор! Во друг случај си фатив шпринт до дома, и за чудо успејав да побегнам бидејќи блиску бев до дома! И најинтересниот настан е кога еден манијак (кој сега веќе го познавам ) ме следеше после работа и ме фати за газ! Не можев да се воздржам и го удрив во грб , се развикав на цел глас ,,манијак, простак, ќе те пријавам, срам да ти е,, а меѓувремено се појавија едни постари жени кои исто така се заканија со полиција и манијакот избега! Значи немам некој посебен метод или средство или начин за да се заштитам од манијаци, но затоа имам среќа, барем досега ! Но кога подбро ќе размислам мислам дека многу ризикувам бе!
Јас си носам веќе 3 години солзавец в ташна. И го употребив еднаш али не беше страшно. Си одам дома и едни ѓупчиња се затрчаа по мене, бараа пари. Почнаа по џебови да ми рошкаат, да фаќаат, еден па и ме плукна. А баш бев скоро пред зградата се затрчав и влегов внатре. Арно ама, ја отворив вратата и ги повикав, мислиш бонбончиња ќе им делам. И викам :"Елате, че ви дам 10 денари" - Дојдоја, се наредија пред мене и ко сум се распрскала со солзавецот в лице, хахаха се растрчаа сите со пиштење. После тоа наместо нервозна да бидам, сум се изнасмеала дома. И така, ова солзавец добра работа. А шо викате вие, додека да го извадите веќе ќе ве нападнел некој. Најчесто приметуваш ако некој те следи, па јас тогаш си го иставам солзавецот, забрзувам и си го чувам в раце додека сум на сигурно. Ама му прснеш со него в лице, ќе се наведне, маваш по јајца и бегаш. Или два прсти, и му ги брцаш во око. Аха, или под вратот има тука едно местенце насредина над коската, има без воздух да го оставиш ако со два прсти силно го удриш.
од пред неколку дена почнав да си носам едни тенки бодликави клештички, а што се однесува за солзавец сум за(се продава во продавници за риболовечка опрема), како и за чадор, секако и долги нокти како и остри заби, и секако колено во мегуножјето, би додела и прстени на рацете(некои така со поголеми камења ) после ова мислам дека манијакот ке биде успешно совладан како што имам тешка рака инаку неколку пати сум се нашла во ситуација да налетам на некој ваков-вербално, или метак да ме нема
Секогаш во ташната имам дезедоранс, има скоро иста улога како солзавец. А не користам лак за коса, ама кој користи да знае дека тој е најблизок до солзавецот.Прснеш во очи и фаќаш магла.
Неколку појаси карате, нокти, заби и обука за самоодбрана. Ги знам највиталните точки и потезите со кои може да онеспособиш манијак, само не дај боже да испаничам!
Додека да се извади дезодоранс или солзавец од ташна поминало времето. Затоа би мафтаал со цела ташна наоколу и онака е неколку тона тешка, па со некоја среќа би го погодила! А ако има среќа да ме начека кога носам т-линијар метален (и тоа е често преку ден заради факултетот) подобро нека не ми пристапува! Spoiler До сега сум немала вакво искуство нормално не ни сакам!
Темава ме потсети на една вистинска случка што ни ја кажуваше професорот по казнено. Имало некоја студентка од друг град што студирала во Скопје пред 10-15 години. Се вртеле муабети дека имало манијаци низ градот, а она била дојдена од мало место и ја фатило страв. Додека си одела навечер сама накај дома забележала дека некој ја следи. Таа се качила во автобус - типот исто така. Таа се симнала на станица - и типот исто така. Таа тргнала кон зградата кај што била сместена - и тој исто така. Ја фатило паника девојкава и кога дошла до вратата од станот кај што живеела, ги извадила клучевите и го нападнала дечкото при што трајно му го повредила окото. На крајот се испоставило дека и тој бил некој студент што бил сместен во таа зграда и немал никаква намера да ја нападне, едноставно и тој си одел накај дома. Поентата ми е, во такви ситуации нема да знаете како да реагирате. Психата е чудна работа. Ќе земе спрејче, ама ако ве нападне некој нозе ќе ви се пресечат и ќе не знаете што попрво да направите. За среќа јас не сум се нашла во таква ситуација, ама не дај Боже некој да ме нападне прво ќе почнам да врескам колку што ме држи глас и би се одбранира со мавање клоци и шамари. Со такви спрејови и чуда малку ќе бидам неспретна во тие моменти...
До овој ден не ме нападнал никој . Секогаш немам нешто во рака, но затоа на нозе секогаш имам добри штикли А како што сум вешта и брзопотезна отиде мојата штикла таму доле по неговата фамилија Ох тоа страшно многу ќе го боли, па така во истиот момент cкршен од болка ќе го проколнува моментот кога му паднало на памет да ми cе доближи и да ме нападне. Не сум јас толку лоша , но ова морав така да го изведам во самоодбрана па нели се работеше за манијак .
Мојот МАГНУМ поглед, десница, левица, коленца. Најдобар алат ми е зборот, кога ќе му се заканам дерејќи му се да види дека не сум шмизла или кога ќе му запретам со тужба не верувам дека ќе продолжи. Манијаците обично се меки луѓе, плашливи, искомплексирани и кога ќе видат дека некој ќе им се спротивстави се плашат. Ми се случи такво нешто, одев на англиски така доцна есен веќе се стемни и се качува еден манијак во автобус и седнува спроти мене на тие столчињата позади свртени едни кон други. Немаше никој позади а овој се ѕвереше цело време, јас кога ќе ми фатеше поглед го гледав како да ми убил некој и го приметив дека е на готовс да стане кога ќе станам јас. Го приметив и затоа се симнав кај полицијата во Автокоманда исто и тој по мене и одма правец накај станица а човеков се изгуби го снема. Плашливко да не кажам страшко
Ташната е секогш тука ! За солзавец сум размислувала, поттикната од вистинските случки што и се имаат случено на мајка ми..да биде нападната од таков манјак. И може некој удар меѓу нозе да помогне. ^^