Паа и не би се согласила баш Не треба да им се плашиме на манијаците, нормално, но не треба и да ги потценуваме, треба да го направиме токму она што ке ги "зашемети" бар за некое време за да можеме да избегаме.. но не да влагаме многу во тепање со него..машко е, манијак, незнам баш дали они се мекуши! мислам не.. ке се изнервира, па којзнае што може се да направи во бес..може и телесна повреда да ти направи.. Така да мој совет, не ја мерите силата со манијаците.. само бегање! За мене, фала богу ми се нема случено нешто вакво, но и искрено и се немам и јас заштитено... Есен/зима сум посигурна зашто имам еден чадор долг силен, мислам човек може да утепам со него.. Но вака без него, немам баш заштита Имам неколку пати (за секој случај) носено клуч во рака, но не клучот, туку еден привезок што ми е на клучот, такво едно долго такво е, и има остро крајче.. и си го имам испробувано на своја кожа (не да се повредам нели) туку дали би имало некој ефект..и има, прилично боли ако се забоди појако..а и не треба многу јако... а инаку мислам дека клучот и не е така јак, штознам Друго, солзавец, морам да си набавам. За тие кои викаат, нема да имаш време,секунди се во прашање... Нормално дека немаш време, доколку нападот е започнат..но секако ке забележиш ако некој те следи, или видиш чуден лик, или ако ни тоа, тогаш бар знаеш кај поминуваш и кај ти е страв, каде нема многу луге и сл.. па секако ке си се спремиш, односно спрејчето на дофат.. Нож, незнам... мислам дека спрејот е подобар оти прскаш у очи и бегаш..мислам дека е најлесно и најпогодно некако, го ослепуваш за момент, па додека му се врати видот (бар така си замислувам ова..) Клоца во мегуножје, ДА, доколку се даде можност..и после бегање секако.. Камен да му фрлиш... ова ми е нај НЕ од се...па искрено и нема камења секаде..друго,мислам дека е потребно дооолго време, бар за мене, да лоцирам камен, па да го земам, па да праам нешто со него..башка збориме за темници (ок не е правило, но почесто) па и лошо осветлена ако е, кај ке имаш време бе камен да најдеш и да го земеш и се тоа...а нема секаде убав голем сочен камен,нема така да ова е најлоша опција според мене.. ди енд. викате во рибарска продавница имало тоа солзавец? а каде има рибарска продавница?
Брза сум... на бегање. И башка, мавање по тестиси и гребење по фаца (посебно по слепоочници) секогаш успева. Ако веќе забодувате нож, забодете во бутот, надворешната страна и направете едно вртење со истиот... Не е смртоносно, но предизвикува огромна болка од која може да се зашемети.
Не сум се нашла во ваква ситуација, но ако би се нашла прво мавај со раце и нозе кај ќе стигнеш (гледај у незгоден предел да погодиш ) и башка тешка рака си имам јас, ако е есен - зима чадор со тебе па удри во стомак, по глава, по врат, кључот мој златен што си го носам, таман тежок со 300 привезоци на него. Ташна некоја тешка да си имаш при рука или па на штикла и онака опасно го маваш меѓу нозе и си идеш .
Женски исто така удирајте со отворена дланка по уво со сета сила. Предизвикува губење рамнотежа и зашеметеност. Помага
Во тие шишенцата за парфеми на точење си растварам вода [сапунска ] и шампон head&shoulders од ментол,леле тоа колку пече на очите При рака ми се и тешката чанта и силните нозе
Ми се допаѓа коментарот на Yipman2. Јас немам ништо со мене, сигурно во тој момент кога напалена будала се упатува да ме силува за пример, нема да буричкам по чанта во џебови спреј да барам. Јас вака не можам да најдам што каде ми е, а тек па во таква ситуација. Што ми текне прво тоа ќе правам, мавам кај стасам и гледам да го соборам (делумно де). А во меѓувреме ќе се молам да не ми притреба ова да го искористам.
Се сеќавам како помала - тинејџерка си ги редев клучовите меѓу прсти дури се прибирав накај дома. Си правев еден вид бокс и ај ме нападне некој, ќе му ги извадам очите .. Spoiler За тоа мислам-бокс, само дето со клучеви е остро...
Да бидам искрена не носам ништо и тоа никогаш Ми се чудат одам сама навечер а другиве бараат да ги испраќаш до куќна врата . Не дека нешто јас бестрашна или ептен физички спремна ама трчам муња бре се чудеа со мене се тркав со машките во школо и досега никој не ме преткал ... машала , машала пу пу да не се урочам Ако ме стигне не треба да ме силува сама ќе му се дадам . Вчера гледав добар филм на канал 5 не верувам дека уште некоја го гледала зошто беше 5 саат а сега или учиме или спие нормалниот народ јас паралелно . Да се вратам на муабетов бокс по јајца не ми текнало а гледам ефикасно беше . Знали ако од икс причина не можеш со нога пробај со бокс . Не дај Боже инаку во право се кај можеш тогаш да бараш сретства крвта ќе ти замрзне . Ама како и да е се е до моментот и прво умот треба да си го зачуваш да останеш разумна а не да се згрќиш и блокираш . И што е најбитно според мене никогаш ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВАШ што и да се случи и да ти се чини дека е битка на Давид наспроти Голијат да не се даваш !!!
Нокти! Од помал град сум па воопшто не мислам на вакви работи, а и да ми се случи некој да ме нападне најверојатно ќе се изгуби откако ќе му речам-Мали, те препознав...ај прибери се да не те кажам на мајка ти... За во поголем град е друга приказна...Тогаш имам константен страв од вакво нешто секојпат кога по некоја случајност сум ноќно време сама по улици...Па скоро секој кој поминува покрај мене во мојата глава е потенцијален манијак, крадец...Па смислувам стратегии, што, како, дали некој би ме слушнал ако викам, гледам накај каде би можела да бегам, или се прилепувам до минувачи кои ми делуваат ок па 'одам со нив'...Не е шала...
При рака немам ништо, ама при нога имам мартинки со челик напред Се уште не сум била принудена да ги употребам, ама ако некогаш се најдам во таква ситуација, многу е веројатно дека манијакот ќе остане со смачкани тестиси
Си носев порано едно ноже, ама повеќе не (а ми недостига, многу си го сакав ) ...треба да си набавам солзавец ако ништо друго, секогаш ме фаќа страв кога влагам во влез навечер, се си мислам дека некој има внатре и обавезно на моб. зборам со дечко ми додека не влезам дома, не дека нешто може да ми помогне преку телефон, ама некако посигурна се чувствувам
и мене нешто слично ми се случи пред неколку год, кај што е зебра трговскиот сега порано беше темница и вака зимно време го испраќам мојот тогашен дечко на автобус таму 57 стои и еден тип не гледаше цело време дур чекавме автобус а постар околу 26/7 год а јас тогаш средно бев.Исто врнеше и чадор имав јас и дојде автобусот дечкото мој се качи човеков не се качува и трна накај мене. Толку сум се исплашила кога го опнав по глава со чадорот мислам му го искршив од глава и почнав брзо да трчам среќа во патики бев и бидејќи близу живеам наидоа комшии едни и со нив до дома си дојдов и ич не се свртив да видам што се слуши со типот али дома се скинав од плачење од стравот и адреналинот што ми дојдоа во моментот. сега ножици си носам во ташна и често идам во штикли па ако нешто недај боже се случи најверојатно некое од тие 2 ќе употребам.
Штом се работи за манијаци ,двете раце ми се десни , а богами и двете нозе Не ми притребале досега , ама за секој случај подготвени си се . А ако тој некојси манијак е нефер со самото тоа што се нашол ( хипотетички ) да проба да ме манијачи , јас кон него би била сосем фер ,со раце и нозе ( а можи и главче ,демек тврдоглава сум била ,па нека се смета за оружје ) ,без ср*ња од типот спрејчиња ,ножеви и што ти ја знам таму ,самоодбранбени џиџиња . Мирен ни е градот , имаше порано два - тројца такви ,ама и нив си ги знаеме ,нормално ќе гледаме да ги избегнуваме ,нели?
Јас ја имам мојата ташна... Но луѓе колку е тешка,ако удрам некого со неа мислам дека нема веќе да се разбуди. Кој вели дека од книги нема корист,јас имам...(скоро секогаш во ташна имам книга,затоа е тешка )
Веќе некој ден ја меркам темава и не можам а да не искоментирам. Spoiler Мојот е телевизор, а вашиот?