Дај боже никогаш да не дочекам такво нешто,а инаку што имам при рака па ташната таман како што ми е тешка секогаш и чадорот
Подобро тој нека бега од мене.. За да не настрада оти лично јас ке одговарам за неговото физичко здравје. Абе каков солзавец додека буриџкам по ташната тој ке ме легне Ташнната со уште нема удри мегу нозе и завршена работа. Тој вака ке се свитка а ти вака ке се поклониш
Сум имала проблеми со наркомани, ама со манијаци фала богу не. Ама секогаш у џеб иам скалпер , а ако немам, ке се тепаме бе брате, па кој победи! (а мојата победа е загарантирана) Од било каде да те фати (за рамена, одпозади, од било каде) имаш начин и техника.
Книга по облигации доволно тешка за да го онесвести Шала на страна, немам ништо посебно за заштита освен ташна што секогаш ми е преполна со еден куп ствари, па според тоа е и доста тешка. И секако доволно развиени нозе од пилатес и возење точак
Брзи нозе и пискав глас аааааааааааааааа Не дај Боже да ме нападне некој.....Ама човек треба да внимава, секакви шетаат по светов...
Една пуна песница, ташна потешка одмене, добра штикла.... шала на страна недај боже да ме нападне таков некој, а инаку конкретно нешто немам иако би било доста паметно да имам нешто корисно при себе, зошто за жал тоа е секојдневие денес.
Носам солзавец односно pepper spray откако ме опљачкаа пред 4 години. Еден период пред да го купам солзавецот носев антена на извлекување....Добро е што немав прилика да опалам некого со антената
Немам солзавец но скоро секогаш имам мало парфемче на точење со мене. И тоа секогаш ми е при рака така да... А инаку 90% од случаевите носам и некој голем тежок прстен, па честопати си имам помислено колкава би била болката ако му ја тутнам на некој у фаца - неизмерлива. Така да прстенчето мое мило ми е тајно оружје. А и имам тренирано некое време аикидо, така да знам некои вештини за одбрана ако ти дојде одпозади, од страна ова-она, така да најверојатно би ми послужиле.
Карате имав таква случка кај што живеам јас има едно место каде најчесто одат парови шо нема кај да си вршат работа па у кола таму вршат... и полно е со манијаци... една вечер јас идам од чаршија, 3 после полноќ беше, онака забрзана на штикли и смрзната, кога слушам иде некој зад мене, од никаде се појави чоеков... се свртев видов не го знам и си продолжив... истиов човек ме пресретна малку погоре (ваљда фатил некое покусо патче) и ми излезе пред мене и стои не мрда... а јас си мислам шо сака сеа овој ненормален... ми вика „еј маче, сакаш секс милом или силом?„... Мене, пошо не трпам никого за ништо, ми се откачи некоја жичка у глава, кога го подбрав, незнам дали знаеше кај му е глаата а кај задникот Наиде еден од комшиите и ми вика алооо женска не си нормална знаеш ли шо може да ти напраи? Јас само се свртев му се насмеав и му одговорив „Ако можеше ќе направеше, не дрдори мн чекај ме идам кон дома„ А на манијакот му се завртев и му реков „Следен пат ако се појавиш овде некаде во близина полошо ќе биде да знаеш„ и си заминав со комшијата...
Обично, за сите немили случки си мислиме дека тоа се случува, да, ама таму некаде...А, не на нас...За жал, тоа мене ми се случи пред извесно време.Фала му на бога, без никакви последици, навидум.Човекот се исплаши од моето врескање и избега.Од тогаш, не можам да поднесам некој да ми стои позади грб или да оди позади мене.Кога тоа ми се случи, немав никакво ,,оружје,, со мене, а не носам ни сега.Зошто?Зошто во таква не дај боже ситуација, немате ни време , ни памет за користење некакви си средства за самозаштита.