Јас со сите манијаци и дрогираши во мојов град се имам , неам мака јас инаку имам една тешка рака како олово можам да го смачкам
Секогаш кога си идам сама накај дома, а ретко се случува си зборам сама на телефон. Не се плашам многу од такви работи, бидејќи знам како да се одбранам. Недај Боже да се деси.
лани кога бев на одмор си купив шибер...од тогаш си го носам секогаш во џеб,бидејќи имав едно лошо искуство со "манијаци"...тие беа 5...а јас бев со две другарки,ама за среќа успеавме да избегаме некако...инаку готови ќе бевме
немам ништо, ама за тоа имам јака вилица, и тенки прсти дирекно очи што бодат па де нека ме задене, ке го осакатам
Ако напаѓа физички и тоа на улица да ме фати без спреј или солзавец еве вака: 1) Ќе почнам да викам ААААААА и јас како манијак ама со дебел тон за да го збунам 2) Клоцата по јајца 3) Бокс во стомак 4) Ќе го бутнам на земња ке седнам врз него и ќе фанам да се дерам или пут под ноги и дома ако нешто не оде по план и со нокти ќе се бранам или со заби имам железна рака така да само нека ападне некој ќе го осакатам ама сепак господ да чува
Незнаев каде да го сместам мислењето, па ајде тука. Претходната вечер отидов кај другарка ми да гледаме филм. Го изгаснавме светлото и гледавме романтичен филм. Ролетнатабеше подигната бидејки пушев цигаре. Така замислени во филмот, некој почна силно да тропа на прозорецот. Јас почнав да пискам , и само ја стискам раката на другарка ми, а нејзините дома спиеја, и таа почна да звони на брат и. Престана тропањето и преку прозорецот очна да се подава глава, јас уште толку исплашена, но ни беше страв да станеме да го запалиме светлото. А веднаш под прозорецот е паркирана колата, и само слушнавме гребење на колата а немаше никакви чекори. После тоа ме испракаа до дома, одвај си отидов, и сеуште остана нерешена мистерија, што беше тоа, и кој беше.
Искрено до сега не сум размислувала за таа опција, да имам нешто при рака, ама кога добро ќе размислам ако некој нешто ми направи нема да мавам и удирам ќе се дерам и ќе бегам па едино ако не избегам ќе мавам по јајца
Не сум била во таква ситуација, ама за да се одбранам има да му направам едно споменче на лицето, да се секава од кој е и зошто му е направено
При рака немам ништо туку прво ако сум во состојба ке го треснам по јајцата еднаш и ке фатам да бегам,а во меѓу време ке буричкам низ ташна,редовно носам мирис во неа ке го извадам за во случај да ме фати ке го испрскам убаво и ке се скријам некаде .Недај боже во таков момент мил е животот на се ке ти текне.
Уф епа вака. Неверувам дека во таква ситуација би ми дошло нешто при рака,можеби мобилниот и би виклана полиција но сепак не,долг процес е тоа.Дур се јавам јас којзнае што ќе се деси.. Прво што би ми дошло на памет би било,удар по фамилијата. Spoiler па јајцата де И тоа да го боли цел живот.
Немам ништо при рака, ама знам дека во секој момент, мислам не дај Боже тоа да се случе, и ете ако се случе, знам дека моите силни и стегнати раце нема да ме издадат! Дури и мислам дека сум во состојба да го задавам и он да избега од мене, најсериозно! Поседувам толку силен одбранбен став кон се, нормално и кон манијациве глупи, коа се плашат повеќе од нас, ако им покажеш заби отколку ние од нив. Секако, додека си немаш работа со некој психопат. Таму е поинаку, како денес случајов во САД, не ни ми се збори за тоа, не ми е јасно само зошто постојат, зошто?! Манијаци во Скопје до сега двајца ми се имаат закачено, и интересна е случката со вториот. Во Мавровка, на скалите од прв кон втор кат, јас сама, веќе при стемнување, и иде еден тип од горе, а јас одам нагоре. И застанува баш кога се разминуваме, и осетив шо е работата, и да не ме нападне или нешо слично, секундарно се вртам, и со мојот убитачен поглед, ко шо би рекол дечко ми, го гледам и чекам да презбори. И овој збутан во ќошот, девојко да те прашам нешто? Си викам оф леле, загубен глупчо некој е ова. И му викам ШО? Типов ми вика, слободна си, да одиме на кафе? ОМГ, мојата реакција прво беше Не мислам како се осмелуваш да ме прашаш, засрами се! Глупчото по скали и надоле Втората случка, пред хотел Карпош, манијак апла, со точак значи. 12 саат навечер, и за бељата само јас на раскрсница поминувам, ама од спроти е Вили, само малку подалеку, ама сепак се гледа и некоја трафика. Типот ме гледа дека минам и застанува баш пред хотел Карпош. И исто таман да го разминам, го заобиколувам колку можам, и овој го става точакот на таква ногалка, и со ќесе накај мене, ми вика девојко сакаш да порачаш нешто од Авон? Дада убаво прочитавме ОД АВОН ГЛУПЧОТО РЕЧЕ Ем смеа, ем страв у мене, и само го погледнав исто остро, е тоа ми е прво при рака, и му викам, мавни ми се од патот сместа! Со остар поглед и заби буквално покажани. Го поминувам типот и ете го го зема точакот го јавнува, и моам да признаам кога видов дека го свртува накај мене,а јас требаше да одам позади зграда до 8 влеза, темно, нема ламби, малку ме удри параноја, ама паметна сум си, шта чеш, одма и звонам на цимерката, симнувај се сместа доле и викај ане те гледам, манијак иде позади мене. Искрено, незнам кај тргнам глупчото, јас почнав да трчам, и ја гледам оваа лудава излева, иако баш тогаш стигнав до зградата, кај мојот влез, уфффф, срцето сто на саат, си влезив, и си решив више така касно ако си идам, ќе си одам со такси и точка. Не бид а ризикувам, искрено, ако некој ме нападне, со голи раце ќе го задавам, он на мене.
каде што живеев како девојка, до мојата зграда се доагаше по едно тесно патче тек-тук осветлено.И се се враќам јас од град една вечер, се сеќавам на тоа како да беше вчера, негде после полноќ , баш по тоа тесно патче и слушам чекори позади мене. Инстинктивно се вртам и гледам еден маж си оди најнормално па ич не обратив внимание. Застанав за секунда барав клучевите во ташна и застана и он. Тогаш ме фати јанзата. Ауууу си викам ова манијачиште некое. Нигде живо пиле само ја и он. Продолжив да одам и ушите радари ко да ми станаа- само чекорите му ги слушам. Наеднаш, кога забрза, почна да трча, за дел од секундата мислам срце ми застана. И (уууу се згрозувам и сега кога пишувам за тоа) ме стаса застана пред мене , и ко самиот ѓавол да беше ми се доближи пред фацата скоро нос со нос да се допреме и онака ненормално, идиотски, ѓаволски со некој длабок тон ми се изнасмеа при тоа пуштајќи некои крици ко животно. На прашањето што имам при рака ако ме нападне некој манијак- што и да имав ( а освем нозе за бегање и удирање немам ништо )не успеав да го употребам бидејќи во буквална смисла замрзнав од страв. И избега после тоа. Прерипа преку оградата во школски двор. Се присобрав и продолжив. Се тресев ко ливче на ветер. И таман да влезам во влезот на зградата еве ти го пак. И почнав да бегам, влегов во влезот мислев он ке се откаже тука ама не влезе и они трчанката нагоре по скали- ја трчам трча и он по мене. Скоро - на неколку скали- до пред влезната врата стаса. Влезот беше осветлен се завртев да го видам- аууу манијачиште со тапија. мантил ко во филмовите ист, небањат со векови, без заби..лудак! Господ знае како ја отклучив вратата и раце и нозе ми се тресеа. Значи- резиме- ако ме напрадне некој ке го удрам меѓу нозе, ке го изгребам , ке викнам полиција... ова она.....А кога ми се случи такво нешто- ко мутава, замрзната од страв се удрив бежанија.
Ми се деси еднашка.. пред поише години да ме брка мањак, и да биде иронијата поголема личеше на човеколики мајмун, низ едно сокаче, во 3 сабајлечки коа си идев за дома.. па бев приморана да трчам на штикла 12ка, по снег и мраз и уште се чудам како не скршив глава самата во таа ситуација, ама среќа по мене кретенот се откажа и ја си стигнав дома читава. Навикната сум на мањаци од причина шо доаѓам од град каде мањаците се побројни од нас обичните смртници, значи зборам за секојдневни дешавки од типот следење со коли, разно-разни добацувања (од типот ој љочка, ој ми љепотице, ој ми срце може да го упознаваме со тебе?) туркање во тебе, и сето тоа се дешавало и сред бел ден, и додека си со другарки, дечко, татко.. е сеа пратењето со коли било најјезиво посебно навечер.. ама па.. куче шо лае не каса барем така се покажало тоа во мој случај. Си носам дезодоранс со себе, и глеам нигдека да не идам сама, посебно не ноќе. Ако дојде до некој таков екцес...речиси секогаш имам долги нокти, и коленово ќе послужи за удар во неговото меѓуножје Ако сака да остане без фамилија нека проба да ме пипне само!!