Мобилен и слушалките, голем паричник, несесерче за шминки (руж и четка, 5-6 сјаеви и кармини, по потреба ставам и маскара внатре), очилата во футрола, влажни марамчиња, 2-3 пакетчиња палома, кога одам на факултет го ставам и чантето со пенкала и друг школски прибор, кога не сум, земам само некое стилце да се метка низ чантата, клучеви, штипка за коса, крем за раце, дезодоранс и еден куп стуткани фискални сметки и празни пакетчиња од мастики и бомбони
сјај за усни,карминче,црно моливче,монтажно чешелче,мобилен,клучеви од дома,новчаник,мастики...толку отприлика
mobilen,klucevite od kola i doma,nekoe karmince,maskara,molivce,paloma i vlazni maramicki,novcanik......
Освен стандардните работи погоре наведени, кај мене ќе најдете: пост-ит, тефтер за прибелешки, диктафон (кој стои, макар што веќе повеќе од 7 месеци не ми треба, но стои, за сваки случај, да земам изјава од патниците во ЈСП), хартии, т.е ѓубренца кои ги збирам, дур да најдам канта за отпад, а обично ги заборавам па кога правам генералка на чантичево ги исфрлам сите заедно, да не се осеќаат осамено, пак и во меѓувреме си се запознале в чантава, најбољи другарки си станале, имам сто пенкалца, фломастер, од кои редовно кога ќе брцнам во неа се шарам, но луѓето што ме знаат се запознати со фактот дека јас и пенкалата секогаш си се носиме со гордост на себе, ментол бонбони имам секогаш, обично ги купувам и цело пакетче си стои, додека брат ми не се сети да ме праша дали имам мастики, пак јас му давам како демек да земе една, али обично ги зима сите, мене инаку не ми текнува, тие ми се кога ќе ми падне шеќерот, ама и да ми падне на нив последно ми текнува, е брат ми ме потсетува дека живуркаат во чантата. четка за коса, со која никогаш и не ја чешлам косата, но стои, за сваќи случај, грисини-креќери-чуда и врагови, што си стојат во случај да огладнам, а обично пак ќе речам брат ми ги јаде, но штом ги изеде, јас секако си купувам да ми се најдат, де... всушност, премногу ствари, на кои местото не им е таму.
Во мојата чанта па и нема многу работи..паричник, паломи, чешел, стило, тетратка, огледало, каталог и мало чантиче (со лабело, стегач и моловче за уста)..не сакам кога имам многу работи во чантата оти ми сметаат и ништо не можам да си најдам...а и никогаш нема мали ѓубренца и книџиња, оти ме нервираат такви ѓубренца, и одма ги фрлам и тоа е тоа
Мобилен,слушалки за мобилен,my love - Ервејс Екстрим,новчаник,сјај за усни и римел,паломи,понекогаш и мало огледалце,понекад ќе ми текне да си земам со мене и најновиот број или од Крема или од Е1 и резервен клуч од дома )
Што не носам прашајте ме.Понекогаш учебници, тетратки, пенкала, огледалца 2, сјаеви, кармини, слушалки за мобилен, мобилен, клуч од дома, новчаник, палома, дигитрон, наочари за сонце, и венче или цвет за коса зависи коса како.
Скриптиште и тетратка кои ми беа сосем непотребни, пенкала, несесерче со пенкала и триста тракатанци, индекс, книџиња непотребни, лабело, клучеви, малечко несесерче со огледалце и мастики, паричник, маскара, крем за раце, очила за вид, очила за сонце...
Шел ај старт...? Мобилни два, полначи два, огледало, чешел, кармини 2, лабело, сјаеви за усни два, слушалки за телефон, ќибрит , вагиналети, витамин Ц две табли, Б-комплекс, наочари и футрола, сончоглед за 30 денари , клучеви од стан, клучеви од куќа, клуч од сандаче, мастики, бонбони, обетки два пара, усб-стик, палома, влажни марамчиња, стегач за коса, штипчиња две големини по две, лимонтус, кутија со баклава, кутија со чајни колачи, шеќер од кафиќ , пенкала две, стик, тоалетна вода, крем за раце, антибактериски гел за раце... Се на се, само точакот упорно ми фали. Полжав из мај мидл нејм. Се свое со себе си носам.
Обично носам огромна ташна ама еве денес се погоди малку помала.. Во моментов носам мобилен, 3 упаљачи, цигари, новчаник, влажни марамчиња, крема за раце, некои карти и фискални сметки и книга
Освен книги,тетратки и пенкала, има и мобилен, слушалки за , влажни и обични марамички, паричник,очила за сонце, понекогаш шише со вода,мастики,гроздова маст и парфемче.
Новчаник,несесер со шминки,парфем,наочари за сонце(и во зима и во лето),чадорче мало,цигари,2-3 упаљача,влажни марамици,палома, 5 пенкала,коректор за пенкала,жвакаќи-зелен орбит,мобилен,полнач за лап-топ,вентор ,клучеви од дома и од колата.Уффф,толку.
новчаник, телефон, клуч, огледалце, кармин, сјај, пудра камена, влажни марамици, паломи, лабело, пенкало и тетратка (помала)... мислам дека тоа е се.
во ташната за на училиште носам многу книги и по некоја тетратка 4-5 пенкала (пола пишуваат пола зафркаваат) гума ,молив , некој тестови мали ливчиња за препишување,опрема за физичко,лабело,сјај,огледалце,чешел,палома,ханзаплас,новченик,кафетин менструал и понекогаш мал чадор за излегубање: мобилен,пари,чешел,шнолички,црвило и сјај
Лелеле па не сум ја чистила од дамна Вака, носам мобилен телефон, новченик,огледало, палома, карминче, римелче, пудро, руж, црно моливче, фискални сметки и глупатарии (сето ѓубре сум го собрала) апарат, псп, наочари за сонце и обични (оти не читам на далеко па за сваки случај ), парфем, дездоранс, клучеви, опаљачи 3 цигари една пуна едан празна, чешелче мало, лакови. Ејгидии добро што ја видов темата сега барем ташната ке си ја исчистам И после крив ни бил дурко коа бркаме пола саат у неа за клучевите да си ги најдеш
Последниве десетина дена ташната ми е во општ хаос ( не дека претходно беше под конец ). Во неа има повеќе пенкала, боички, моливи и маркери- отколку во цела градинка . Тоа е пореди испитната сесија што се ближи. Учам во читална, па мора да имам материјал за работа На ова би додала ситен комплет за корекција на шминката, шарфем, новчаник, мобилни телефони, огледало........Се’ ова се меша убаво и се добива хаос на две рачки