Денес носев помала ташничка со најпотребните работи - влажни марамчиња, палома, Орбит бомбони, паричник, сјај и телефон
Се и сешто, освен тоа што ми треба во даден момент. И многу ме нервира што повеќето ташни ми се со една преграда па кога нешто барам како барабанон од лото ја вртам.
Моите две телефончиња, кармин, сјај, чешле, парфем, книги кога сум на факс (скоро секој ден се килавам со нив), стило (ако не го заборавам ), и по некој аксесоар кој од брзање не сум го ставила на мене и сум го пикнала во чанта каде и ќе остане во текот на целото излегување
Во мојата ташна што нема.Незнам дали тоа е позитивна или негативна особина,но сепак имам сешто. Од мобилен,новчаник,фото апарат,мастики Hubba Bubba , сјај за уста,парфем(мал),пенкало,бележник,стегачи и шноли за коса,чечкалица,палома и влажни марамици,лекови,наочари за сонце,некое списание,кесе.Да не беше темава немаше ни да дозаам што се сум носела во ташната.
Во мојата има : мобилен,лабело,палома,паричник,фискални сметки,шишенце со вода/сок,пудра,влошки,апчиња(кафетин,аналгин,бедоксин),по некое малечко шноличе,клучеви...
Паричник, мобилен, пенкало, цигари, влажни марамчиња, палома, сјај, лабело, огледалце, парфем, орбит мастики, клучеви од дома...
па откако си ја изгубив најубавата ташна ( ) глеам што помалку ставри да носам, само неопходните како: цигари, упаљачи, влошка, клучеви, пари само онолку колку што ми се потребни, палома и некои ливчинња безврска од незнам кај и во моментов тоа е се, а може да се најде уште некоја ситница плус
Наградното прашање е ШТО НЕМА во мојата чанта. (Одговор: мумифицирано тело на бушман) Има: Чешел, огледалце, сјај за усни, лабело, црвен кармин, шноличка за итни случаи, влошка, мастики, цигари, упаљач, новчаник, искористени автобуски карти, фискални сметки од времето на дедо Ное, клучеви, пенкалце, резервно пенкалце, резерва на резервното пенкалце, некоја распар обетка, а едно време си м`кнев и коцки за јамб.
Оффф.. навистина што се немаа Клучеви од дома, клучеви од мотор, тефтер, пенкала, креон, римел, пудра , парфем , стик, палома, влазни марамици, разни флаерии, визитки и фискални сметки, 2 мобилни, ипод, слушалки , полнач итн итн итн
Зависи од денот. Денес и не ми е баш нај нај денот и затоа носам само паричник, телефон, гума за џвакање, клучеви и поштата си ја прибрав на излегување од дома па си ги носам писмата. упс и пенкало сум имала. пред некој ден ми се случи да ја носам само ташната
Што се не. Клучеви од дома, клучеви од кола, новчаник, кутија цигари, улошка(за сваки случај), сјај, кармин, пудра, лабело, руж, римел. Некое залутано пенкало, 3,4 упаљачи, посебно несесерче со лекови, влажни марамици, ролл он-че, парфемче. Од се по нешто Кога ќе ја фати мм ташната, следи стандард прашање- Колку кг ти тежи ташнава и како уште не ти се искривило рамото од неа?
Се обидувам што помалку нешта да ставам во ташна, многу ми е организирана, и ретко кога е тешка (само кога имам многу за учење, и премногу материал носам со себе). Секој ден треба по нешто различно да земам со себе, така да не секогаш може точно да се каже што имам во ташна. Но ако не носам книги, тогаш сигурно го носам индексот со себе, и една тетратка, паричник, малечка чанта со моливи (за математика) и сиот прибор, калкулатор, гума, острилка, 2 пенкала ( I totally feel like a geek right now :geek: ), крема за раце, мобилниот, по некој каталог, шминка речиси никогаш... тоа...