па најосновното : -огледало -лабело -кармин -пудра -палома -паричник -парфем -тампон -мастики -мобилен -стегач pozz
*Мобилните (двата ставена во една голема футрола -да можам полесно да ги најдам) *Цигари и запалка *Мастики *Сјај за усни (никогаш не носам пудри,маскари туш и сл. пошто и да ги имам во ташна исто како да ги немам т.е. не ги употебувам ) *Влажни марамици *Антиперспирант *Парфем Слушалките од телефонот, ханзапласт и чешел ако се работи за преку ден! ЕДИТ: Па како можев да го заборавам паричникот ?! И паричник си носам во ташната ( е, не без пари се шетам, па ако некој се смилува арно- ако не, пак арно )
мразам во летто да носам ташна така да нон стоп сум со мало ташниче за преку рамо или пликче а во него освен телефон,кармин и влажни марачиња ништо друго а да тука се и парите
Телефон (иако често во рака го носам), паричник, лабело, мастики, клучеви, паломи, огледало, слушалки за телефон, влажни марамици. Тоа е тоа во глобала.
Мобилен ,планер ,мало тефтерче(за син ми),разни моливи и фломастери ,наочари за сонце,несесер со шминки ,огледалце,влажни марамици,мелем крема,маст за убоди од инсекти,палома марамици,кутивче за секојдневни влошки,мало сетче за шиење (две игли и конец ) ,свис кард,метро (професионално од 5 метри со мала либела),мал штрафцигер,клучеви,понекоја мала количка,мал чадор,парфем(мало пакување),клучеви од сегде и секаде,паричник и мислам дека тоа е се
Влажни марамчиња, палома, крем за раце, пудра, креон, кармин, лабело, огледало, парфем, паричник, влошки, каталог, флаери, мобилен, мастики, стегач за коса, сите клучеви што ми требаат, пенкало
Па без чанта неможам да тргнам надвор, а во неа си ставам.. Хм па шознам. Мобилен, Новчаник, Несесерче(внатре си имам нешто шминки што ми требаат како моливче,карминче едно друго сваќате.. ), Влажни марамици, Парфемче, Клучеви и толку. Не ја оптеретувам многу ташната супер ми е вака, не ми тежи
Паричник, кутија цигари, мастики, бонбончиња, мобилен, огледалце, сјај за усни, шише со вода, џебен нож и некое шнолиште за косиштево.
Во ташната имам огледалце со чешелче , телефон ,причник ,сијајче ,две лабела ,клучеви и окнбони или сакази
А што нема?!?Свашта носам со мене,ко небаре за случај да не бидам киднапирана од вонземјани на излегување. Моментално имам од влажни марамчиња,паричник,клучеви од дома-х2,лабело-х2,рексона,пенкало,шнола за коса,стегач,фискални,книвче од чоколадо зашо вчера немав кај да го фрлам,витамин б6,еден парацетамол,едно паковање од влошки со две влошки во него (за секој случај),лепеза и два бонбона со многу кофеин, пасошот и осигурувањето. Тоа е од прилика и постојано што ми се наоѓа во ташна без последниве две,а освен тоа и мобилен,понекогаш и моливче за очи,зимно време обавезно паломи,а и често паричникот на дечко ми и клучевите од кола.
За излагање, новчаник, клуч, мобилен и лабело, и ханзапласт(за секој случај).... Ама за на факултет... А не, не би набројувала... Само уште бомба ми фали, се можно...
Клучеви од кола, од дома, од канцеларија, од бирото и шкафот од работа. Мобилни телефони. Новчаник. Влажни марамчиња. Палома. Римел. Лабело. Слушалки. Наочари за сонце и футрола. Шнола за коса. Ваерлес стикче. Пенкало. Лепеза.