Баш сега е до мене чантата денес што ја носев.Еве што има: Мобилен,клучеви од дома,паломи,книшки од сладолед,мастики,новчаник со пари,полнач,слушалки,дезодоранс,сјај за усни,фискални,дигитален апарат,влошка,влажни марамици.Е тооо..
Мојата чанта скоро секогаш наликува на ранец за преживување . Носам буквално се и сешто. Ама според мене потребно. Моментално во неа имам палома, влажни марамчиња,сјај, лабело, новчаник,мобилен(моментално без денар кредит),чадор, мастики, огледалце, чешел. П.С Ако носам штикли во ташна обавезно си носам ниски сандалчиња
несесер со малку шминка, парфем, чешал. огледалце, влажни марамици, паричник, мобилен, крема за раце . па во принцип тоа го носам со мене постојано
Па зависи од тоа каде одам и колку планирам да се задржам. Ако излегувам на саат, два носам мобилните секогаш, паричник, сјај, палома и влажни марамици. Кога знам дека ќе се задржам повеќе, а и ќе одам на повеќе места е тогаш носам освен ова пудра, парфем, маскара, обетки (може ќе треба да ги сменам) огледало и црна сенка, а да и секогаш со мене носам четка и паста за заби кога сум излезена долго време.
Баш-што нема, а не што има! Мојава ташна е "све свое со себе си носам", како полжавчињата. Да можам куќата на рамо да си ја ставам и да си ја носам со мене... Свашта има: паломи, влажни марамчиња, лабело, mp3 плеер, плус слушалки за мобилниот, значи кабли едно чудо и све се уплеткува во нив! Има по некоја тема за семинарска со барањата, има платнено мараче, обавезно шишенце со вода, ножички, хефталка, новчаник кој наликува на подвижна аптека-лек за секоја болка имам! Понекогаш си носам и некоја скрипта, онака за да не ми е празна ташаната! Составов варира во зависност од околностите...
Значи најгрдо нешто секое сабајле ми е префрлањето на сите тракатанци од една ташна во друга. Прво го префрлам новчаникот, па футролата за наочари, СЕКОГАШ си носам чадорче нотесот, еден клуп клучеви, палома и влажни марамчиња, мало несесерче со шминки, дезодоранс....и плус секогаш остануваат низ ташна да ми се мотаат фискални сметки, хартии од мастики... Значи не сум била единствена што има хаос низ ташничката (и секогаш по нешто заборавено во другата ташна)
Ѓубренца, зошто нема канти некогаш во близина, па се трупам во чанта Прво, мобилен, клучеви, палома, влажни марамици,шише вода, кармин, лабело, мини рексона, огледалце, паричник + бапско минијатурно чантиче за ситни пари и турпијата за нокти и наочари, во зависност од временските (не)прилики.
Во мојата чанта може да се најде од се по нешто...мобилен, парфем, пудра, креон, римел, сјај за усни, стик рексона,огледалце,слушалки за телефон(обавезно), паричникот и шише со вода!
Дури студирав во мојата ташна имав триста тракатанци, уште на попот шапката фалеше да се најде во неа А, сега пошто уште не сум вработена и сум повеќе дома, во ташнава еве баш сеа гледам и имам: несесерче со шминки, влажни марамици, мастики орбит, фискални сметки бог знае од кога тука стојат хахахаа, новчаникот, визит карти, шнолички за коса, мобилниот, пенкало еве гледам и се чудам од кај се нашло тука клучеви и едно смачкано шери бонбонче... А, иначе пред 3 месеци се откажав од цигари, а претходно бев толку навлечена на vogue slims цигари, што кај и се спремав да одам,прво гледав дали ги имам тие во ташна...па после друго ставав
па вака.... мојава ташна во моментов е во хаос има шише кока-кола,некои сметки,моите наочари,наочарите на дечко ми,новчаник со ич пари ташниче со клучевите,цигари несесер со шминки и апчиња полњач,телефон,тевтерче и пенкало
Мислам дека подобро е прашањето : А што нема?! Епа вака: има новчаник, футрола за наочари, футрола за наочари за сонце, футрола за телефонот, слушалките од телефонот, Еclipse книгата, дезодоранс, парфем, влажни марамици, палома, влошка, несесер со козметика, две пакетчиња Орбит мастики, клучеви од дома, тевтерче, пенкало, пакетче ментол бонбони и тоа би било се!
Сега моментално преовладува хаос . Хаос од хартивчиња , кои утре ќе ги фрлам , не можам денес . Имам лабелце , сјајче , новчаник , клучеви од дома , мастики орбит и тоа валда. Голема е ташната и не се гледа баш што се има
аууу исто и кај мене обавезно може да се најде ѓубре и фискални сметки... другово е горе долу исто и кај мене влажни марамици, маскара, лабело, пудра, марамици, новчаник... и памперс скоро во секоја чанта ми се наоѓа памперс, некоја цуцла, и облека за син ми.