во мојата чанта има сенки ама така малечки, има кармин, обавезно огледалце, новчаникот со пари и некои така други ситни работи
Во мојата чанта секогаш носам: кармин, лабело,огледалце, сенки, моливчиња, по некое лакче,новчаник,полнач за телефон, тефтерче и пенкалце обавезно, ластичиња за коса, дезодоранс, ролон, влошки,влажни марамици, паломи, клуч,по некое апче, крема за раце, мастики, очила за сонце, чадорче обавезно...
Во мојата ташна секогаш има: Чадор, несесер со шминки, влошки, палома шамивчиња, телефон, новчаник, клучеви од дома, пенкало и нотес, таблети и то
Во мојата чанта има новчаник, клучеви, мобилен, влажни марамици, пенкало, 2-3 кармини, лабело, неколку стуткани фискални сметки , мал несесер со шминки, огледалце, очила за сонце, мастики, крема за раце.
Сабајле го правев баш муабетот што се има во чантата, сваштарија Несесер со шминки, антиперспирант, млеко за тело, влажни марамици, некои обетки се мафтат, апчиња, полнач, стегач за коса, клуч, мастики...и уште други ситници
во мојата чанта има :несесер со шминки,парфем,новчаник, мобилен телефон и по некоја играчка од керка ми хехех
Женска чанта.. и се е можно Јас имам паричник, мобилен телефон, фискални сметки ( обавезно!) крема за раце, кармини, лабело, огледалце, мастики, пенкала и нотес ( за на факултет ) , понекогаш парфем - зависи од ситуација.. па веројатно не заборавив нешто
Ima od se po nesto Pokraj novcanik, ogledalce, krema za race, parfem, vlazni maramici, labelo, mastiki ( zadolzitelno po 3/4 paketcinja orbit ), mobilen...Mnogu cesto zalutuvaat i obetki, lancinja, troski kako leb da sum jadela vo nea pudra, snoli, upaljaci (nepusac sum) ...Ednas na rabota koga ja orvoriv tasnata si ja najdov pizamata vnatre Sto da pracam stanuvanjeto rano mi e najgolem kosmar
mojata canta moram iskreno da kazam deka e polna so fiskalni smetkipa koga mi gi davaat od market nemam navika da gi frlam pa vo canta i taka osven toa novcanik,parfem i palomi
Мобилен, новчаник, балсам за усни, крема за раце, влажни марамици, палома, чадор иИиИииИиии пунч со кокос Cause it's Monday bitch!
- Паричник -цигари и запалка - маскара, балсам за усни, коректор,пудра, крем за раце -пенкало и тефтерче -влажни марамици влошка палома -парацетамол аналгин - ливчиња од спортска - полнач и слушалки
мобилен,паричник,мало несесерче со сјај,кармин,маскара,камена пудра,моливче за очи,влажни марамици,мастики,полнач обавезно и слушалки.
Два клуча, мобилен, новчаник, дезодоранс, влажни марамици, крема за раце, лак за нокти, кармин. Полначот секогаш заборавам да го ставам во ташна.
Новчаник, пари, еден тон клучеви, кармин, лабело, огледалце, моливче, нотес и пенкало, влошки, паломи, влажни марамици, цигари и 2-3 запалки, полнач за телефон, сметки - платени, неплатени. И посебна торба носам за кучето, затоа што си го носам в канцеларија, и таа е динга полна. Плус ранец со лап топ. Плус кучето. Циркус сум.
Новчаник клуч тетратка несесер со пенкала и маркери чадор мантил мастики несесер со шминки цигари и запалка
Еден куп пенкала, фломастер, тефтерче, чадор (и зиме и лете го носам)... паричник, фискални сметки кои чекаат ред да бидат колективно исфрлени .. дезодоранс, лабело кое никад не го искористив, ама.. нели го купив