Молив , две пенкала ( едно сино и едно црно ) , коректор , гума , острилка , мало триаголниче , калкулатор , шестар .
Во основно носев се и свашта..дрвени боици, фломастери, моливи, пенкала во разни бои, острилка, шестар, агломер, тријаголник. Додека пак во средно носев само две пенкала во случај ако едното престане да ми пишува да го земам другото
Искрено, и јас не носам прибор. 2-3 пенкала понекогаш повеќе, како ќе дојде, и молив за математика и ликовно. Нафрлани ми се низ страничните џебови Јас за тетратки место немам, а не пак прибор. А од моево одделение уште носат цел новчаник, од оние првоодделенските, внатре моливи и гуми 5-6, едно до две пенкала, и боички и фломастери И уште „р“ ја пишуваат како првооддленци, и другите букви со опавчиња насекаде, ми се повраќа кога ги гледам. Толкави магариња, а како прво одделение да се. па уште и најјаки фраери се прават. Добро, добро, одлетав офтопик.
Јас само едно пенкало носам и тоа понекогаш. Што ќе ми се само да ми тежат.. Ако немам децата ми даваат, а ако и тие немаат или недаваат не пишуваам (а понекогаш и кога имам пенкало не пишувам)
Кога бев основно имав водени бои, моливи, пенкала, четки за боење, туш, гуми, острилки, коректор, темперни бои, мрсни боички, фломастери, обични боички, линијари, шестар... Во средно имав неколку пенкала и моливи, гума, коректор, линијар, шестар. Сега имам само пенкала, молив и коректор.
Ако сум на факултет, јас уште си имам училишен прибор Носам два-три сета боици, два ленири, 5-6 стила (сино), уште толку во боја. 2-3 моливи, гума и режало.
10 вида на моливи, тенкоминец, пенкала, маркери, боички, шестар, гума, острилка, моливгума, рапитографи, туш, коректор, скалпер, лепак, спојувалки за листови, линијари, табла за цртање А3 формат, хамер хартија, канцелариска хартија, индиго хартија, скиц хартија, летрасети, шаблони.... И сето ова треба од понеделник до петок да го носам... ова е само приборот.... Како камила сум по автобусите....
Зaвиснo oд денoт. Некoи денoви сo рaцете вo џеб oдaм нa чaсoви. Мa дa имaм еднo стaрo, искинaтo, нoстaлгичнo прибoрче вo кoе штo имa неквaлитетен прирoден јaглен, пенкaлo, технички мoлив и гумa, a ни јaс не знaм кaкo, нo се нaшле и некoлку длетa тaму. Кoлку дa не биде леснa тaшнaтa.