Календар од БиМилк, празно шише Пелистерка со по некоја монета внатре, Адидас тоалетна вода, очила диоптерски, скрипти по физика, скрипти по стоматологија..... изгледа само јас не учам пред компјутер.
Аквариум со риби, нес, безброј расфрлани цд-а, уметнички неред пенкала, моливи, тетратки и останати тракатанци од истиот вид, неколку постери на заборавени херои, мало купче на сувенири прибрани од неколку локации во светов и останати џиџи миџи кои со своето минорно значење не го заслужија местото во овој пост.
безброј наливи , мобилниот , звучници , слушалките , шише со лимонада , крем за лице garnier , книгата ,,Нечиста крв ,, весник Нова Македонија , перницата со навлака на Барби , полнач за телефон , плави обетки ..
Телефон, чаша од вчера од цеден сок, чаша со вода, чаша со пиво, шише со пиво, алки, спајалици, две пенкала, пост ит, звучници, изедени бејк ролс(тоа кесето), цигари, упаљач и едно такво ко торбиче полно со разгледници
Окулу мене има плишано зајаче,рамка,пенкала,моливи.кутија со шминки,кутија со бетки,една тетратка во која си запишувам се што ке ми падни на памет,мобилниот,слушалките од ком. и толку
Ќе ви опишам,ама не кажувајте на никој! шшт! Па вака:мобилен,полнач,празна паковка од овошен јогурт,ц-витамини,лабело,мастики,лак за нокти,огледалце,дезодоранс,две цедиња незнам од што,2 играчиња од киндер јајца,фломастер и три стила Ова е само на биро...на дофат имам и други глупости,ама ајде да не се срамам повеќе.Дури да си легнам се ќе средам верувајте,не можам да поднесам неред
Само бирото, зошто опасно би било се да пишам Несесер, скрипти, тефтер, пенкало, ножици, кутија за цд, ќеса, огледало, отворена книга, пари, обетки, влажни марамици, лепак, чаша со пенкала, крема, шише вода, пепелник, некои украси, елката, да, да уште стои, неколку шноли, сјај ...
па...... мојот мобилен заедно со слушалките,мобилниот на сестра ми,диг.фото апарат,преобрнатиот фулџан на сестра ми спремен за гледање ,огледало,некои ситни шнолчиња,книга,празно кутивче од зелен чај( го потрошив),моите две љубени разгледници од Дубровник и Романија,магнетче во вид на срце со мостот од Мостар,шишенце со вода и неколку цд-ња
Тетратки испишани и допрва испишувани со грдава математика, украсна кесичка што ми стои на биро од пред две недели, ама убава ми е бе кога ја гледам си се радувам поклон ми е и не ја тргам, два телефони, шише Роса од пола литро со уште малку вода, шољи од кафе 2 и тоа, цедиња некои без везе што би требало да бидат во историјата, црна шнола за коса, куп салфети, тегла мед полупразна и мониторов што го гледам од 3 саат денес !
Неколку рамки за слики, кутија за накит, уште една поголемка кутија за ситници ( која ми е многу драга бидејќи ја добив на поклон од блиска личност ), мусли од лешник и орев, две шолји од кафе, две чаши од сок, мобилниот, прибор за маникир, карти, кутии со цедиња, ташнички за вечерно излегување.
Што нема околу мене подобро да пишувам Околу мене има ... Мојов папагал , парфем што мама ми го купила, капутот, шал, алкохолот за лице , бејк ролс, чаша со чај од брусница ( во тацната има и лимон ) , индекс, книги, филмови, перничиња, пешкир, мобилните, полначот за комјутерот, маус, алиштата што ги соблеков кога си дојдов дома, книги за читање не факултетски етсетр. Ова се од мојот кревет ке оди на земја. Ама сега ме мрзи. Тоа кога ке си легнувам. А утре дополнително ке средувам.
Пред мене компјутерот и сите тракатанци на бирото, што неодамна за да ги намалам купив мали фиокички, па повеќето ливчиња, забелешки, флаери се во него, имам околу мене неколку рамки за слики, кутија за накит, па уште една малечка стаклена, мали запалени свеќички,за да ми биде попријатно. Од лево ми е телевизорот, од десно ми е плакарот, а позади е креветот во кој за кратко ќе се испрузам! Над мене се три полици со парфеми и украси, на кои висат обетки и малку ми наликува на џиџимиџарница собава, ама ај! Во весели бои е и ме прави опуштена.
Некои писменца на сестра ми , слушалки и мобилен, фиксен, 537281538721532 моливи боици фломастери, тефтерче мало.. 10 денари и тоа
околу мене има рутер,2 звучника,камера,мобилниот,цд со филмови,2 икони,водени боици и четки чај,чаша вода,ножици,речник, покана за свадба и тоа би било се