Соларници (две гушнати духчиња), ептен ретро лампа, книги (многу), два лака, банана и држач за фотографија во форма на глувче (кристално), цд. од Диана Крал.
Прилози за наставата по литература, тетратка математика и латински, AVON super SHOCK mascara, GOSH roll-on и Orbit, ама празно. Тоа ми е најблиску.
огледало, телефон, Starbucks-чаша полна со пораки кои ги даваат со кафињата во кафичите , книга-Ангели и демони, пенкало, свеќа.
пред мене -лаптоп,рум плочки,моливи(многу) до мене комјутер,модем,глувче (кое не е преклучено ) креветти..и уше шо не..
Бидејќи сум на кревет.. Пред мене лаптоп, пред него перниче мало мекичко и зеленко, до мене, листови, листови, книги, маркери во најразлични бои, моливи, пенкала...под некој лист се наоѓа мојот телефон, кој е исто така приклучен во струја, се полни...и позади мене, пред креветот има...штиклици. На масичката до креветот..имам 4-5 чаши, и едно чоколадо, нажалост, изедено. It's such a mess. :geek:
Пред мене е мојата омилената шоља за кафе. Само од неа си пијам на работа и таква омилена си имам и дома. Стои секогаш до тастатурата и секогаш ја пазам да не посипам нешто и секогаш истурам де. Но не би била јас-јас, ако не направам такво нешто. Мониторот нормално ми е пред очи, доволно близу за да видам се што пишува пак и ситните букви, пошто со месеци не одам да си ги земам цвиќерите за читање, а без нив ко љиљак сум. Десно од мене имам несработени документи од кои читам, лево ми се поминатите со печат од мојов показалец. Од левава страна на ѕид имам белешки, кои секогаш ги лепам демек да не заборавам нешто, а ги немам нити погледнато, бидејќи си памтам се по ѓаволите ко слон да сум била во минатиот живот. Тука лево ми е и календарчето убаво со цветчиња и пеперутки на кое ставам иксови за секој настан, прес, конференција што сме ја имале и ќе ја имаме. Лево имам и сончоглед, секогаш имам за кога се нервирам или ми паѓа концентрацијата да си го истурам бесот врз една две семки. Позади мене е сештологија секторот, со фиоки со хефталици, лепаци, фломастери, табаци, меморандуми, врагови и чудесии напикани на сите страни, али си знам кое каде си е еј, да се разбереме и книги џоа мити ќе се расчитам за природата и животинскиот свет дур сум на работа. Имам едно пакетче овесни колачиња си стои си се гледаме некако кисело, ни мене до него ми е, ни него до мене. Активија една и две портокалчиња исчукани од сите страни. Немаше поарни. Така да си знаете тоа е тоа.
Моментално сум во библиотека (не седнав на компјутер да ги проверам новите мислења на фемина, еден превод ми требаше ) И околу мене има други клупи, други компјутери, студенти седнати (на фб). Една што е близу до мене не можеше да се вордржи а да не се смее на глас, кујзнае со кого се читка, а мене позабавна ми е фемина отколку е.buddy.
Моментално пред мене има доста рамки со слики од мене и од сестра ми има доста книги парфеми една шојла кафе за мене пенкала премногу и списанија
Мобилниот, пенкало, слушалки, аа уште едно пенкало, уесбе, еден куп листови, клуч , а и уште едно уесбе , чорапи , камера, и две тетратки
модем,глувче,звучници..камера..учебник по македноски,рачен часовник,мобилниот и слушалките на него,а да имам и слушалки од компијутерот,кутија за цедиња,книга од библиотека,жолт маркер и шнолка голема ииии селотејп ))
Многу има : печатач,марамчиња,слика, белегзија,2 шишиња ладна вода, 2 модеми, 3 речници, мобилен силотејп,бели листови за печатачот, икона, скалпер, еден куп пенкала, слушалки,камера,маус, тастатура, монитор...
хммм.. мобилен, сокче, уште еден мобилен, па уште еден, далечински управувач, масичка, списанија, книги, пенкало...
Мобилен, па уште еден мобилен, шише-сок, чоко стоби флипс, книгата што цел ден само ја гледам-а наместо тоа треба да учам, телевизор, ацетон, лак за нокти и лаптопот
Парфем, лосион, дезодоранс, даљинско од тв, едно штипче, една шнола машна, тањирот цреши што јадев и семки од црешите.
Уф, хаос.. Компјутер, речник, скрипти, мноооогу книги, наочари, шише со вода, парфем.. (испитна сесија )
Шумливи таблети, кантичка крем, многу книги и тетратки, дигитрон, пенкало, шише со вода, семки од цреши, новчаник, бисквити, пари ..
Монитор, печатар, маус, 2 модеми, книги, 3 речника, филџан кафе, бисквити, 2 мобилни, далинско, сјај за уста, лак за нокти...