Прво што ми е на дофат е чаша со ладна вода и тањир (поголем) со лубеница.Инаку тука ми се и телефоните, usb-то, mp3-ката,книгата “Сок од простата“, плишеното мече, табла за играење, гитарта, мачето ми трче низ собата... и тоа гледам сега за сега
Еее, сега кога ќе ви кажам што се има околу мене, ќе се уплашите:чаша од испиено нес кафе, празно шише и чаша за вода, мобилен, ножици, некои документи, книга, пижама, фолија од изедено чоколадо...
Мојот најубав лаптоп,под него такво од икеа за држење лаптоп, под него најубавото биро што може да го посакам, после зад лаптопот мини фиокички за на масичка во кои чувам шпенагли, хартии лепак итн итн, календар , после чашки за моливи, после радиатор, после сид со тапети... Зад мене кревет, од моето десно тв и полици со книги од моето лево огледало и шефоњер
Карти, пенкало, мобилен, свеќички, канта, фломастери, пенкала, камерата од пц.. Прееска чистев, иначе ќе имаше и повеќе работи..
Во моментов пола фрижидер ми е пренесен пред бирово во комбинација со Газоза и гумени бомбони харибо.
Вака: тоалетна хартија, пиштол на вода, тефтерче, тањир, чаша-термос, кутија за наочари, усб кабелче, мали свеќи, плава пепељара, огледало, канта, и такво за пенкала, моливи и боички.
перници на сите страни има во собава и слика од татко ми во млади години ( војник ) .. си ја обожавам сликава
Слушалки за пц, 2 читачи за мемориски картици, Но-Дол крема, чаша од вода, телефонот, некој без веза ЦД-а, со нозете го клоцам печатарот...
Две перничиња, едното е плаво, другото ми е подарок за роденден (розево со пеперутче ). Уште едно перниче во форма на јагода, исто подарок за роденден ( ). Уште еден подарок, мило меченце, од дечко ми . Ќебенце, влажни марамици, телефон и ако се смета, над глава, на прозорецот имам млеко за тело, спреј за тело и палома.
Стик (usb) , приврзок кученце и некои си листови брат ми што печател нешто. ... После имам друг приврзок, па една белегзија која залутала на бирото, мојот рачен часовник (убавион он на дада) , ладало, мобилниот телефон (мојот) и тоа е се’.
Кока-Кола,Стоби Флипс,Медени Срца,Рачен часовник 1,2,3,Кибрит(што ли бара тука коа неам пороци),Камера(само аматерски снимки,жива природа,Слушалки,Наочари...
Телефон, апарат и полнач за батерии, 3-4 чачкалици, усб, тетратка со филмчиња, 15 лака, кревет натрупан со алишта, едно чорапче(другото не ми е во видик), црн најлон, фен и две свеќи.
Моментално кај шо седам има принтер,часовник,дигитрон,билтен од вил хил книги,пепелник,селотејп,штрафцигер(???),чадор и милион дрангулии да не набрајам
Од лева страна: слушалките, мобилниот, звучниците, ночарите, чаша со моливи и наливи, и секако знаменце од FC Barcelona Од десна страна: другиот звучник, белезица од Барса, плишено коњче, и чаша со мали цветчиња Пред мене: компјутеро нормално Зад мене: кревето
хаха што нема речи,слушалки,маус,кубети,наполитанки,некое си друг благо,кафе,перница,тастарура,далечинско ,телефонот и.т.н
Еден куп непознаници со збунети, намуртени фаци, лаптоптот на колена, хард диск кој ми вибрира, пасош, крекери, книгата за Ганди, кока кола.. и јас..