Што им е потребно на младите за да останат во Македонија?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 25 ноември 2019.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од големиот бран на иселувања и празни ветувања, решив да отворам тема каде што може да кажеме што е она што ни треба за да останеме во Македонија. Сведоци сме дека не се иселуваат само млади кои се невработени, туку и доста добро ситуирани. Според мене, покрај големиот процент на младинска невработеност (највисока во Европа :x), голем број млади се иселуваат и поради ограничените можности за остварување на кариерен план, малите плати, непотизмот, менталитетот... Искрено, средината не ни е здрава за живеење, апатија има во општеството и тоа е демотивирачки фактор. Па упатувам конкретно прашање, особено до младите: Што е потребно за младите да останат во Македонија?

    Ќе наведам нешто што јас сметам за себе. Потребна ми е функционална држава која ќе функционира без поголеми потреси и радикални промени. Сакам владеење на право (и како правник и како граѓанин), зашто темелот на едно општество од таму се гради, не сакам криминалци да ми се шетаат. Потребни се универзитети и други образовни установи каде што квалитетот на образование ќе биде повисок од сега. Би останала овде ако ми се вреднува трудот и тоа што сум учела. Треба и културна нација, не менталитет ти реков - ми рече. До конкретни потреби како студентски град, библиотеки, повеќе места за забава, квалитетни емисии на тв, можеби место каде што ќе можам да учам на ниво соодветно на моето знаење...
    Што е она што вас би ве задржало овде? И дали мислите дека како млади можеме да направиме нешто во врска со нашите потреби?
     
    На supergirlmb, Damata so marama, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    26.652
    Сеа кога ќе се замислам, ништо не би ме сопрело да се иселам и ништо не би ме предомислило.
    Ако почне да се менува се, ќе треба барем 100 години.
    Од: култура,бон тон,чувство за чистоќа,манири,подобро здраство,подобро образование.
    Да нема вработувања со врски,да нема прости луѓе кои си даваат големо значење пошто имаат силен грб.
    Некои работи во системот може да се сменат.Но, луѓето,такво лицемерие,злоба. Е тоа не се менува.
    И не дека на Запад го нема ова,го има, секако.Но, барем не се толку затупавени како тука па да се замараат што туршија ќе ставам.
     
    На Gosh, ku4ence, mari_sa и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.307
    Допаѓања:
    28.826
    Пол:
    Женски
    Најпрво од сè: менталитетот. Ма не знам каква да ни беше државата, со спејсшипови и летечки коли, не би можела да опстанам во држава каде виреат размислувања од мрачните времиња, или каде секоја втора будала со пристап до интернет осеќа слобода да пишува дегенски коментари на фб постови, од труење кучиња, па бесење хомосексуалци, па клетви до политичари, па оправдување силувања итн. Постоењето на вакви појави во државата ми ја одзема енергијата и мотивацијата и едноставно не сакам да делам воздух со такви луѓе. Не ми е гајле како звучи ова, ако читаат луѓе кои се пронаоѓаат и ако стварно се загрижени што заминува младината нека знаат: примарно заради вас сакам дамла да фатам, не сакам во ваша близина да опстојувам.

    Второ: непотизам и корупција.
    Можеби јас ќе успеам со сопствен труд и знаење бидејќи никој тоа не може да ми го одземе. Ама како да имам мотивација за тоа кога знам дека Трајко од мој клас исто ќе постигне ко мене ако не и повеќе, само бидејќи е син на не-знам-ти-кој. И ова не е напамет научен муабет, се случило досега милион пати пред мои очи, и не можев ништо да направам, многу нормално. А што да направам? Да пријавам корупција? Од кај да знам дека тој што ќе ми дигне телефон не е вујко на Трајко? Најверојатно и е, бидејќи вработените во државно се менуваат со секоја смена на власта. И зошто јас да сакам да се треснам од земја за да создадам нешто за себе, кога Петко ќе си извади партиска книшка и само по себе ќе му се создадат работи. Ќе речете, си го задржуваш достоинството, ќе ја имаш гордоста да кажеш дека сама си успеала, ама знаете што? Не сакам. Не сакам тешко да заработувам дипломи кога некој друг има можност да ги добие гратис, не сакам да се влечам по интервјуа и да импресионирам работодавци кога неспособни будали ќе ми бидат колеги или уште полошо, ќе седат на мое место. А најмалку од сè сакам да бидам дел од таков систем. Ма каков дел, не сакам ни да бидам во присуство на таков систем. Пак, ако старите се прашуваат зошто со одат младите, нека знаат: кога синот на газдата ќе треба да оди на интервју исто ко мене, тогаш ќе размислам дали да останам тука. Дотогаш, toodles.

    Трето: животниот стандард. Имав професор (чијшто секој втор муабет му беше за тоа колку е против иселување), и тој често настапуваше со аргумент: Младите се алчни, никакви, си одат од родната земја за пусти парички, ненаситници, само повеќе сакате.
    На тоа имам да кажам: Да, алчна сум. Сакам повеќе. Фак дет, сакам мнооогу повеќе. Ако не друго сакам да имам шанса да создадам нешто, а со ебени 300, 400, па и 500 евра на месец што попрво да направам. Сакам да го искусам цел свет. Сакам да можам да заштедам доволно за да имам квалитетно високо образование, сакам да си платам убав комотен стан или куќа во која ќе се радувам да се разбудам секој ден. Сакам поглед на Менхетен од 10 спрат океј? Сакам да одам во Тајланд секоја година да јавам слонови. А зошто да не сакам? Ако тоа значи да морам да ја напуштам дупкава во која си дереме кожа за 300 евра, тогаш тоа и ќе го направам. Нема сигурно да си го фрлам низ прозор единствениот живот за да придонесам државава да просперира. Државава две летечки гомна не сака да даде за мене, зошто па јас би давала за неа.

    Цела да е. :inlove:
     
    На FridaKahlo, fast_and_curious, Feminka192 и 27 други им се допаѓа ова.
  4. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    За младите да не бегаат од нашата земја сметам дека треба да им се обезбеди поквалитетно образование (не некои Кембриџ програми во кои имаме повеќе слики во учебниците отколку текст), практични вештини во текот на наставата, повеќе платени пракси.
    Еднакви можности за сите младите да имаат пристапност до работните места само поради квалитетите кои ги поседуваат, образованието кое го имаат (формално и неформално) и нивните вештини за да ја вршат својата работа. Младите имаат изгубено доверба дека при некој конкурс би имале реална можност да ја добијат работата која ја посакуваат баш поради сите случувања кои ги имаме во нашава земја.
    Напредување во кариерата по заслуги сведоци сме сепак дека на секој чекор фрштат врски и дека децата на мама и на тато ќе ги земат работните места за кои не се квалификувани.
    Здравствен систем искрено да имам деца не би сакала да ги лекувам тука. Состојбата во здравството ни е ужас. Здравствени установи крш, квалитетен медицински кадар нема да речам дека го немаме. Имаме медицински кадар, но оној квалитетниот ни замина надвор во неповрат да работи во здравствени установи за поголеми плати. Останавме тука со за нигде доктори. Или тие што останаа квалитетните, заминаа во приватен сектор здравство повторно подобри услови за работа и некоја илјадарка плус (да бидеме искрени многу влијае да имате некоја 1000ка плус во денешно време каде што се е скапо). Приватен сектор во кој ќе се изнафрламе илјадници денари ама барем ќе знаеме дека сме здрави. Смачено ми е како млад човек да одам на лекар и да ми викаат не знам што ти е. Или не дај боже да дојдам до ситуација што си чекала до сеа.
    И како последно сакам да наведам пари. Ми треба сега да живеам додека сум млада, а не на 60 години со пола откажани органи и немајќи сила и волја да шетам негде чекајќи да одам во пензија. Ова се моите причини заради кои ќе си заминам од земјава.
     
    На Damata so marama, mime87, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    52.981
    Пол:
    Машки
    Сум имал многу шанси да отидам, никогаш не се решив.
    Единствено нешто што би ме натерало да ја напуштам вукојебинава е дете. Не би сакал да го живее животецов што сите го живееме. Образование никакво, здравство бетер и ред други работи што се у ранг на Занзибар.
     
    На Damata so marama, SeaMermaid, Annora и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    1. Поголеми плати за секој сектор буквално.
    2. Да нема политиката толку голем замав во се (вработувања и не знам ти што).
    3. Да не е се со врски. Секаде све изнапикано со фамилии и фамилии, никој друг пристап да нема до работни места. Со поколенија чуваат места, не значи дека ако прапрапрадедото се вработил, дека сега и на сватот шурнајката од 3 братучетка треба баш таму да е пикната. |(
    4. Поквалитетно образование, здравство и повеќе квалитетна работа во јавна администрација, а не они уште у 2 не работат, клати врата, зимај плата, најбитни институции не работат ништо, све пропаѓа, умрени луѓе уште се водат дека земаат пензии, инвалиди не добиле инвалидска пензија и 300 брука ситуации за државава.

    Има уште работи ама ај, да почнат од некаде добро ќе е.
    Иако засега немам план у кој размислувам да се иселам.
     
    На Damata so marama, candy.cane, SeaMermaid и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Повеќе работни места кои не се зафатени од нестручни лица,вработени не со диплома - туку со врски.
     
    На Herrera, SeaMermaid и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.711
    Допаѓања:
    169.749
    Домашно воспитание и дисциплина- или со други зборови поинаков менталитет.
    Ко ќе бидат сите дисциплинирани и воспитани, ќе нема врски, ќе се напредува според заслуги, секој ќе си ја работи работата.
    А кога ќе биде тоа?(waiting)
     
    На Herrera, Damata so marama, andrejko82 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Правда.
     
    На SeaMermaid и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  10. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.992
    Пол:
    Женски
    Менталитетот.

    Погани сме. Ако сме на висока позиција веднаш гледаме со потценување на работникот, како нешто многу подолу од нас и како едно парче месо со раце и нозе што максимално треба да се искористи. Ти претставуваш машина, треба да завршиш многу повеќе од што е човечки возможно. И покрај се ќе се плука на тебе. Ретко ако воопшто некогаш добиеш некоја пофалба а камо ли пак награда која ќе те мотивира.

    Ова го пишувам од личен аспект и лично искуство. Те гледаат млад, брз, со поиздржливо срце и тоа како го искористуваат тоа, да може максимално ќе те исцедат. Кога престанав со работа, болна паднав. И пак не чиниш.

    Летоска ќе пробам во Германија, да видам што мустри ќе се таму. Ако и таму се вакви кревам раце од човештвото.
     
    На FridaKahlo, Purplelilac, Quincy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.406
    Пол:
    Женски
    Ќе почнам од домашно воспитување: Родителите да ги учат децата на почит, бон тон, култура...
    Образование:Во средно младите да си ги одберат сами предметите кои си сакаат да ги учат.
    Здравство: Да се изградат нови болници и да се негуваат истите, редовна дезинфекција каква што треба, а не со џогер од пред 100год да бришат под само со вода ко мачка со опашка да прошла.
    Политика: политичарите да не лажат, да не ветуваат празни зборови и да се борат за народот, а не само за себе.
    Менталитет и културни вредности:
    • кон средината: Народот да не ја загадува околината и да ги почитува законите, доколку не ги почитува да има строги казни.
    • кон другите: помалку завист, повеќе љубов, добрина, а не негативни и зли мисли.
    • кон себе: да се негуваат секој ден! (еден туш на ден да е задолжителен!)
    Работа: Минимална плата 1000 евра, а цените да останат исти.
    Работно време 7 часа, викенд слободен за сите, освен угостителството (кафулиња, ресторани) кои би имале бонус во плата.
     
    На Damata so marama, candy.cane, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Ни требаат неколку века само за да се приближиме до тоа што го напишавте погоре, а се' си е на место.
    Океј, освен ова. За свет без инфлација мислам Томас Мор пишуваше. :wasntme:

    Во овој живот значи... ништо.
     
    На GoodGirl45 и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  13. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.406
    Пол:
    Женски
    За жал... она што го пишав е премногу совршен живот за нас напатени македончиња со исклучоци на крадците кои не испокрадоја и сега си живеат живот. Знам дека нема да се случи вакво нешто, освен ако не се смени целиот политички систем... машта ради свашта :)
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Искрено да ми се укажи некаква шанса веднаш ќе си заминам од тука..
    Како прво нема никаква љубезност меѓу луѓето, на секаде те следат што правиш..се замараат со туѓите животи премногу, а не го гледаат својот. Секој чека само да згреши човек и да го озборуваат.
    Местата се мали у мк и секој се замара со секого.
    За платите и работата да не зборувам воопшто. Не ми се допаѓа воопшто менталитетот на луѓето..како да се заостанати у 20 век со паметот.
    Немам коментар ..Имам 21 год. барам и чекам прилика..и веднаш заминувам.
    Ионака работите тука у мк никад нема да се решат. Признајте дека не ја бидува оваа држава што и да направите и толку.. а се потекнува од политиката и стара а и нова. Све исто срање без никаква иднина и глупав народ. Добро е што младите си заминуваат.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.322
    Допаѓања:
    5.083
    Пол:
    Женски
    Знаеме сите што, нема потреба за дебати и дискусии нити истите реално ќе сменат нешто, накратко услови за живот и просперитет а не преживување/стресови/ демотивации.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.078
    Допаѓања:
    6.645
    Пол:
    Женски
    1. Луѓето да излезат од 1980 година.
    2. Да не се мешаат во лични работи.
    3.Да сме заштитени од таму каде што треба полиции, здравство
    4. Поголеми плати и повеке права на работникот.
    5. Да се возвишуваат интелектуалците и оние што пишуваат, креираат а не на старлетите шо незнаат 2 реченици да склопат
    6. Да не се меша семејството во личен избор пример ако некој е геј и така се чуствува 80 посто од македонските родители ке се откажат од него.
    7. Криминалците да се во затвор и политичари и се по ред.
    ..... И така натаму
     
    На Feminka192 и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  17. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.395
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме што не е во ред во нашата држава.

    Почнувајќи од власта, сите гледат да си стават парите во џеб, а државата и обичниот народ кој ги е*е.
    Партиски вработувања, врски, корупција и мито.
    Криминал кој само се заташкува и криминалците слободно си шетаат.
    Непочитување на закони.
    Образование и здравство уште една слаба страна. Се помалку квалитетен кадар во двете сфери кои се меѓу најважните ако не и најважни.
    Потоа секако платата, немање можност за напредување и градење кариера а да не заборавиме дека има личности кои едвај имаат за пристоен живот со тие бедни плати.
    Менталитетот на луѓето.
    Уште живееме во турско, со што ќе каже комшија, да не ги посрамотиш родителите, жената домачица да буде до 25, мажот во кафана, па мора и деца. Сите мислат дека имат право да се мешат во туѓ живот и да одлучуват за друг, хомофоби, трансфоби и така.

    За жал мислам дека се подлабоко тонеме и не знам дали некако може да се смени сето оваа. Дури и да може, се е гнило, треба менување од корен, а за тоа е потребно многу ама ептен многу време. Така да не верувам дека нешто би ме спречило да се иселам (или да ме натера да се вратам).
     
    На Purplelilac, candy.cane, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.703
    Допаѓања:
    322.367
    Им треба најбитното на децата за да останат, а тоа е сигурност и стабилност во својата Држава.
    А тоа го нема.
    И секој ден се нервирам, зашто сакаат да си одат од тука, а јас сум немоќна зашто немам што да им понудам за да останат.
    Не е се во решеното станбено прашање и добивањето на пристојна работа и плата.
    Неправдите, болното општество и не гледањето перспектива неможам да ги исправам.
     
    На elenaxbbg, Doozy, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.083
    Пол:
    Женски
    Ова. Луѓето мислат дека младите си заминуваат само заради пари. Си заминуваат и заради малограѓанштина.
     
    На Purplelilac, GirlRose, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    663
    1. Големи плати за сите, не само за одредени професии
    2. Еколошка свест, почнувајќи од воздухот, да се казнат сите загадувачи што го трујат цел народ
    3. Поголема почит и љубезност меѓу луѓето, воедно и лична хигиена
    4. Реформи во повеќето институции, пред се во здравството
    5. Искоренување на корупцијата, мафијата, непотизмот
    6. Да не садат згради во паркови и шуми, разубавуваање на постоечките градежни објекти,повеќе зеленила, градини
    7. По еден полицаец да шета во секоја населба. Зголемено чувство на безбедност од секаков криминал
    8. Сообраќајна култура, особено казнување на возачите кои стискаат на гас и свират на пешаци кои поминуваат на пешачки премин.
    9. Да се направи убав стационер за кучиња каде ќе бидат згрижени, нахранети, вакцинирани
     
    На Herrera, supergirlmb, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.