1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што им е потребно на младите за да останат во Македонија?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 25 ноември 2019.

  1. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Иднина. Котва.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Досега пишував за она со што се соочувам. Би сакала накратко да ја изложам мојата стратегија за тоа како би требало да изгледа Македонија.
    Државата
    • Треба да се обезбеди стабилен систем каде постои вистинска поделба на власта. Судската посебно, да биде независна и ефикасна. Само квалификувани правници да заземаат место во правосудството. Уставниот суд да биде поефикасен. Фер и правични судења.
    • Концепт на минимална држава, државата е добро да биде присутна во поле на мир, безбедност, социјални гаранции. Мислам дека треба да се направи план за ефикасна социјална држава, и постпено да се намалува сиромаштијата и невработеноста.
    • Здравството... Поголеми плати за здравствеите работници, и комплетно реновирање на здравствените установи. Можеби не е лошо и јавно приватно здравство, голем дел од финансиите ќе извираат од приватниот сектор и ќе го покријат буџетскиот дефицит. Не смееме да дозволиме здравството да биде луксуз, срамота е. Стручен кадар дефинитивно. Образованието на лекарите и медицниските работиници мора да биде на високо ниво.
    • Образование... Поквалитетни програми и поинаков пристап во наставата. Да се напуштат застарените методи и да се посвети повеќе внимание на она што е важно, не преоптеретени програми. Високото образование посебно, целосна реформа, коренита. Би било подобро доколу постои приемен испит за на факултет, така ова ќе биде еден филтер кој нема да дозволи факултет да завршуваат оние кои запишале факултет само затоашто сакаат диплома. Би сакала нашите универзитети да ги има на Шангајската листа и дипломите да ни бидат признати секаде. И организиран систем за пракса, кариерни центри, повеќе ни е од потребно. Студентските домови, знаеме. Мора да се реновираат комплетно.
    • Економија... Треба да се развива економијата во поглед на слободен пазар и пред се политики за поттик на развој на приватниот сектор. Пазарот сам по себе ќе се регулира ако се дозволи поголема конкуренција и ако расте бројот на инвестиции. Инвестициите треба да бидат подеднакво и домашни и странски, ама олеснувањата да бидат во насока која ќе и донесе бенефит на Македонија.
    • Работа... Целосна департизација и еднакви можности за пристап до работните места. Посебно реорганизација на администрацијата. Повисока минимална плата и пропорционално растење на платите. Но и тука треба да се носат политики кои ќе поттикнуваат самовработување. Најголем број од работните места би требало да идат во приватниот сектор.
    • Национална свест... Една држава може да опстојува само ако има историски основ и мит кој претставува духовен аспект и е повеќе од есенцијален. Она што последно се случи со Македонија е далеку од тоа. Но до сега, ниту една ама баш ниту една држава не опстоила долго доколку во себе не содржи историски момент. Доколку се згази националната свест, се заборави историјата, се отвора извор на апатија. И тоа е многу лошо, иако директно не влијае на материјалното (ама индиректно се си е поврзано).
    • Развој на туристичките региони, како земја имаме да понудиме многу. Туризмот би цветал доколку се развива секој регион.
    • Земјоделство... Имаме плодна почва и погодна клима, и квалитетни продукти. Штета би било ова да пропадне. Земјоделството е нешто што може да биде главен фактор за повисок БДП, според тоа би требало да се инвестира во развој на земјоделството.
    • Борба против корупција и организиран криминал... Тука мора многу да се работи, да се искорени тоа. Ако сакаме правна држава нема да мижиме пред неплаќањето сметки и отпишувањето долгови, до перење на пари во милионски суми.
    • Заштита на живтоната средина и итно преземање мерки за загадениот воздух. Драконски казни за загадување, се додека не се развие свест да не се загадува. Да не се толерираат загадувачите.
    Ќе пишувам во нареден пост за граѓаните и што е она што можеме да направиме ние за да го подобриме животот во државата.
     
    На fast_and_curious, Doc, Lancier и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.297
    Искрено, сосена нормална држава сме за затуцан народ.
    Затуцана и заостаната.
    Не може народ како нас да има боља држава.
    И не сме ние некој исклучок, туку така е низ целиот свет.

    А шо треба државава да направи, е прво да ја предаде власта на младите.

    Толку.
     
    На GirlLove, SeaMermaid и Ambitious им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.692
    Допаѓања:
    42.892
    Пол:
    Женски
    1.Да се смени менталитетот на луѓево
    2.Да прекинат да вработуваат со врски или книшка, пошо работни места има, реално, ама не може на ред да дојдат квалификуваните од овие ботчињава
    3.Малце реалност фали, мислат во Германија е лесно, сакаат 2000 евра плата и одеднаш столче или јака позиција
     
  5. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    9.084
    Пол:
    Женски
    1.Работа им треба.
    И тоа таква со која ќе можат да си ги вратат назад парите што ги дале на школување (ова посебно за тие со факулетет што се). Ама сега секаде бараат 3 год искуство, 10 год искуство, па милијарда интервјуа, селекции и за што? - За најкрајот да не добиеш ни известување за тоа дали си примен или не.
    2. Услови за работа
    Каде што секој ќе си ја гледа својата работа, а не некој да ти се прави газда, а е обичен вработен.
    Каде што и газдата ќе се понаша со тебе како со човек, а не да ти се прави кој сум јас.
    3. Да нема партиски вработувања
    За ова не знам шо да кажам, мислам дека ова никогаш нема да се искорени од Македонија.
    Секогаш ќе има некој кој ќе се пикне преку партија, а ти ќе чекаш 12 год по дипломирање за да се вработиш по струка.

    Ретки се тие што навистина успеале во Македонија и имаат живот во кој можат да си дозволат сѐ.
    Сѐ останато е со долгови, кредити и броење уште колку пари ти останале до крај на месец. И така во круг.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Noranora, Doc и blueeparadise им се допаѓа ова.
  6. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Saglam zdravstvo, rabota so pristojni prihodi,saglam sudstvo,pocista sredina.
     
    На Сара Лав му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Врска неам зошто некој би останувал во Мк, искрено :D А знам такви кои се вратија откако се стекнаа со странски државјанства. Изглеа менталитетот им годи. :|
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Selena01

    Selena01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    4.806
    Пол:
    Женски
    Многу работи, просто кажано
     
  9. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Чудо
     
    На Billy Idol и BlackNight им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    многу работи , почнувајќи од образование, здравство, судство, сето тоа без политика, корупција итн итн