Ќерка ми воопшто не сакаше блендирана храна и скоро и да не јадеше таква. Твојот дечко е веќе голем за да јаде блендирано, што поскоро го одвикнеш тоа подобро.
Стефи твоето е врсниче со моево , треба веке да јаде нормална храна нит пасирана нит блендирана Јас на моево порано почнав да пасирам и потоа и давав и парчиња така да јаде Веке и мевце јаде така , и сецкам на мали парчиња и џвака Голем е веке , почни да даваш парчиња Ке се навикне полека да не си имаш понатаму мака
ааааа каснам значи, ај од утре почнувам прво со пасирана да се навикни па на парчиња. фала на советите
леле мачно луѓе,никогаш по пола сат не сум го ранела доброто е дека не правеше проблеми, да плука, да плачи или сл, си го чуваше вуста,па ќе џвакаше...... еве и овошјето и зеленчукот цели си ги јаде и месото го имав само искинато и тоа го јаде. ај утре можи полесно ќе биди...
Епа Стефи до сега лесно му било , лапни голтни Ама ако треба да џвака веке , сигурно има и забЧиња Ке се навикне немај гајле Моево со ниедно забЧе знаеше да џвака , само со непцата го кинеше јадењето Сега и давам и морков , онака за ужинка го грицка мака нема Нека и по пола саат , ке се навикне голем деЧко е веке
медот ми го донесоја, го стопив, ама прашањето ми по колку да му давам?? 1-2 лајчиња денот???нема гајле од поќе или?????
Лепче намачкано со маргарин, мармалад, павлака или еурокрем, супа, бисквити со млеко, макарони, печени компири, и др.
ние уште си се мачме со псирано... сега ми е многу интересен. почнав да му правам салата од крастајца, домат, кромид, сирење. и несака да лапни од манџата ако нема од салатата вуста.. и така си се лажиме, еве доматче ајде лапни незнај по колку му е доста од доматите. почнав и малинки да му давам и тие многу ги јади.
Даваме, ама твоето е мало. Со хељдата и амарантот може да се почне и пред 6 полни месеци оти не содржат глутен, ама јас сепак би почекала. А чиата би ја дала после годинка, оти може да предизвика реакција (сум слушнала за алергиска реакција од чиа кај возрасни луѓе, затоа не би давала рано на дете). А како ги даваме - мешаме со овошје и зеленчук, претходно сварени секако - ова важи за хељдата и амарантот. Син ми повеќе хељдата ја сака, и ја јаде или за појадок или за вечера, со овошје најчесто, а амарантот во супи го ставам, повеќе за згуснување. Имаш повеќе за тоа како се припрема хељдата во темата за бебиња „Исхрана од 4 месеци нагоре“.
Не знаев како да и дадам на ќерка ми козјо сирење или млеко, затоа што во се го осеќа и не сака да го јаде, па завчера направив макарони потпечени во рерна, со јајца и изрендав скоро пола калапче козјо сирење. Сол не ставив, доволно беше солено од сирењето, ставив и лененео семе, сусам и сончоглед, полив со кисела вода и испеков. Детево и за ручек јадеше од мојата пита од макарони, и за вечера, дури и вчера пак побара.
мами кога почнавте да не му давате секој ден на децата месо???еве јас до сега му давам секој ден ама размислувам да му давам сега на преку ден барем???
Kaкви житарици им давате на децата, моето има 14 месеци и досега му давав на Милупа, па се мислам дали да му купам некои како Lino crunch на пример. Инаку месо јас не му давам секој ден 2 пати во неделата телешко, еднаш пилешко и еднаш или два пати риба.
тие го имаат истиот состав како чоколиното, и јас се мислев дали да земем ама незнам дали ќе ми ги јади!
Од кога може да им се додава суво овошје, на пример суво грозје во житариците ... И уште нешто, какво маслиново масло користите, јас никако да си погодам некое...
Јас давам, ама мојов не ги сака. Впрочем, мојов не сака ништо како костен, тиква, батат, што има таков брашнест, сладок вкус. Како и да е, убаво е да се измешани со млеко ако пие детето, нема да се суви.