нешто што знам дека повеќе дека нема да го носам а може да се носи го давам во црвениот крст, а она што ми било омилено го преправам да можам да го носам а тие парчиња се многу ретки ама сакам да си ги носамм
Се давам во црвен крст,ништо не фрлам. Или пак татко ми ќе собере и ќе начека некои мали ромчиња ина нив ќе имја даде.
облеката која што уште може да се носи ја поклонувам,а таа што неможе ја фрлам или ја кинам и правам некои украси,или нешто друго....
со оние алишта што неможе да се носат, пребришувам прашина и ги фрлам, а тие што може уште да се носат ги даваме.
Ако ми се мали а зачувани ги носам во црвен крст или ги давам на некој дечиња на кој им треба, но ако облеката е оштена многу ја сечам и бришам прашина со неа
Тие алишта што се со флеки и искинати ги употребуваме дома како крпи, а тие што се позачувани му ги давам на татко ми да го носи во црква најчесто
стара облека.. е вака она што не ми е за излегувајне по дома си ја носам а таа по дома ако не е до толку лоша ја давам во црвен кртс ако не мама ке и најде место
Може малку ми е глупаво прашањево, ама немам однесено до сега облеа дирекно во црвен крст, секогаш носев во школо и после тие ја даваа во црвен крст.....сега собрав еден куп стари (смалени) алишта и ми е жал да ги фрлам, па сакам да ги однесам ама незнам точно каде, ќе сака некоја од вас да ми објасни? Ако не ќе им ги дадам на оние што собираат ѓубре или на некои циганчиња во населбава....
Јас ја давам старата облека на тие што немаат што да облечат.Најчесто ја давам на некои на кои им е многу потребна.
најчесто ја распоредувам во кесиња ,некои од нив ги давам на помалите братучеди или пак пријатели ....сместени се или во гаража или пак на поткровје ( кое се користи како магацин ) немам ништо против и да се даде на некои циганчиња или пак на лица на кои им е потребна
Не ја фрлам баш целата стара облека. И јас се врзувам често за некое парче облека, и жал ми е да го фрлам иаку никогаш нема да можам да го облечам ако ми е претесно Си ги чувам за дај боже утре ќерка да имам, посебно накитот се надевам дека еден ден ќеми биде мноу благодарна На некое работи кои ми се зачувани и здрави во големи ќеси или кутии ги даваме исклучиво во католичка црква. Никогаш не ни вратиле ништо, најљубезн не пречекувале, иаку не сме католици ниту ни имале преречано зашто не сме ги дале работите на хемиско што ни се има случено во црвен крст. Сум видела со свои очи како им ги даваат на бездомниците обчеката и храната која се донира, и затоа мирно ги оставам таму, знам дека во прави раце ќе отидат.
Таа што е уништена ја фрламе, евентуално за крпи некое материјалче ако одговара и тоа е тоа. Омалените парчињата кои ми се омилени ги зачувувам и се надевам дека пак ќе ги облечам кога ќе ослабам, а има и некој интересни ги користам под плод на мојата креативност и си создавам нешто ново. Порано кога бевме помали со сестра ми, мојата омалена зачувана облека ја носеше таа и баш и го збогатуваб орманот, додека пак сега максимално ја искористувам, и кога веќе не е за јас да ја носам значи дека е или ифлекана или искината. А сето тоа што сите го износуваме, и јас и сестра ми, родителите и баба ми- го дава мајка ми на една сиромашна самохрана мајка со 6 деца- па се за некое ќе се погоди греотичка да се порадуваат.
Па најчесто ја одржувам облеката и така можам да ја носам неколку години ,но доколку ми се смали што тоа сега поретко се случува , или едноставно не ја носам повеќе тогаш и ги давам на помала братучеда ,доколку и таа не ги бендиса ,не ги носи ,тогаш на оние кои што навистина им треба и нема да пребираат дали е убава или не. А оние работи кои што ми се вредни и ми се на срце , ќе ги чувам доживотно макар и да не ги облечам уште еднаш.
ја давам на некој што му е потребна. Ама некои парчиња за кои сум врзана и кои ми се омилени, неќам бе. Неможам да ги дадам. Не чувам многу облека дома. Т.е таа што ми е постара и која не ја носам веќе не ја складирам. Или сестра ми ја носе во црвен крст или мајка ми ја дава на дечиња кои што немаат