Искрено одамна не сум подарила некому мое парче облека.Последниве години ја држам таа килажа..и се си носам немам некако вишок.А тоа што се упропасти и не е веќе за носење оди во ѓубре.Со децата е друга работа.Брзо ги израснуваат и ги давам на пријатели и роднини ако сакаат да прифатат.Ако не во Црвен крст ги носам.И се разбира само ако се сеуште носиви.
Ако и е точна, и ја даваме на едно чупе. Пријатели ни се од порано. Ако е нешто многу оштетено, в ѓубре
Па имам омилени парчиња што не ми се фрлаат.. така да тие ги чувам а другите ги носам на братучедка ми
Девојки незнам дали прашањево ми е за тука... имам стари комбилизонки ама со кратки ногавици и сеа незнам дали се носат вакви уште? а треба само малце да ги скратам и таман точни ми се
И јас подарувам. Најарно така,ем да ми се отвори место за новата облека,ем да направиш добро дело и да подариш некому нешто Па ко ке видиш како се радуват на облеката ти се полни срцето
Давам на другарки, или тетка ми наоѓа девојки на кои им треба облека и на нив им давам. Имам и носено по домови за деца, еднаш однесов 5-6 кеси со облека во дом за деца со посебни потреби. Ама најмногу давам на една другарка што ја знам цел живот, затоа што знам дека и треба и дека носи се.
Ја даваме на децата што немаат, некоја ја фрламе, а некоја и ја давам на братучетка ми. Ми е жал да фрлам алишта, ама само што ќе стојат и прават прашина, подобро е да се биде хуманитарен и да се даде на некое девојче ако му чини арно, ако не океј. Ааа да имаме давано неколку парчиња облека на ѓупките што ни ѕвонат по врати, жал ќе ти падне, па сакаш да помогнеш
црвен крст или в село за бришење или некогаш им давам на ромите Спојлер да не речам ѓупците :/ бидејќи тука одма подолу живеат и ми е жал.
Ја давам на роднини .. некои парчиња и да не ги носам не ми се дават и остануваат кај мене , инаку и јас не сум многу креативна
ја давам на братучетка ми ама имам 2-3 блузи што ми се мали и знам дека нема шанси да ги облечам..не ги давам...ќе си ги чувам
Јас искрено им ги давам на едни братучетки од страната на мајка ми кои се така социјален случај. Значи им давам буквално се само не долна облека... И имам 1 маичка подарок од Париз ми е таа никому не ја давам, кој ми е ептеееннн малааа.
таа што ми е веќе мала а може уште да се носи, ја давам кај некој, или кај таа жената дома што ми работи.. а некои постари облеки што не се баш за носење, ги давам во дом за без родители..
Имам премногу облека дома, дури не ми ја собира веке незнам кај да ја чувам и секогаш ја давам во хуманитарни цели