Ја давам во хуманитарни цели, или пак ја фрлам во ѓубре, или ја давам на циганите, ама нешто што ми е убаво си го чувам , или од некоја блуза сечам и си правам друга исто и од фармерки шорцеви и сл
Најчесто ја давам. Но затоа што за некои парчиња сум емотивно врзана ( омилени ми се, ама не се за носење веќе) и и викам на мајка ми дискретно фрлај едно по едно да не приметам оти ќе плачам ахахахахаха
Подрагите парчиња ги зачувувам, останатиот дел го давам на луѓе со ниски или без никакви финансиски примања.
Оние парчиња облека за кои сум емотивно врзана, ги чувам. А оние кои не ги носам повеќе, или не ги носам воопшто (има и такви, купени само да фаќаат место) ги донирам во Црвен Крст.
Ја собирам во вреќи огромни,зошто имам премногу облека.И или ја даваме на дечиња што немаат многу а им треба,или во дом.
Некои што ми се посебно драги си ги чувам, некои по-точни си ги сечам си ги преправувам и оп, ново нешто, или пак ги даваме во домови..
Многу се приврзувам за облеката и ретко, многу ретко решавам да се ослободам од непотребната. Некои работи кои биле раширени, искинати и сл. ги имам фрлено, а други што се веќе надвор од мода упорно и упорно ги прередувам и чувам. Затоа што сум купувала, сум давала пари и ги ценам тие работи, затоа и ретко решавам да се ослободам од старата облека. Потајно и се надевам нешто да се врати во мода. Може еден ден пак ќе го облечам
од таа облека што е искината или не е веке за употреба ја фрлам. а облеката што не сакам да носам повеке или не ми е таман најчесто ја пакувам во кутии и ја праќам или во црвен крс или како последните 2 пати му однесив на 2 семејства што се тежок социјален случај. и навистина ми се наполни срцето оти доаѓа зима а јас баш се ослободував од некои чизми, палтиња, џемпери, ролки, панталони што нема пак да ги облечам, а сум ги купила пред година или 2, а не се ни за во ѓубре, сочувани беа убаво и ги однесив кај тие 2 семејства и децата и мајките навистина се израдуваа. кога би можела почесто би им помагала на таквите луѓе ама од мене толку од господ повеќе.
jа носам исклучиво во домот за деца без родители откако од црвен крст ми ја вратија затоа што не била органиирана во маици со кратки ракави маици со долги ракави, летно, зимско, панталони (долги, кратки) последниот пат однесов три големи вреќи и кога видов како се радуваат дечињата ми се исполни срценцето, преубаво чувство
Пред месец два спакував неколку ќеси со облека и обувки од мене, мм и ќерка ми и ги пратив во домот за деца без родители 11 Октомври. Искинатата облека нормално дека ќе ја фрлам, нема смисла да давам нешто распарталено на некој, но она што е сочувано а јас не го носам оди во хуманитарни цели. Пред една година донирав исто така облека, играчки, обувки во детското село. Се надевам дека навистина овие работи ги користат за децата или за социјалните семејства.
Ја преправаме во нова! Јас си имам нешто како DIY систем дома и се што ми е старо го правам како ново,на пример на една стара горна тренерка и ги исеков ракавите и сега е летно елече,кое btw го убив од носење! Иии мн други:маици,блузи,долни тренерки.. Затоа плакарот се пополн ми станува,бидејќи ништо старо не фрлам,освен ептен ако не ми е мало.
Доколу има можност, обична менувам нешто на парчето и станува подобор и од претходно, а доколу ми е ептен малечко, ја давам облеката на комшичиња, братучетки и слично. Ми седат дома две вреќи со бебешка и детска облека и никако да ги однесам да ги донирам.
90% од неа ја давам ... на внуки и на роднини кои се послаби од мене Спојлер пошто мене веке не ме бера таа облека а сега поучена од мајката на дечко ми ке почнам да си плетам ... лесно а убоо
Па ако се фармерки ги сечам и ги кинам за да добијат некој street изглед. Останатото мајка ми го дава во црвен крст.
Ако неможе да се носи ако е искината ја фрлам ако е здрава а ми е мало го пакувам и во Црвен Крст го носам