Онаа облека од која неможам да се разделам ја пакувам во кеси и пакети и потоа ја чувам во оставата а онаа која немам намера повеќе да ја носам ја подарувам. Доколку парчето е оштетено го фрлам.
Ако е искината ја фрлам. Ако е здрава ја донирам. Едно до две парчиња што се повеќе модни, a носени еднаш, ги продавам.
Ако облеката е ептен стара и пожутена ја фрлам, а вака само стара ако е и здрава без дамки или слично ја чувам ,,за секој случај ќе се најде"
И давам нов изглед-од старото правам ново...Ако се работи за стари пантолони,фармерки ги кратам ногавиците,ќе направам реси или ќе сошијам некои циркони,чипка,монистра..може да насликам нешто на нив,со боја за текстил..Ако се работи за стара маичка,ставам детали од страна од некои бисерчиња или реси,што ми текне во моментот..обожaвам diy креативни мејкоувери...На дел од облеката и правам мејковер дел ја донирам..
Ако е многу стара, демоде, ја фрлам. Ако е ок ја чувам за "некогаш здравје" ако се вратам на иста килажа.
Скапа облека, или не многу носена, ја чувам и јас за “некогаш здравје“. Износена облека, но сочувана, долго време донирав во “Црвен крст“. Откако добив инфо дека стварите донирани во “СОС Детско село“ не одат таму каде што треба, веќе скептичен сум и за Црвен крст. Обично му ги давам на татко ми или на другари што се послаби
Ма каков Црвен Крст. Нема да пишувам каде завршува облеката која таму се донира. Подобро дај ја на некој на кој знаеш дека му е потребна.
Завршува по земја расфрлена. Она што ќе им се свиѓа завршува на бувљак се продава. А старата облека ако е излитена или искината, не е веќе за носење ја фрлам а она што е сочувано го давам на фамилии што стварно им е потребна
Така е. Една објавив и на фб дека донирам облека. Во групата Дај не фрлај. Две жени ми пишаа порака. Почнаа да пребираат. Марка да била облеката и да била сочувана. Нормално дека нема да подарам скината облека. Не им ја дадов облеката. Бог да чува. Кај немаат, па уште и со посебни барања. А може и за друго им требала облеката