Ја пакувам во големи картонски кутии и ја фрлам во ѓубре,и после некој ден гледам дека некој/а “си пазарил” од таму кај што сум ги фрлила кутииите Порано ги носев во црвен крст ама видов дека и од таму ги фрлаат на истото место,така да веќе не се тромозам и оптеретувам,директ канта
Ако не е искината и сеуште може да се користи ја подарувам на луѓе што навистина им треба, а пред тоа ја перам.
Тоа што е за носење подарувам, остатокот фрлам. Сега веќе и научив дека има компанија за постапување со текстилен отпад, па ја давам таму Тексомак се вика
Понекогаш оставам у зграда, лани така 6 пара чевли си ги зема некоја комшика. Скинато у ѓубре, а друго у контењер за облека. Не ми е гајле дали ги продаваат или подаруваат, битно не ми се дома и некој ги носи. Сеа се мислам у секнд хенд да ги донирам.
Зависи за што се работи, ако е нешто што може да се носи за низ дома тренерки,хеланки ги носам или ако е нешто со дамка го носам кога чистам низ дома .Мала или голема облека како фармерки,блузи летни и зимски, фустани за на свадба,секојдневни фустани ги подарувам на личности кои ги познавам и кои знам дека навистина немаат.
дали има некои second-hand бутици што откупуваат? имам доста облека носена само еднаш и голем дел со етикети ми стојат така шо сум купувала импулсивно (голема маана ) не знам шо да им прам
Нешто носам во викендица, нешто за бришење плочки по купатило нешто добро останато на помали братучетки го давам. Неколку пати и донирав по невладини сега послабо тоа.