1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што и правите на старата облека?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Barbie-mwa, 11 декември 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    до сега незнам колку кеси стара облека моја, на брат ми, на моите покојни баба и дедо, имам однесено во црква, можеби 20 кеси, ако не и повеке

    дури и комплетот што го носев за полуматура го дадов во црква, без да приметам, иако беше од Фард или некоја од познативе марки и чинеше 6000 денари(блузичка и панталончиња) :lol: :rofl: не ми е жал, а другото (мои малечки комплетжиња отидоа кај една моја помала внука.

    ако можам на некој да му помогнам да се стопли со мојата облека , не ми е жал дури и последното парталче да го дадам ама има 2-3 парталчиња што ептен ми се за срце прираснати како фустанчето за Апсолвентката вечер од Папилон-тоа не го давам и неколку други :$
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Да бидам искрена, ја фрлам.
    Порано ја собирав, некогаш ја давав во црка, па после ја пакував и чекав да најдам време да отидам да ја однесам некаде, и сега веќе ја фрлам. Ако има некоја организирана акција за собирање стара облека кај мене во маало, тогаш ја носам таму.
    Облеката од децата ја давам по другарки со мали деца, а тоа што е исфлекано или износено го фрлам.
    Понекогаш имаат акции за собирање во градинките и школите, па ја носам таму.
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Едноставно ја чувам. Кога има и за неа место во мојот плакар.. Т.е. моите плакари, секако дека си ја чувам. Но некоја ептен стара облека, ја носиме на село,во викендичката се додека не дојде друга генерација и не и ја дадам. :)
     
  4. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Старата облека секогаш ја подарувам на помалите братучетки^^ ако им е точна и ако им се свиѓа, зошто да не? :)
     
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    па порано ја дававме на една фамилија кои не беа со добри примања и сите наши алишта што ни беа мали,но сепак здрави за носење завршуваа кај нив..
    во основно се секавам организираа некои акции за собирање на облека преку школото, па и таму имам однесено
    некои парчиња облека од брат ми им ги давам на внучињата од првите братучеди ( сите се машки само различни генерации се) и така некои панталони или тренерки кружат во фамилијарните води :D :D
    а за некои мои алишта што премногу си ги сакам и не ми се даваат на било кој, чекам да ми се роди некоја внукичка,па неа сите пакети облека и би ги дала.. :) а ако нема таква, ке си ги чувам за моето дете :$
     
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Или ја давам на некого (ако веќе нема шанси да ја носам), или пак ја преправам со машина за шиење. Имав неколку пара фармерки што беа ѕвонарки, ама не беа многу носени и беа здрави, па кога дојде модата за цефка - ајт на машина и сега ги носам како цефка. Само ако дојде пак мода да се носат ѕвонарки, не знам што ќе им правам :lol:
     
    На Macedonian girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Жал ми е да ја фрлам, а со оглед на тоа дека модата се менува и на некој начин се врти во круг, некои подобри парчиња ги чувам,а имам работи од мајка ми што ги носам.
    Гардеробата од детето таа што не е исфлекана, ја чувам за друго дете или за внуче.
     
  8. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Нели сега брзо на А1 дадоа едно семејство на кое му помагаа.Па јас и моите родители отидовме таму и им дадовме околку 8 кеси облека, моја и од мама некоја , од тато. А некои поубавки блузички на роднини :)
     
  9. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Ене ја - стои набувтана во 3 милиони кеси... И не некои парчиња стари 2-3-4 години, туку и сите алишта од бебе па наваму. Ццц, ми доаѓа, а стварно незнам зошто не ја однесам да ја подарам некаде..
     
  10. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Ја чувам, така фино лепо спакувана во кутија. Патам од тоа дека мајка ми се што имала или фрлала или давала и имам преку сила 3-4 парчиња што ги задржала и ги носам сега :'(
    Сите другарки имаат облека од своите мајки, само јас не! Здравје ако имам ќерки бар ќе бидат горди на облеката од мама ! :)
    Оние парчиња од кога сум била малечка сите ги дадовме на ромите, во еден дел од градов живеат и немате поим колку се израдуваа иако сега можам да си ги замислам чевличките и фустанчињата парталави и калливи :(
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Јас ја давам во Црвен Крст. Обично купувам облека на која не и’ поминува лесно модата, бидејќи се водам по правилото keep it simple, па навистина ја износувам до крај, но и таква може некому да му послужи.
    Порано во Црвен Крст бараа облеката да е испрана и испеглана. Да бидам искрена, испрана е, но да ја пеглам немам живци. Сега дадов облека која мајка ми ја чувала уште од кога бев малечка, таа не ја исправ, само ја дадов :$ . Но сепак ќе му послужи некому, греота е да се фрла.
     
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Аххх,имам некои парчиња стара гардероба што толку многу си ги сакам што неможам да се оделам од нив па си ги чувам-ете така за гледање :D Инаку кога од време на време ке оделиме веќе стара облека,ако им се допаѓа на моите помали братучетки им ја давам,ако не ја носам во црвен крст.Убаво е чувството кога на некој што нема ке му подариш нешто... :angel:
     
  13. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Најчесто ја давам на братучетка ми, или пак мајка ми ја носи во црква од каде што ја даваат на некој што нема.
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ете разбуричкав во плакарот најдов некои постари парчиња облека (3 кеси) па кога ке поминам покрај црквата ке ги оставам да ги носи некое девојче на кои би му затребале, и ке му се најдат да го стоплат зимава :$ :* мајка ми приметува од време на време па се лути нека се лути ама знам дека сум хумана и самам да стоплам нечие срце оваа зима па макар и со облека :$
     
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Искрено кажано, не давам. Малите алишта на помали братучетки ми се дадени, а облеката во тинејџерските години не ја давам :hai:
     
  16. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Ја чувам во еден плакар во ходник (модата се враќа па кој знае што ќе ми затреба еден ден)
    Она што е ептен кич и знам со сигурност дека нема да го облечам никогаш, го користам многу паметно.
    Во последно време од таквата гардероба си одбирам интересни материјали и си прават стегачи, украси кои ги ставам на обични шнолички и венчиња и со еден збор од ништо си правам нешто. :)
     
  17. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Јас не давам,мајка ми го прави тоа место мене.Најчесто им ја дава на помалите деца од комшии или па на циганчиња.Сепак си имам некои парчиња во кои сум заљубена и не би ги дала за ништо :)
     
  18. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Имам носено во црвен крст еднаш досега,си ја чувам во кутии нешто и давам ама имам гардероба која во одреден период убаво сум си ја износила,гардероба која ме потсетува на некој времиња,гардероба која сум ја добила на поклон и се така јас сум се емотивно врзала за неа просто си ја сакам и не ми се дава.
     
  19. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Ја собираме во вреќа и на таван ја чуваме (хаха). безврска .. полн таван ни е со вреќи -.-
     
  20. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Кога ми се собра многу стара облека мајка ми ја сппакува во не знам коллку пакети и ја дадовме на едни наши пријатли што имаат 3-4 деца :)