Мајка ми сите облеки ни ги чува па дури и од бебе има една соба и ги гледаш изнапишани кутиите БЕБЕ 1 месец, бебе 2 месеци, 1,2,3....17,18 години абе вредна си е жената се си чува и подредува , затоа сега имам милион парчиња од нејзе.Мојата и на маж ми облеката ја пакувам во кутии и правец кај мајка ми. Досега имам донирано еднаш облека во основно училиште имаше па и реков на мајка ми да собере некој алишта и јас собрав некои мои и ги дониравме.
Јас ја носам во домот за деца без родители некако ми се поверодостојни од црвен крстМи имаат кажувано дека во црвен крст си ги земале некои работи и за дома ..не мора да значи дека и овде не е така ама се познавам таму со една тетка која знам дека ништо не и треба и сум сигурна дека стигаат до тие што треба.
На секое средување на плакарот слушам еден исти муабет ,,ова не го носиш?!? Да го фрлам?!?,, Значи мајка ми е огромен ,,расчистувач,, на стари работи по дома! Кај нас старата облека се фрла... нити сме креативни да изведеме нешто ,,ново,, од износени алишта, нити пак сме некои големи хуманитарци за да ја дадеме некому!
Па некоја што не е за излегување а не ми е смалена си ја носам по дома а да и ако ми е комотна ..порано што ќе ми се смалеше давав на братучетка ама сега оставам дома па мајка ми нека ги реши
Си ја носам активно по дома додека не стане распар целата и потоа ја претварам во асортиман партали за бришење, чистење, миење, итн...
Најчесто таа најубавата што повеќе не ми е точна и само зафаќа простор во плакарот ја давам на мојата братучетка - е сега таа ако сака нека си ги носи, ако не - не...
Ја давам на некои другарки што имаат помали сестри и на братучедки А тоа што веќе ептен не е за носење (искинато, распарано и слично) го користам како крпа за чистење.
Секој почеток на сезона, правам "чистка" во сите плакари дома и ги давам алиштата. Има луѓе на кои им се повеќе од потребни, а мене ми зафаќаат само место.
Ептен се грижам за својата облека и имам парчиња кои сеуште ги носам, а се купени пред години. Додуша имам и од мајка ми неколку парчиња и душата им ја вадам од носење. Сепак поголемиот дел од облеката од мајка ми, од која најверојатно поголемиот дел би ја носела, е веќе подарена и искрено мене ми е жал за тоа. Она што веќе не го носиме со брат ми, а е сеуште носиво го носиме кај едни роднини кои финансиски не стојат добро, а имаат помали деца од нас, па ако нешто им се допадне - Со здравје нека си го носат а другите ги оставаме за да им ги дадат кога во школо ќе им организираат акции за собирање на стара облека. Сепак има парчиња (фустанчиња, кошули, сукњи и кондури) од кои не би се откажала и кои и покрај што не ги носам, ги чувам за да не ми биде жал после кога ќе се врати модата, а ќе се врати Дури имам и облека од детството, убави, квалитетни парчиња, по неколку пати облечени кои мајка ми ги чува и ги одржува, за како што вели: '' Здравје Боже, ќе ми донесете внуци на чување, па да има што да носат кога се на гости кај баба и дедо''
Мајка ми и ги дава на мојата помала брачеда (10 години има) се разбира со мое одобрение. Брачеда ми пак им се радува многу, иако поголемиот дел од нив ги носи за низ дома. Баш ми е интересна кога ќе ја видам во некои мои тренерки или во мојата омилена блуза! И јас оттсекогаш сум се радувала на облеката што ќе ми ја дала сестра ми или брачеда ми
Старата облека најчесто оди кај моите бртучетки и тие МНОГУ се радуваат. И мене ми е мило кога ќе ги видам со некоја моја блуза и слично. Не дека тие немаат да си купат, но зошто да не, само така ке ми стои дома. А имам некои ОМИЛЕНИ парчиња облека и во никој случај не ги давам. Можеби ке направам нешто (еден ден ) и од нив.
Бидејќи сум најстарото дете во семејството,дел облеката ја давам на помалите братучедки,а дел го дадов во Домот за деца без родители во Капиштец.Таму однесов и многу играчки и многу ми беше убаво кога видов дека моите работи некому му донесоа радост.
Најчесто ги давам на брачеда ми која е 3 години помала од мене, и ептен се радува... А некогаш "некои омилени " не ги давам ги чувам... и еден ден ќе ми збрчат и ги сечам демек поубави од нив ќе правам
Порано се врлав, а сега почнав малку да "рециклирам" Сакам да создавам нови парчиња од старата облека
Седи забутана во плакари, или во ќеси па на таван или подрум а може и да послужи и како крпа за чистење