Обично ги пакуваме во ќеси и ги оставаме до контејнерите. Често поминуваат луѓе што собираат шишиња, картонски кутии и ги собираат и нив. Макар што знам за опцијата да се донираат да речеме во Црвен крст. Но, и вака сум 100% сигурна дека таа облека стигнува до некој кој ќе ја носи, а секогаш тоа се нешта кои што се носат, не се искинати, стари се и не ги носам повеќе, неколку сезони не сум ги облекла.
Јас сум емотивно поврзана со мојата гардероба и мојот накит. Особено со оние за кои сум дала повеќе пари и кои многу сум ги сакала. Илјадници денари сум потрошила на облеката, особено во средно и на факултет кога не работев и си штедев од џепарлакот. И скоро се си чувам. Добро, износените работи кои се веќе „неупотребливи“ нормално дека завршуваат во ѓубре или како крпи за бришење под, но оние парчиња облека кои не ги носам поради тоа што им поминала модата, стојат внимателно спакувани во мојот шкаф.И прекрасно ми е чуството кога ќе чистам , и кога ќе си извадам некоја блузичка од пред неколку години, па ќе си се потсетам на нешто убаво ми се случило додека сум ја носела...
Поголемиот дел од облеката си ја носам долго време, и се приврзувам за некои алишта. Имам зачувано голем број стари алишта во плакарот, никогаш не ги фрлам. Еден дел од облеката го давам на една моја братучетка.
Старата облека.. Па ако е сликано ја фрлам во ѓубре, а ако ми е мало ја давам на некои луѓе..мислам по селата нели има посиромашни и таму ја даваме... Инаку не сум ич креативна па така да џабе ќе ми стои дома, а случајно ако и поминала модата мислам ако сега не е во тренд а ми се фаќа, ја чувам, модата секогаш се враќа...
Некој дел од облеката што е позачувана и добра за носеше ја даваме на црвен крст, некој дел си носам по дома, нешто и фрлам - она што е искинато или исфлекано.
На старата облека што и праваам? -Таа што ќе и се засвиѓа и ја давам на мојата сестра,останатата ја давам на братучетка ми...
Некои стари парчиња облека си ги чувам, некои и ги давам на братучедка ми. Пред неколку месеци однесов 5 големи кеси облека во домот за деца без родители.
Не ја фрлам старата облека. Ја давам на помали роднини или на некои пријатели на мајка ми што се во финансиска криза
Колку можам повеќе да си ја задржам,си ја сакам старата облека ако можам да ја изменам дали кратење,шиење и сл. се ќе направам ама ако ништо неможе и ја давам на братучетка ми,која е помала од мене.
Ја фрлам од причина што немам помали сестри и братучедки на кои што можам да им ги дадам да си ги искористат.Ако слушнам дека има некоја акција за собирање на стара зачувана облека тогаш ја давам таму.
Ако не ми треба, знам дека нема да го носам веќе го фрлам, антипатично ми станало. Некои работи од кога бев мала ги носи сестра ми ама само некои најубавите. Другите во големи кеси се оставани до контињери и ги зеле тие на кои им се потребни, затоа и ги остававме таму или ги дававме на жени бездомници што ќе ги сретневме.
Јас најчесто си имам многу луди идеи па си ги праам блузите од стари па нови и така можам да си носам се што е во тренд Еве го моето последно дело
kika 13....... многу ти е убава маичката.Како ја направи....тоа на грбот ме интересира како го сечеше??? Имам една таква јас купена ми е,но сакам и јас да пробам да направам таква од стара мајца
старата облека доколку не ми е омалена ја носам по дома, ако ми е омалена ја давам во Каритас или на некој кој знам дека му е потребна.
ако ми е мала-тука е малата сестра да ја носи после. А ако веќе не ми е интересна, и не сакам веќе да ја носам, ако купам некое ново парче облека, ќе гледам да искомбинирам со старата...
Ако ми е точна, а веќе се познава дека е стара... останува да ја носам за по дома. Ако не се познава дека е стара, а веќе не ми се допаѓа, се обидувам да ја изменам некако. Ако не ми е точна, или оди во Црвен Крст, или ја подарувам на некој од помалите комшивчиња или на братучеда ми.
Ако одлучам дека нешто повеќе нема да носам, дека не ми се свиѓа, мало ми е или едноставно не сакам да го носам, најчесто завршува во Црвен Крст или кај братучетка ми
еве ти неколку клипчиња, а и ке најдеш мн други ... http://www.youtube.com/watch?v=tjPSdWrP ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=7NqsaCcs ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=0wL8k__6 ... re=related