Порано носевме во Црвен крст, но сега испраната облека ја пакуваме во кесиња и ја оставаме пред контејнер.
Обично ја собирам у кесиња и ја давам,обично коа ќе видам дека се организира некој настан за собирање и таму ги носам,што да ги фрлам кога обично ми се добро сочувани а мали веќе! Полседно се што дадов беше на оној хепенингот на плоштад за донирање облека со познативе личности кои ништо не купија бај д веј!
Тоа што мислам дека може да го носам повторно некогаш ако се врати модата го складирам, нешто преправам ако е можно, нешто давам во црвен крст, ама речиси никогаш не ја фрлам старата облека освен ако не е употреблива
никогаш не сум пробала да ја преправам незз од секогаш сум мислела дека така ќе изгледа смешна, обично се фрла
Ако не ми е смалено или скинато, не фрлам стара облека бре! Егејската жичка си работи. Фина работа е да се чуваат солидните парчиња, ете 50% од тоа мама и баба што сочувале сега носам јас.
Секогаш кога ќе видам дека се организира групно собирање на облека се канам да одам, но нажалост секогаш ми излегува некоја обврска и останува само пуста желба да се донира. Секако дека старата облека (или онаа што не ја носам) ниту ја чувам, ниту ја фрлам туку ја пакувам и татко ми ја остава пред Црвен Крст.
Си ја чувам онаа што знам дека ќе ми треба не го фрлам,ниту го давам,имам парчиња облека што ми се од пред многу години,а уште ги носам,а онаа што знам дека не би го облекла никогаш повеќе-го давам ,а доколку е прилично многу оштетено го фрлам
Таа облека што веќе не ја носам, значи оние алишта кои ми се мали, тесни, имам и некои работи кои никогаш не сум ги облеклатака си стоеле со години, некои ги давам на роднини (се сеќавам кога бев мала имав многу убави фустанчиња па пред некое време сите ги собрав и и ги дадов на една моја роднина), оние што се скинати ги фрлам (некои маички што се од убав материјал си ги употребувам и како крпи, се најдуваат за бришење под А имам и многу облека која ја чувам, од неа можам да направам нешто интересно, креативна личност сум јас
Износената облека или ја трансформирам во крпи или во контејнер. Оние парталчиња кои ги сметам за убави и кои може да се носат сеуште, ги чувам. Еден ден може ќе имам некое ќеркиште и ќе аздисува по винтџ алишта(како јас периодов) па ќе имам што да и дадам. Некои парчиња кои ми биле мали и ги дадов на внука ми, само што таа на 5 години ги носи маичите кои јас сум ги носела на 9-10, напредни генерации шта чеш . Јас би и дала повеќе но мајка и внимава на нејзината гардероба и неверувам дека ќе сака да и облекува ствари стари 10 и повеќе години. Така да си стојат и чекаат некои подобри времиња
Фаркмерките ги трнсформирам во сукни или кратки пантолони,а блузите (тунуките) во фустанчиња,а останатото иде во подрум
Обично ги преправам или паг ги давам по роднини. Најлесно ми е да ги трансформирам и да ги задржам за себе. Многу се приврзувам со некои омилени парчиња облека и не можам да ги дадам или да ги фрлам. До сега не сум подарила во Црвен Крст, а сериозно размислувам за тоа. Не дека секоја година имам нешто многу за давање, но некому и тие 5/6 парчиња облека може да му завршат голема работа.
Ништо не фрлам ,се си чувам за наредна прилика. Кога ќе му се врати модата ,додавам / одземам по нешто и пак си го носам ,што да не ,срце ќе ме стегне ако фрлам нешто ,а уште повеќе ако му го дадам на некој да го носи ! Скржаво сум јас
Sekogas jas mojata stara obleka ja davam na nekoi moi bratucetki a dodeka e premnogu stara ja frlam. [mod-kirilica:20y989dy][/mod-kirilica:20y989dy]
Пробувам да сменам нешто, колку што можам. Е кога ќе зафркнам се, ја фрлам. А она што никако не може да се преправи, го давам на кој ќе му се допадне.
Sтарата облека ја давам на едни комшии,многу се сиромашни а имаат две ќерки и им ја давам нив да си носат они,пошто немаат да им купат на децата,вака ем мене не ми зафака место,ем знам дека ја давам на прави луѓе што нема да ја фрлат туку си ја носат.