Старата облека... хммм, зависи кое парче облека ако ми е некое омилено, и да ми е мало си го оставам .. не го мешам со алиштата што постојано ги носам, но тука некаде ми е.. другите или ги давам на некоја роднина, или ми стојат негде .. никогаш не ги фрлам, си ги сакам
Порано ја давав на помали братучетки кога ќе ми се смалеше или досадеше а сега на едно девојче најубаво ромче, зошто да ги фрлам
Уфф толку стара облека глава не се дига не дека сум се утепала од носење ама не ми се интересни бе веќе Паа... ги подарувам на помали деца или пак на ромчињата интересно е колку им се радуваат зошто да не...
Почесто ги давам по роднини ама ги давам парчињата облека кои не се искинати и се посочувани не ги фрлам,а оние кои се веќе многу искинати на мајка ми ги давам си прави некои партали за се и сешто
Имам моментално дома препрепремногу облека стара-неизносена и сакам да ја подарам во некој дом за деца без родители.. Стварно е многу сочувана ништо нема скинато и исфлекано а да не се вади и повеќето работи се неизносени пошто не сум стигнала да ги износам, максимум по 2-3 пати облечени се...
Ами ако е нешто поубаво на помали братучедки т.е. ако они си го побараат им го давам Инаку се останато оди по малите ромчиња кои ми ѕвонат на врата и бараат лепче, а си заминуваат со облека и обувки
Имам премногу облека од порано и ми стои на таван во кутии... но сега планирам да ја дадам сета на деца без родители оти вака само прашина и молци ја јадат
Па зависи.. ако е искината, ја кинам, и после со нејзе бришам прашина. А ако е добро сочувана, ја давам на некои роднини, или некои познаници што се помали од мене. х)
Ги имам одамна дадено старите алишта и од мене и од сестра ми на помали братучетки и комшичиња. Порано давав и во Црвен Крст. Имам некои квалитетни парчиња, па мама ги чува за внуките.
Еднаш ги собрав старите и омалнати алишта во една кутија и ги дадов на татко ми да ги даде на една жена на која што финансиите и не и се баш сјајни. Децата немаат што да облечат. И жената го отерала во 3 лепе. Не ги ни земала. Се навредила ли од кај знам. А татко ми и кажал дека немал лоша намера. И така сега на почетокот на летото се извадив од шкаф. И од кај мене и од кај брат ми. Собрав во две големи кутии и ги однесов во Црвен Крст. Башка ме пречека едно девојче со мајка му кои беа таму да бараат помош. Доаѓа и вели дај јас ќе ти помогнам и фала ти многу. Имаше една искрена насмевка. И мајка му ми се заблагодари. Ги оставив таму и си кренав. Ама срцето ми се исполни. Зошто знам дека облеката сепак ќе биде износена. А некои алишта ги имам давано и на помали братучеди.
или и ги давам на една жена, која не е во баш добра финансиска состојба и има 5 деца... најомилените работи ги чувам, а многу кои можам да ги прежалам ги претворам во пачворк кој е сјајна прекривка особено во пеколно жешките летни денови
Најчесто ја давам на некои мали дечиња на кој родителите не му се во состојба да му купат алишта..или на некој помали роднини или комшивчиња!
Па ако е искината нормално или ја фрлам или мајка ми ја зима за чистење. А ако не е со мајка ми собираме облека и ги даваме во еден дом што е во Кисела Вода
Наоѓам некој што сака да ја носи и секогаш ја подарувам... има луѓе што немаат пари за леб, а не па за облека, па не гледаат дали е стара или нова, а мене ми е многу мерак кога на некој ќе му се најде
Jas onaa obleka sto e iskinata pretezno so solzi ja pravam krpcinja a onaa koja mi e mala ja ostavam na mojata pomala sestra ili ja davam na baba mi ja nosi na vikendica i posle tamu ja dava na nekoi deca iskreno posrekna sum koga ja davam na nekoj otkolku koga ja kinam
Па мајка ми ја собира облеката што е стара и ја подарува на тие што немаат, а ако е искината во канта