Ја чувам ,не ја давам на никого и многу сум плачка ако му се случи нешто на некое парталче ( да биде случајно употребено за бришење прашина и сл.) . Си ги чувам во посебен гардеробер и за секоја сезона си одбирам по некое постаро парче кое си го комбинирам со нешто ново. Ми се случува да носам облека уште од кога сум била 4-то одделение ,па оти да не кога ми чинат ,убави се и не се оштетени. Алиштата кои сум ги носела кога сум била многу мала исто така ги чувам ,можеби еден ден ќе им ги облекувам на моите деца ,кој знае... Најважно ,скржава сум и не давам ништо што е мое.
Па зависи, нешто оди во добротворни цели, а нешто што сметам дека некогаш би го носела или ми носи убави спомени се чува за “црни денови“
Најчесто ја подарувам на помали братучетки и често си ги препознавам моите детски фустанчиња, туники, хеланки, сукњички и други работи кога ќе ги носат. Оние парчиња кои се навистина излитени, стари и не можам веќе да се носат, ги фрлам. Сум дошла многупати во дилема дали да ја донирам во Црвен Крст, бидејќи навистина има дома многу пакети полни со облека која веќе не ја носиме јас и сестра ми. Но, од многумина кои така донирале имам слушнато дека потоа облеката си ја наоѓале во најблискиот контејнер.
во црвен крст повеќе не носам, зашто бев неколку пати и ме вратија да сум ја преорганизирала облеката да сум ја преперела (иако чиста ја однесов) да сум ја ставела во не знам што...последен пат собрав 3 вреќи и однесов во домот во капиштец. кога ги видов како се радуваат сите ми се разубави денот ова облека која што повеќе не ја носам
Ако е сочувана ја давам, што во црвен крст, што на девојченцето што живее над мене ( да се разбереме не ја потценувам неа никако, ама кога знам дека убаво ќе и стои а и било облечено еднаш двапати само зошто да не- иако финансиски се ок). Доколку е потскината или излитена крпи за бришење му е мајката .
АКО ИМАТЕ СТАРА ОБЛЕКА А НЕ ЗНАЕТЕ КАДЕ ДА ЈА ОДНЕСЕТЕ ВЕ МОЛАМ ДА МЕ КОНТАКТИРАТЕ МЕНЕ ПРЕКУ ЛП ЈАС ИМАМ ТЕТКА КОЈА ФИНАНСИСКИ СЕ МНОГУ СЛАБИ А ИМААТ ДВЕ ДЕЦА МОМЧЕ И ДЕВОЈЧЕ ПОЗЗ
Па во последно време ја продавам на секонд хенд продавнички,кога бев во мк ги носев во школото за лица со посебни потреби и ги давав на комшивките се разбира им ги поклонував и ги носат со ќеф не е срамно тоа и мене ми имат давано имам пријателки кои купуваат облека секој втор ден и едноставно не сакаат да ги носат оние дури еднаш облечени па зошто да не ги земам.
За по дома, ако ми е сеуште точна, од стари фармерки правам кратки панталончиња за лето и секогаш им давам нов облик или додавам некоја апликација, со маици и тренерки сеуште не сум експериментирала, но ништо чудо и тоа да ми текне.
Кога бев помала облеката што не ја носев и ја давав на внука ми, ама сега иако е помала од мене ме надрасна така што ништо веќе не ја собира. Сега ја чувам облеката, на никого не сум му ја дала. Некои парчиња облека не ни планирам да ги дадам ако имам можност, бидејќи ми се многу мили и драги и ми претставува потешкотија да се одделам од оние работи кои како мала сум ги носела многу често. А дома имаме премногу облека што не се користи, но мајка ми не сака да ги даде сите работи поради причините што некои други членки ги наведоа. Знам еднаш дадовме облека на жената што чистеше кај нас во влез и беше пресреќна.