Доколку е премногу оштетена облеката, ја сецкам на крпчиња за бришење прашина, а доколку е во добра состојба, ја давам на колега на мајка ми кој има мали деца и немаат финансиски услови за да си дозволат повеќе облека.Мило ми е што барем на некого му користи мојата стара облека, отколку да седи во подрум закржлавена во некоја кутија
Секоја сезона кога правам преместување на гардеробата ја селектирам старата облека и онаа која не ми се допаѓа или не ја носам, и во пластични кеси моите ја носат во Црвен Крст. Најголем дел од облеката завршува таму (барем онаа која може да се носи), а останатата ја фрлам. Порано празнев големи количини облека од причина што купував се и сешто и многу од тие работи останаа необлечени и не ми се допаѓаа, но сега ми останува само гардеробата која остарела и дел е за давање или веќе не е за носење.
ја давам на внука ми ... која мнн брзо расте.. нешто добива и мајка ми ... а голем дел оди во кантата „Веќе нема оној квалитет како што беше во ЈУ!“ Така вика тетка ми и е во право !!!
Ја складирам во подрум и правец кај баба ми за идните генерации Шала на страна, ја фрлам таа што е испокината а останатиот дел стои по ќеси некаде складирана и најчесто се наоѓаат старите парчиња А на тие што им има поминато мода за по дома си ги носам, или за до продавница се наоѓаат, де
Искинатата облека ја фрлам а ако е нешто добро воо случајов облеката од керками ја ставам во кеси и ја давам на свекрва ми да ги чува , не се знае може и во иднина да имаме пак девојченце
во кеси и кај мајка ми во село-оној дел сто не планирам да го носам.ама и добар дел чувам -ке се најде
Обично преперувам, диплам, пакувам и правец во СОС детско село или домовите за деца. Неколку години волонтирав таму, и знам дека секогаш имаат потреба од облека. Затоа и ја носам, зошто мене дефинитивно не ми треба и ми се метка низ соба.
Старата облека обично не ја чувам,освен ако некое парче ми значи и ми се приврзало за срце. Ако постои простор за корекција ја преправам.Многу ретко фрлам бидејќи многу ја пазам и скоро ко ново ми е секое парче облека. Ја перам,пеглам и пакувам и и ја давам на мајка ми која ја носи на едно сиромашно семејство кое живее во нашата населба.
и јас исто,само не давам на сиромашно семејство,туку на една жена со мало дете,кое живее кај мене во маало...