Решив да ја отворам темава инспирирана од една случка. Спојлер Минатиот викенд со другарка ми договорени да излегуваме со уште двајца. Таа и едното момче договорени да излезат а јас демек да и правам друштво и да се запознаам со негов другар. И така ние скоцкани, дотерани пристигнуваме до договореното место а од момциве ни трага ни глас. Се слушаат по телефон неколку пати и излегува дека типот демек не разбрал каде точно треба да дојде. Лично се почувствував глупаво, измамено и понижено а можам да замислам како и беше нејзе бидејќи таа ја договараше средбата. Можеби момците не гледале од некоја страна и пукале сеир. А не сме некои грди па да бегаат од нас Па ви се има ли случено нешто слично? Како сте реагирале? Што би направиле ако ви се случи нешто вакви или пак се случило ли вие да бидете тие кои нема да се појават?
Ехеее се случуваат такви работи...со тоа покажал колку е дебилен и недозреан, a пред се` кукавица Една моја другарка во средно (поучена од мене ) коа и` се деси такво нешто, почна на сите да збори колку едвај ја измолил за тој состанок, па после шмугнал и другарите му извадија муабет дека е Спојлер педер Така да, нишо не праи, изнасмеј му се во фаца следен пат ко ќе го видиш или пуштите муабет за него и другар му по заеднички другари и сл... плус тоа, они се тие кои треба да се мислат шо да праат после таков ретардиран потег
Се случува да има кај нас од машкиот род некои т.н. ДЕБИЛИ кој што договараат состанок и не идат на него послем демек со цел да си ја дигнат цената да речат "еј брат знајш што направив не појдов на состанок ја оставив да чека ја гледав и се смеев настрана а еј брат ама беше грда ејјј" дебили со диплома се прават џекови.....а пак додека има и други кои од оправдани причини не можеле да стасаат на состанок но сепак и тоа не е за оправдување јави се на телефон 21 век сме 2 минути работа кажи и извини се дека не можиш да дојдиш фино поштено а ова дефенитивно треба да го направи ако не дошле поради неоправдани причини
Сум била во ваква ситуација. Само што јас не се појавив. Си праевме нешто муабет на скајп ова она, и ајде да се видиме, и тој сам ми одредува време и место и гледам 15 минути пред договореното време се исклучува од скајп. И после саат време пак се вклучува и престана да ми зборува, се налути. Јака вожња му удрив на несакајки.
Тоа ти е пим за дете! Баталете ги таквите, само изнасмејте им се нека се осетат дека тоа што го напраиле не е лошо за вас, туку зборува за нивната недозреаност и глупавост
Вакво нешто НЕ би простила.Никогаш! Да не случајно не постојат телефони, или уште милион средства за комуникација, па неможе да крене слушалка и да каже дека неможе да дојде. Ако треба нека измисли причина, и да не сака, никој не го тера со сила. Ама такви п*дерски работи, кај мене не.
Па ви се има ли случено нешто слично? Не. Како сте реагирале? Бесно, изнервирано... Што би направиле ако ви се случи нешто вакви или пак се случило ли вие да бидете тие кои нема да се појават? Ќе си одам дома, веднаш право блок на фб и му бришам број. Нема лабаво... Инаку навистина глупа ситуација, јас тоа не би го опростила.
Се случува,не да не,ама барем на време ќе сфатиш со кого си имаш работа. Само културно посипи со пепел...
Па ви се има ли случено нешто слично? - Ми се има случено, дефинитивно. Како сте реагирале? - Ништо посебно, си најдов една другарка на местото каде што бевме договорени со него и заминав со неа. Што би направиле ако ви се случи нешто вакви или пак се случило ли вие да бидете тие кои нема да се појават? - Останавме во контакт, ама знам со каков човек имам работа, па сега само си играм со него топло-ладно. Revenge is a dish best served cold. Нема да си помине туку така.
Дефинитивно ми се нема десено, а да ми се има незнам како би реагирала дефинитивно бурно, би му вратила со иста мера дебилни дечишта така да секогаш си практикувам касни 15-20 минути ако е тука океј а ако не договори се предходно со другарка за недај боже.
Ау ми се нема случено а познавајки се себеси тој човек ке биде избришан или ке му кажам во лице што имам , бидејки сум многу самоуверена и егото ми е малку повеке изразено од колку што треба можеб и б и било огромен шок за мен е посебно затоа што никогаш не сум била и нема да бидам прва иницијатор за состанок
Нема да се појави на стостанокк ?? Па одма ја спремам базуката бе братче Се шалам . Мене ми се случи на првиот мој состанок да не се појави бившиот ми дечко(тогаш не ми беше дечко) кој ме молеше толку време да испаднеме. Уплакана бев цела вечер, бесна , нервозна во првата прилика му изнакажав се што ми идеше на памет, а тој се правдаше дека морал итно да замина за Ск, абе ајде јас па му поверував.
http://www.youtube.com/watch?v=C2wlJ1Ki7ds Ако е ненормален, нека не се појави, па ќе гледам јас да му се појавам кога уште не е расонет и е со чорапите в уста. Навистина не знам што би направила. Ќе бидам крајно изненадена дефинитивно, ама не знам дали би презела нешто. Има две опции: или во моментот ќе ми проработи импулсот и ќе направам будалаштина или нема да ме види, слушне и да стапи во било каков контакт со мене до крајот на животот.
Ми се случило ова со еден несозреан тип. Замислете ми се јавува и ми вели ,,Еј каде си, ајде да се најдеме бла, бла, бла''. Јас пресреќна. Ама, јеби га многу го сакав тогаш. Пристигнувам јас на местото на злосторот и тој ми се јавува и ми вели: ,,Не можам веќе да те чекам, си одам''. Па, така јас залудно отидов на местото каде што се чекавме, а тој ме заеба. Но, добра бев и му простив. На крај повторно ме зезна и беше крај. Поточно тој стави крај. Уште еднаш не би си дозволила вакво нешто и не би простила на никого
Ми се случи еднаш со еден дечко со кој што доста контактиравме. Ми рече спремај се ти за пола саат ќе те земам од дома и јас така возбудена, пицната си чекав добри 2 саати и што е најтрагично не ми креваше на телефон. И се јавува фраеров после 2 саати и ми вика извини ми излезе проблем со шефот, ќе дојдам до кај тебе да те видам на 2 секунди. Јас така изнервирана буквално излегов на 2 секунди и му реков сељак си ептен. После продолживме да комуницираме некое време и сам си се издаде всушност дека бил со другар во кафана. Кратко после случката прекинавме комуникација.