Едно време дремнував попладне... Некогаш квалитетно ќе се наспиев Па сега...ти си знаеш. Се случува... А бев во врска со еден вечно ненаспан.. ќе ќутам поарно
@Dust Дастке се случува, ама замисли договараш средба со тој што го сакаш, па тој ден нема да ти текне на спиење, а не па на дремки пред средбата Ќе легнеш да спиеш, како и секој ден, ако ти е сеедно и не ти е важна личноста
Изговор ко од дете во градинка абе ме фати попладневната дремка и извини ама заборавив дека постоиш... Очигледно е дека не е заинтересиран за тебе а пошто така ти направил, како непишано правило е, ти да се лепиш ко магнет за него. Колку човек те одбегнува ти уште толку ќе трчаш по него. Јас да бев на твое место не би му дала шанса... Ќе го игнорирав и ќе го откачев... Некој друг со нетрпение би сакал да излезе со тебе, а овој заспал.
Хормоните можат да лудуваат колку сакаат, тип кој доцни, а во твој случај не дошол на прв состанок, веќе е избришан од листа на можни дечковци. Нема што да се одвива, најди си друг маж кој не се успива.
Не верувам дека типот се успал колку што верувам дека се работи за зафатен човек, со жена/девојка, некој кој немал интерес да испадне воопшто или некој со збор го предомислил....се се само на изговор плиток од типот се успав нетреба да се верува ниту да се дава шанса посебно што е прв состанок , се засоцира на непочит од старт.
Дај му втора шанса. Се случува, грешки сме луѓе праиме така? Најкористен совет на форумов е: откачи го, не те заслужува, можеш ти и подобро. Кажи му дека си многу разочарана од неговото однесување, дека го сметаш тоа за големо непочитување и побарај да ти вети дека нема да се однесува така. Кажу му дека му даваш втора шанса и дека овој пат подобро да се потруди зошто инаку не вреди да си го губиш времето со него.
@Anon Твојот совет е нашиот во продолжена верзија Уште малку само да си го губи времето па после да го откачи, а ние барем од прва, поефикасни совети даваме
Тргнувајќи од себе, кога сум требала да одам на состанок (посебно прв, втор) со некој кој посебно ми се допаѓа не сум можела да спијам вечерта, не па дента од возбуда. Адреналин до плафон, слушање музика, шетање низ стан, освен ако не сум имала многу за учење, работа, но возбудата тлеела и за сон немало место. Па по првиот состанок ненаспана од среќа, ама ако адреналинот држи! Но тоа сумјас, нели. Ова навистина ми е нејасно, па молел, молел и оп... се откажува демек се успал. На крајот, можел да ја поправи грешката уште истиот ден, да дојде по тебе и да излезете, а не вака како што постапил.Јас во ваков човек повеќе не би имала доверба.Ако има вака несериозен пристап за состанок, каде ќе му биде крајот за посеризони работи.
Ми се нема случено но таква постапка би оправдала само ако пред време ме извести дека од таа и таа причина нема да може да дојде. Значи да ме информира на време да не одам на закажаното место. А онака да не се појави без да каже, веќе не би излегла никогаш со него или пак би договорила втора средба на која јас нема да се појавам.
Ми се нема случено да не се појави некој, ама ми се има случено јас да не се појавам - се успав. Од тогаш не комуницирам со него. Искрено, не би ни и сакала, за човек кој не разбира дека после испит или тешка работа си уморен и дека може да се случи да заспиеш, не ми ни треба таков. Некогаш оправдувам и закаснување (во мера секако), па јавен транспорт, па гужви, па и други важни обврски, а и јас не сум најточната, секогаш каснам по некои 10 минути.
Еве И јас не можам да разберам како може да се успие некој за прв состанок. Секоја чест на одговорноста што ја немате. Па ќе си испланираш кога би дошла дома после испит/работа...колку време би ти требало да се одмориш...да се спремаш...па тек после да закажеш саат....Кај краева ако не можеш тој ден, поарно презакажи за друг ден отколку да правиш некој идиот. А не ти ќе си спиеш со изговор дека си изморена и дека секому се случува, а тој нека си дреме ако нема друга работа. Што закажувате состаноци кога не можете да постигнете? Всушност ти не му требаш таква неодговорна, а не обратно
Ако ова на 5% од женската и се случува, кај машката тоа е сосем обратно. Мое најлошо искуство е кога девојче и тоа не на прв-втор состанок туку после месец дена активно излегување ќе те заборави заради ракометен натпревар. Инаку се се случува пред 3-4 години во јануари кога се одржуваат светските,европските првенства и надвор на -10 или -15 во 22 часот дознаваш дека да не си и се јавел немало ни извини да ти каже Па сега ај да мериме дали ракометен натпревар е поважен од попладневна дремка.
Јас лично ако е некоја што би сакал нешто да правам не би си дозволил да се успијам и да доцнам на прв состанок, дури и ако сум толку уморен ќе се презакаже за друг ден, и не толерирам такви бедни изговори како се успав абе, гужва ова она.
Никогаш ми се нема случено да не се појавам на состанок, и да е со некој ептен што не сакам ќе се јавам или ќе пишам истиот ден за да откажам и/или презакажам за друг пат. Сум била и преуморна, а пример вечерта требало да одам на журка или некое излегување, ќе легнам да спијам, си навивам аларм и дури сама се сецнувам во спиење, станувам пред алармот, да не преспијам случајно. Еднаш само ми се случи, бев договорена со другар на кафе, ама тој период воопшто не спиев, буквално ко зомби се шетав, и ме фатил уморот веќе, не сум ни приметила кога сум заспала. Не знам дали имавме некој цврст договор, ама знам дека ѕвонеше во 8 ипол што ме немало, а ние да сме требале во 9 да излеземе. Му се јавив од трето ѕвонење одвај, и му кажав дека сум мртва уморна, ако може да одложиме. Ама сепак, не ми се налути, зошто знаеше каква е ситуацијата, плус гарант он уште седеше во гаќи по дома, немал абер за спремање, така што сепак не сум го извисила да ме чека надвор а мене ич да ме нема. Туку, стварно не разбирам, како може така некого да извисиш... Јас кога сум требала да излезам со некој дечко, абе денови унапред сум се потресувала, посебно па денот на излегувањето од сабајле си планирам ако имам со некој да се видам точно од колку до колку ќе бидам, да си завршам на време за да отидам до дома и да се спремам. Па, тоа од возбуда на спиење нема да ми текне, не па да го преспијам состанокот. Јас разбирам со некој да не ти се излегува, ама тогаш не ни закажувај со него in first place или откажи му, отколку вака да се прави.
И да не се работи за дечко/ девојка, крајно некултурно е да не се појавиш на договорено. Па и недела дена да не сум спиела, или ќе откажам на време, или ќе соберам сила и ќе отидам.
Никој никаде не чекаше никого во тој случај, бидејќи јас му кажав дека доколку не му пишам половина час пред закажаното време значи дека нема да можам да стигнам. Многу неодговорно од моја страна... ццц...
Никој никаде не чекал, а претходно види што си пишала.... Прво викаш ти се има случено да не се појавиш, а сега викаш никој не те чекал Ама не е битно како било, битно е дека тие луѓе вака што си играат со туѓо време и живци, се неодговорни....Општо сите, не само ти.