Доколку ете презакажи, мене лично не би ми било проблем. Но, да стигнам на местото да чекам макар и 10 минути, мене ме фаќа паника, развивам филм кој ми се крши со првиот изговор на телефон, и тешко дека ќе можам прво себеси да си простам што не сум го предвидела ова, а после и него зошто ете, не се појавил. Можеби ќе прифатам втор состанок доколку премногу ми се допаѓа, но не верувам. Исто како што беше споменато погоре, не само за состанок, лично многу се навредувам ако некој не се појави на закажано место во закажното време макар и пријател, роднина што и да е. Пак ќе речам ако презакажи ми е сосем во ред, но јас да стигнам и било кој да не се појави сериозно се навредувам.
Пред неколку години....јас и типот договорени во 19 часот на кафе, јас како будала го чекам, му вртам не крева...прво што помислив...бара паркинг.... пак вртам пак не крева - па си помислив доаѓа....и така 30 мин чекам јас чекам - чекан по глава ме удри. Си фатив такси и си заминав дома. МИ звони насмеан, кај си те чекам...и нормално после пискотници и врискотници типацот ми вика па се туширав де, зар сакаш смрден да ти дојдам.... Ноу сенс да објаснувам повеќе... (нели е културно да ти се јави дека ќе задоцни, ама 1 час да задоцни па нема смисла па колку сака нека се тушира). Јас будала, заљубена опростив се смиривме после неколку телефонски повици. И ај ќе излегуваме повторно. Му викам на работа сум до 20 часот. Тој супер, кај тебе сум 15 до 8.... дали да ви раскажувам дека повторно го чекав 40 мин овој пат. Среќа што имав луѓе на работа па некако ми помина времето, во меѓувреме вртам ....пак не крева. Збеснав готово. П.С изговорот сега беше се запил со другарите сега трнувал, не било фер да ги остави другарите Еднаш будала ама вторпат никако. П.П.С - Човекот тогаш имаше 35 години значи зрел (би требало да е зрел)
Додека сум жива веќе никогаш нема да излезам на некој состанок со некој од Мк,ајде со еден ме викаше две години веќе,и ајде да излеземе да не се занесувам и ја дека ме викал па не излегувам,каснеше 15 мин.а ја 2 саати порано дојдов како луда,од што ми беше срам/пошто по природа сум многу срамежлива и прв состанок ,плус во најголемиот студ ја една тенка наметка облечена,не знам како дедо мраз не станав додека го чекав,и муабети дека јадел шпагети,дека знаел да прави скара,дека бара некоја да се грижи за неговите цвеќиња во градината,дека бара човек за да ја закољаат свињата и ај ми вика да идам до шанк нешто да земел а ја во себе си мислам да избегам ама каде ќе бегам така... ајде се откачив од овој,излегов после некое време со друг кај што не знаеше каде е Паркот во Скопје ајде да беше од друг град ок ама од Ск бре.а убав дечко и него го чекав 20 мин од кои 10 пати ми ѕвонеше да му објаснам каде е паркот,и после тоа ми ѕвонеше секој ден да излегуваме ми пишуваше по 50 пораки на ден,81 пропуштени повици во рок од еден ден,и му реков дека не сме во врска да ми ѕвони толку и ми вика да знам ја сакам една и ја си мислам во памет ти очигледно повеќе на мене мислиш од колку на таа ,што сигурно и излажа,и така морав број да си сменам и се друго што ми знае.Ужас искуство. Додека се договориме со еден Грк од Атина да се видиме,пошто доаѓав во Солун,значи дечково не го чекав ни една минута од Атина што доаѓаше,а овие багриве
Јас на дејт секогаш каснам бар по 20 минути, никој не ми каснел досега знаат дека ќе ги обесам на некое дрво (не буквално де) Ама да се случи да не дојде а притоа ни да не добијам порака со образложение зашто не дошол или не ми крева. Нареден пат кога ќе се договориме или нема упопште да се појавам или ќе дојдам пицната од глава до пети со друг под рака.А не морам да имам ништо со другиот, чисто да сфати дека не е једини и со мене нема трте-мрте На исто враќам со исто или со дупло полошо.
Не ми се случило да ме извисе некој да не дојде а сме договорени, а секогаш си размислувам такви такви работи 'е сега ако не дојде а што ќе правиш' и чекам едно 5 минути и добро е еве го доага или пак звонам зависи од ситуацијата. Но да ми се случе такво нешто да не дојде па бришам го од земјата е не пак од животот. Има ми се случено седам на кафе со дечково и договараме се да излеземе заедно на излавање, тој од друг град пак ајде јас да останам кај тетка и така ајде договорени сме, и пишувам на чат што како за вечер одговора ми ајј заборавив на тоа чек да прашам другарот како што ќе биде и вика не бил тука другарот немало да можеме да излеземе па викам ако де немора на излавање дојди барем дасе видеме, оти тогаш се гледавмеи после пак го прашувам што биде и вика не можам глава ме заболе ако можам да најдам кола ќе дојдам и праќа ми слика од чај и ја као е што бе чај ли ќе пиеш за главата да ти помине, нема пивце а. И така мош две недели и лута бев. И после тоа време ми праќа слика каде е некаде во еден клуб и викам му што ми праќаш тоа што не ме викнеш, и вика ми па ме знам дали ќе дојдеш, епа нема да дојдам кога ме извиси.
Пред некоја година прв пат и последен ми се деси ова. Имаше еден типац цела година упорно ми пишуваше. И некогаш од досада ќе свртев некој муабет. После некое време го видов на една забава и ми се виде онака ок, згоден беше, поубав од во живо, среден, колку што ми се виде беше и ок со понашање и си реков ајде после тој ден ќе му дадам шанса да се запознаеме подобро. И пишувавме често, зафрканции, муабети, теми, јас се заинтересирав повеќе, чекав да ме викне на дејт па да одиме и кога се деси тоа после месец активно пишување нон стоп, идам јас се спремам дома 6 саати, трема ме фаќаше, 20 мин пред да излеземе пишувавме за место не можевме да се дог за каде и ајде последен момент решивме, ајде се гледаме за кратко позз и фаќам такси јас чекам пред местото и чекам чекам чекам и да му пишам на фб да прашам до кај е (пошто бр не си разменивме) и гледам блок ми удрил. И си фатив пат под нозе и дома. Неколку години се поминати од тогаш и мистерија е зошто ме блокирал во последен момент и зошто сум блокирана до ден денешен. Беда. Не можам да кажам дека ми било сеедно, не за него дека не дошол, него за себе, онака имаш чувство на самосожалување, бедно се осеќаш иако е краткотрајно ама е лошо. Не знам која е причината за некој да направи такво нешто, да договори дејт и да не се појави, ваљда се работи за неизживеан глупак и среќа што таков и не се појавил воопшто.