1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога бебето одбива шише?

Дискусија во 'Бебе' започната од marince87, 21 декември 2016.

  1. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    А да пробаш со Томи и Типи шишенце. Јас ги имам и се најприлагодливи и најдобри како замена на брадавицата. Дизајнирани се баш за да нема бебе проблем доколку е на доење. Имаш на јутуб погледни го дизајнот и кој се предностите на овие шишиња т.е. цуцла.
    Но, да не те разочарам не секое дете прифаќа шише. Џабе е некогаш со која и да е марка на цуцла да пробаш ако бебе нејќе. Ние сме на доење еве 7мес и имам пробано 3-4 пати одмолзено од шише да дадам и било хаотично до стадиум на вриштење. А вода, чај и сок си пие од шише, но млекото чим го осети вришти
     
    На karibian и Ano им се допаѓа ова.
  2. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Моево е со томи типи шишенце од самиот почеток. Најслична била цуцлата со брадавицата. Од бебесупермаркет го земав.Пробај
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.309
    Пол:
    Женски
    Благодарам на двете. Не ми останува друго освен да пробам и со вакво шишенце и некои совети од интернет што ги прочитав.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Мила истиот проблем го имаме. И Томи Типи си купив џабе. Си игра со неа никако да фати асално. Сега пробувам секој ден ете ко божем упорна. Така да џабе ќе си ги фрлиш парите.
     
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.309
    Пол:
    Женски
    За жал морам да пробам се за да научи. Не е дека сакам туку морам да давам плус со шише. :(
    Така да ќе прежалам пари, само да најдеме чаре.
     
  6. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  7. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Јас кога почнав да се измолзувам само на лансинох ја прифати таа ми одеше со пумпата за измолзување и сеуште најубаво пие од неа. Џабе купив на нук и чико нив само ги џвака и трга со јазичето.
     
    На ada21 и Ano им се допаѓа ова.
  8. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @manako1 исто и мене ми е од пумпата , само него го сакаше и порачав од страната уште 2 за да имаме повеќе . Инаку пробавме со нук , чико , мам и авент . Цела колекција имаме дома :D
     
    На manako1 и Ano им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.349
    @Ano проба ли со др. шише? Со кое беше успешно? Моево и тоа што го сакаше го нејќе. Остана уште томи типи да пробам.
    А ми текна и др.идеја-со шприц барем колку толку ќе добие.
     
  10. Majjja

    Majjja Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki.. malata e 5 meseci..od pred 2-3 nedeli pocna da ne mi go pie mlekoto..se slucuva uste pred da trgni od shisheto da go turka. Od pocetok sme na ad. Sega na Aptamil, ubavo mi go prifati i go piese. Humana ne mi go piese a Hipp combiotik i pravese zapek. Ako ne e za vo ovaa grupa postot se izvinuvam. Sovet nekoj?
    Inaku od shishe si pie i caj i voda i ne pravi nikakov problem..
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Период е Маја , ќе помине. Само биди истрајна, не се нервирај. Нуди почесто.
    Скоро сите сме поминале низ тоа.
    Пробај и во сон. Јас го чекав цврсто да зспие и нудев.
    Имаше денови беше само на едно -две шишиња.
     
    На Majjja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја оживееме темава малку.. имате ли некоја нова идеја, ново шише или цуцли кои би помогнале. Имаме скоро 8 месеци а сеуште одбива било какво шише. Треба да пие млеко а одбива шише а со чаша или шприц многу и не може да се испие количински.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Како не може да се испие со чаша количински? Баш може. Моиве шише не фатија, од чаша пијат од 5-6 месеци. Си понудила да видиш дали може и колку може? Допрва на шише ќе го учиш?
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Па да јас пробав ама не исто и со вода и сокче една голтка две и толку ја врти главата а ако сум упорна да давам почне да плаче затоа не знам.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Вода може, сок нема потреба. Пробај и млеко, може ќе сака. На доење е? Ако само цица, тешко дека ќе прифати друго млеко, пробав и со двајцата, не сакаа, па не форсирав.
     
  16. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Да само цица но од едната страна и немам доволно млеко затоа и на ќилажа многу слабо придава последните 3 месеци само едно кило качил. Тој руча се но и педијатарот вели дека му е малку млеко и затоа треба да внесува јас пробав секако но никако не иде затоа барав некое решение
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Еден кг за три месеци е сосема нормален напредок на таа возраст. Не е дека имаш малку млеко. Факт е дека тешко се навикнуваат со адаптирано млеко ако биле само на доење, да не речам дека скоро ич не го прифаќаат. Финти нема, децата знаат што сакаат. Ниедна цуцла или шише нема да го смени тоа. Пробај дај му измолзено млеко во чаша, па после адаптирано, да видиш дали така ќе прифати.
     
  18. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    4.215
    Пол:
    Женски
    На 8 месеци нема ни потреба да пие од шише. Пробај со обична чашка од дома или чашка со клунче.
    Јогурт му имаш дадено?
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Ние сме 7ипол - нудам од чаша. Ни клунче не сакаше.
    На почетокот ќе и залетнеше ќе се загрцнеше ама пие, голта сега.
    Е сеа со гумено лигавче големо колку нејзе и ставам, ама битно пие.
     
  20. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Сега ќе земам чаша со клунче само таква немам пробано па ке видиме. Ако не биде ке се обидуваме со чаша обична.
    Да му дадов јогурт пред околу две недели во консултација со педијатар