Што кога гордоста ќе настапи во прв план?

Дискусија во 'Сингл' започната од malecka.16, 10 јануари 2010.

  1. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    20
    Има една работа која навистина многу ме нервира и не можам да сфатам зошто кај 95% од нас претставува проблем, а тоа е гордоста. Таа гордост поради која не ги признаваме вистинските чувства и понекогаш со некои наши постапки со кои сакаме да му докажеме на другиот дека не сме заинтересирани, се повредуваме и самите себе. Еве пример од лично искуство: со дечкото ни беше супер, секој ден бевме заедно, а кога не бевме заедно на секоја минута си пишувавме пораки и зборувавме на мсн, срциња, ангелчиња со љубов, и такви работи. Кога сето тоа заврши продолживме да се гледаме и на почетокот бевме малку дистанцирани, но потоа се беше во ред, потоа настапи гордоста. Почнавме еден на друг да си префрламе кој со колку, кога и зошто има излезено и се има мувано. Јас отидов по моја страна со дечко за кого не чувствувам ништо, тој по негова ( не знам дали тој чувствува нешто кон неа, другите претпоставуваат дека чувствува), тој продолжува да ми дава некои знаци дека сепак би можел да има нешто со мене, но сепак кога јас зборувам за мојот дечко (односно не ми е дечко, но почесто излегуваме и се имаме мувано) тој само ја врти главата и не ми зборува. :( Тоа навистина ме фрустрира и морав да ја отворам темава. Ве молам за помош како да ја надминам гордоста, а и како да направам тој да ги искаже вистинските чувства спрема мене?
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    486
    Премногу време имам поминато размислувајќи за гордоста. Таа е првиот направен грев и таа е мајка на сите осанати гревови. Милион пати сум пробала да ја подголтнам, но секогаш кога сум го направила тоа сум била повеќе повредена.
    malecka.16 не знам друго што да ти речам, освен да пробаш и ти да ја потиснеш гордоста, свесна си дека не си среќна бидејќи си горда-побарај го и разговарајте. И да те одбие, ти ништо не губиш-ќе знаеш на што си.
    Ако навистина го сакаш-бори се докрај и не дозволувај твојата гордост да ја уништи среќата со тој што го сакаш вистински.
     
    На Janina и tatijan4e им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.713
    Јас не би знаела да дадам одговор на вакво прашање, затоа шо и самата сум многу ПРЕМНОГУ горда, а и искрено баш и не сакам тоа да го променам. Со подголтнување на гордоста многу сум се изгорела. Океј, ајде, ќе ја подголтнеш гордоста, но што ако со тоа си го изгубиш достоинството. Не треба брзање. Пред да ја подголтнеш гордоста добро провери со каков човек си имаш работа.
     
    На sj *O* и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    20
    Pa da, i jas sum premnogu gorda i nikogas ne se otkazuvam od toa... no, ponekogas mislam deka poradi taa glupava gordost nie sega ne sme zaedno... :( i da, navistina e taka, gordosta moze da razdeli dvajca sto navistina se sakaat....
     
  5. lili1

    lili1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    50
    I jas se soglasuvam so tvoeto mislenje deka gordost mozhe da razdeli dvajca shto navistina se sakaat bidejki i mene mi se slucillo istoto , jas premnogu gorda dozvolliv da mi odi covekot so koj mozhev da bidam mnogu srecna no mnogu e docna sega za kaenje .Koga e lubovta vo prashanje ostavija ja gordosta i slushaj go serceto . :|
     
  6. Kristy

    Kristy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Поради таа гордост сите патат. И мене ми се има случено ова.
    Најдобро е да го побараш, да правиш муабет со него, погази ја гордоста, ти ништо не губиш ќе видиш на што си. :)
    Но знам, лесно е да го речиме тоа " Погази ја гордоста" ,но ретко кој има храброст за да го направи тоа
     
  7. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    281
    Bolkata doaga i pominuva ... Gordosta ostanuva :)
     
  8. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.632
    ееееееееееееејјјј..ова баш тема за мене...еве јас сега..сум во фаза т.е. во почеток на нешто со едно момче..мислам,ние сме биле само еднаш заедно...и јас го имам неговиот број но срцето не ми дава да му се јавам...а после две и пол годишна врска,стварно ми требаше тој и нешто такво со него..и сега што да се прави???????? да му пишам во петок или да?? :D заебанција на страна,озбилна е работата..затоа што гледам дека и тој сака..
     
  9. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    20
    epaa ako dvajcata sakate togas nema zasto da se mislis... javi mu se :)
     
  10. Mimi

    Mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    72
    Најлесно е да речиме " Погази ја гордоста" , а најтешко е да го направиме тоа. Јас секогаш кој и да ми побара совет му го велам истото, но никогаш сум немала доволно храброст тоа да го направам. Без разлика што мислам дека тоа е правилната работа ... едноставно неможам :?
     
  11. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    e taa nasa gordost znae mnogu pati skupo da ne kosta,poradi gordosta sum propustila mnogu ubavi priliki vo zivotot(ne samo na ljuboven tuku i na drugi planovi u zivotot) i rasipala ubavi vrski.da ne ispadne deka jas trcam po nego,on neka me bara,jas ne go baram,ili si se skaral on prv neka popusti zasto jas,i slicni stvari..covek bez gordost nemoze,togas bi bil podlizurko,bezrbetnik..ama od druga strana pa gordosta nekogas skapo kosta :roll:
     
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.632
    :D ок малечка фала на советот..ќе ти пишам ако успее!
     
  13. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Ако си решена да идеш на ризик т.е. ти да се отвориш а да не знаеш што те чека од другата страна, можеш да ги дознаеш чувствата на другиот. Кога опуштено би започнала најискрен разговор и би ги искажала личните чувства мислам дека тој би продолжил со искажување на сопствените. Ризикот ти е во тоа да го слушнеш неочекуваното. Можеби ќе наидеш на исто но можеби на различно размислување. Јас мислам дека вака е најубаво и најискрено, па после што биде биде! :)
     
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    лошо е кога гордоста е онаа која ќе те води во некоја одлука или постапка....колку само убави работи кои можеле да ми се случат ги имам пропуштено и уништено СЕ поради таа гордост :? затоа сега добро размислувам и доколку проценам дека преминувајќи преку мојата гордост ќе бидам посреќна тогаш ја тргам на страна "таа не толку добра советничка" и ги правам оние работи кои ме прават среќна....живеам според правилото ПОДОБРО Е ДА ЈА ИЗГУБИШ ГОРДОСТА ЗАРАДИ ЉУБОВ, ОТКОЛКУ ЉУБОВТА ЗАРАДИ ГОРДОСТ ;)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Гордоста е особина која ми е меѓу првите на листата на особини кои ги мразам :) Никогаш не сум била горда и мислам дека заради тоа не бев баш почитувана од моите претходни партнери, кои сакаа девојката да ги вртка околу малиот прст. Е јас така не можам! Ако сакам, сакам вистински и тоа го покажувам со чувства, зборови, страсти...Па и во недоразбирања попуштам за да не настане голема караница. Фала му на Бога што со дечко ми сега сме на исто рамниште со гордоста, јас сум погорделива од него :) А всушност воопшто не сум горделива, само знам повеќе време од него да задржам лутина (некој час)...А тој не. Само 5 минути :D
     
  16. dodo

    dodo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    21
    se slozuvam so ova :D
    mnogu sum gorda, duri i premnogu, ali kolku sto go gledam ova kako problem tolku i si se gordeam sama so sebe. ne vikam deka nikogas ne treba da ja pomineme taa granica i se da cekame na drugite dodeka nie sme tie `gordite`. no sepak smetam deka treba da se ima taa doza na gordost i dostoinstvo... toa e i voedno i ednistvenotot so ke ni ostane.
    treba da se ima merka sto kako pravime, ali vo bilo koja situacija vo koja od nas se ocekuva da popustime se ocekuva i od partnerot. ako te zasluzuva stvarno ,ke se bori za tebe i ke ja pobedi gordosta, a ako se otkaze od tebe u prviot moment koa ke nastapi gordosta, sutni go, ne ti treba nekoj koj ceka ti da trcas po nego. :D
     
  17. 023

    023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    гордоста е лоша навика..но затоа на секоја навика и има крај...се разбира дотолку самата сакаш да ја снема...со гордоста ништо нема да постигнеш, напротив само ќе изгубиш некој што ти значел...дечко/другарка сеедно...гордоста замени ја со храброста и јави му се прва/пиши му...Тоа е знак дека ти значи и можеш доста пријатно да го изненадиш :l: :l: :l: :)
     
  18. Histerica

    Histerica Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    значи потполно се согласувам и се пронаоѓам во ова!
     
  19. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    Сите што патиме во љубовта патиме по некоја врста на гордост..Пример се земам јас...Мојот екс ми се скара оти сум му била прва а сакал други во животот дека му опалило тоа машко его. :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  20. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    614
    toa bivsiot tvoj ispadnal glupak :D
    pa sto ima vrska dali si mu prva ili 100ta ako vi odi dobro nema vrska toa
     
    На Ger23 му/ѝ се допаѓа ова.