има едни многу добри стихови од една српска балада кои се надоврзуваат на темава ...кад понос доџе по своје, ту љубав кофере веч пакује...
хахах а најсмешно беше сега има триста пати погрда и поглупа женска и се занимава со мене...хаха смешки мене ми се смешни како за плачење...
Девојки вака Еве јас ја отворив темава и после некое време да споделам некое мое искуство во врска со тоа.. Јас ја погазив мојата гордост.. мислам не во смисла да молам некого, туку едноставно за разлика од тоа што бев порано горда сега сум навистина омекната хаха . Во една ситуација каде што двајцата поради гордоста не зборувавме а тоа го сакавме со сето срце и душа, јас бев таа која прва прозборе и се обиде да ја поправи ситуацијата.. И знаете што, после тоа се осеќав многу подобро. Знаев дека со тоа сум средила БАРЕМ половина од проблемот и дека сега тој го има сменето мислењето кон мене (нормално кон подобро). Затоа девојќи, еве јас од лично искуство ви кажувам.. Ако тоа ќе ве направи среќни понекогаш и треба да ја погазите гордоста..
eh gordost gordost zaradi taa gordost sega ne sum so momata moja stradam placam ama nema da i popustam [mod-kirilica:2xknn5o4][/mod-kirilica:2xknn5o4]
Се дури гордоста не ја премини црвената линија, и премини во нарцисовидност, претерана себичност, па дури и инает, гордоста е убава работа. За нас самите... Затоа што кога ќе ја погазиш еднаш, ќе ја погазиш двапати, на третиот пат ќе сфатиш дека доколку не ја поставиш таја црвена линија, ќе се најдеш во ситуација да ја погазиш 100 пати. Been there, done that... И никогаш повеќе(се разбира ако сум во право). Гордоста со еден дел те оформува како човек, да можиш да се носиш со современиот свет. Секој што не е среќен, заради работи за кои јас се чувствувам горда сама на себе, не ми е потребен
некогаш и најправилно е гордоста да настапи во прв план. Нема за никого да си ја погазувам гордоста, со тоа се погазувам и сама себе! има моменти кога и треба да преминеме преку нешто ( ипак не сме сами на овој свет) ама тешко е да се каже кога, како и зашто и дали ќе вреди на крај тоа
Да да. Гордоста на прв план. И на крај ќе си останеш сам, и цел живот ќе ти е криво што си пропуштил нешто што го сакаш, токму поради таа гордост. Ништо не добиваш со неа, само осаменост и загуба.
Гордоста колку што е убава толку и не е..Може да доведи и до врв ама и до дно...Сепак јас никако да се откажам од мојава..Некако попрво би била на дно ама горда
FYI... Не е исто тврдоглавост, инает, себичност и гордост, ама некогаш поубаво му е на човек првите три да си ги толкува како гордост. Гордоста е (оправдана) свесност за сопствената вредност, чувство на некое разумно ниво на самопочит, или она посебно чувство кога ќе постигнеме нешто вредно. Да се биде достоинствен е можеби најважниот аспект од тоа да се биде горделив. Но тоа не значи да се биде самобендисан, непријатен, арогантен, себичен итн... Луѓето мнооогу чести ги мешаат овие поими, најверојатно затоа што така им одговара
а што кога машките се тие со преголемата гордост ? имам приметено дека од таа пуста гордост колку и да им се допаѓа некоја девојка тие нема да им пријдат само ради гордоста?
и ја мислам така во мојов слуцај веке еден месец како тој се изјасни дека несака врска помина некое време доага но воопсто не збориме како странци мислам гордоста не му дава да си признае дека греси се пласи дури од погледот мој и таман несто да казе го гледам се предомислува у продолзува тисината.сигурно би рекле јас да му пријдам и да поцнам но како да го направам тоа кога јас сета моја гордост ја погазив и ако поцнам пак прва ке треба да се обесам оти нема да имам ни капка его во мене незнам ногу глупава ситуација но мислам дека овој пат нема да го поцнам првиот цекор ке биде врв на моето разоцаруванје
Ништо, и кај машките има погорделиви, и кај женските... Ако се работи за некој дечко кој и тебе те интересира, пријди му ти, биди ти попаметната. Во спротивно, ни е прв, ни последен.
Ако си ти прегорделива, како би те освоил некој? Направи го истото, еднаш живееш, ништо не би загубила. На крај, може и ќе ти се посреќи. Ако не реагира, ај со здравје.
Ахх моменталната битка што се води во мојава душа. По природа сум горделива и нема и нејќам НИКАД да го сменам тоа, ама арно сеа коа ке те плесне цигла по глава да видиме , Кога ке одлучам што ке изберам, и кога ке видам резултата ке споделам Ах пуста гордост
Баш сакав да напишам. Љубовта си ги пакува куферите. Абе каде има гордост, нема љубов. Како можеш на тоа најмило, најубаво створење за тебе, да му глумиш гордост?