Поради оваа гордост неколку пати се имам повредувано сама и имам повредено други и на крајот резултат... никој не е во добивка поради гордоста. Така да, ако вистински се сакате, заборавете на гордоста и борете се за личноста што ви значи.
Мора да кажам нешто .. Мој професор вика ГОРДОСТА Е ДОБРА СЕ ДОДЕКА НЕ Е ГОРДЕЛИВОСТ. Мојата гордост направи дечко ми да ме цени , да ме почитува, затоа што на се што он ќе направеше а мене ме навредува, гордоста како заштита застануваше пред мене. По 2 години тој дечко сеуште плаче по мене , затоа што бев единствена од неговиве девојки која по караница не плачеше на телефон , не простуавше лесно ,едноставно чекаше тој да се јави . ( нормално кога јас сум била во право ) Мислам дека гордоста може само да го сочува достоинството. Секако само ако не е претерана.
Гордост? Само кога е потребна. Кога знаеш дека со тоа ќе придонесеш во градење на нешто уште поголемо и поцврсто од претходното, а не кога знаеш дека само се водиш себе кон пропаст и понижување. Секоја од нас најверојатно знае да процени момент. Кога треба да попушти, да стисне заби, да каже да, да одбие некој. Се` си има своја граница, а гордоста не треба да се погазува секогаш. Навика е потоа, губење на личното јас.. Зборувам кога оној од спротива не знае да ја цени. Затоа внимателно. Оној кој што е премногу горделив, најчесто ги губи сите што му значат. А, кој сака да биде сам, осамен? Меч со две острици.. Многу размислување и проценување на ситуации.
Горделивоста е повеќе немање отколку имање - немање отвореност, немање љубов за другиот, немање потреба од другиот, немање простор во себе за другиот (како кога го почитуваме своето време повеќе отколку времето на другиот)... Никогаш не сум била горделива, но не до тој степен да немам самопочит и самодоверба. Не мислам дека сум посупериорна од другите, или дека сум на повисоко ниво.. Живеам како што ме води срцето За жал мојот дечко беше мног горделив! Имаше некои свои зацртани правила, принципи и прописи и затоа не му беше потребен никој за да се почуствува сакан, или па да сака некој.. Дури и понекогаш се изедначува со нарцизоидност, се сакаат највише себеси и себични се... Ова веќе ја поминува секоја граница. Тој заради горделивоста ја изгуби љубовта..
Исто како во песната... gde ponos dodje po svoje tu ljubav kofere vec pakuje... Многу не е на арно, ич пак не е на арно..златна средина
Тој што искрено сака и почитува со ниту една постапка нема да ја доведе во прашање гордоста и достоинството на партнерот.