Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога девојка во поодминати години станува терет во сопствениот дом?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Rama, 3 април 2018.

  1. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Тури им пепел на таквите соседи. Нека јадат вафли колку сакаат. Тоа го прават затоа што не се задоволни со својот живот па сакаат туѓиот живот да го средуваат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.993
    Пол:
    Женски
    Една на мајка сум.. најубава, најпаметна, најдобра, најнајнај:makeup:
    Нема кој да дојде да ме избрка иако сум во "поодминати години:rofl:".. :party:

    Кога би имала брат, ако на снашка и сметам, ќе и речам да им пренесе дома дека ние снашки не прифаќаме ако не им купи татичко станче некаде за свадбата..
    Па ако и чини да седи, нека седи.

    Ако не, барај си решение снајке..

    Секој треба да си го знае местото во куќата:hai:
     
    На candy.cane, CameliaMiller, Milobebence и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @crimson & @Srckata28 Смешно или не,не знаев како точно да се изразам...ама,што му фали на зборот поодминати години,колку што знам не е грешно...
    Нема врска тоа,се обратив генерално,некоја девојка на 25 ја сметаат за поодмината возраст,некоја на 40,некоја и помлада од 25 за жал....

    Конкретно јас ќе се земам за пример,на прагот ми се 29 години,и толку многу ми се смачи од глупави коментари.
    Значи вработена сум,но тоа не е доволно да заминам да се осамостојам,чарето би било преку маж само,иронично нели,ама не планирам по секоја цена да се омажам со било кој,само да им удоволам на другите.
    Не знаеш колку грдо е кога ќе осетиш дофрлувања од роднини а неретко и од домашните,како животот немал смисла ако останеш сам во татковиот дом,па како на терет ќе бидеш и на внуците,бидејќи им држеш соба,а за заминувањето далеку во смисла кој ќе те гледа кога ќе остареш сама и да не правам муабет.
    Значи,не барам никакви посебни привилегии,ни третмани,сакам само малку мир,живееме во голема куќа,има место за сите,ама не,поважно е дека комшиите ќе речат останав стара мома дома и им држам соба на внуците :worried:

    Другарка ми,која ми е врсничка,брат и не е женет,но е во врска и е помал од неа,на горниот спрат живеат заедно а родителите им се долу,е сега братот сака да ја преселува сестрата долу,тој да си реновирал горе и да биде само за него се,а оваа треба да спие во дневна сега долу,бидејќи една спална има само долу,а таму спијат родителите,па уште иронично и се обраќаат дома и велат три фамилии ќе биле ако се оженел братот сега,демек оваа отпад е....
     
    На ku4ence, honest girl, Justicija и 32 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Малограѓанштина, тешки глупости...
    Ми се темни од самопрогласени „зрели“ луѓе што „се залагаат за самостојност“ преку оговарање, дрзнување да осудуваат други оти сѐ уште живеат во родителскиот дом во за нив „поодминати“ години, згора на тоа и да им се секираат за љубовниот/брачниот статус...
    А ако вакво мислење имаат и најблиските, па уште и различен третман за син и ќерка, тогаш веќе е сериозен проблемот со тие „најблиски“.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, Hipster и 25 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Рама душо, насловот на темата не е баш соодветен оти може да биде и момчето нели, значи каде се двајца браќа, едниот се жени а другиот останува вечен нежења, може па и две сестри...како и да е, се е индивидуално, зависи од семејството, условите за живеење, поделбата на трошоците, на работата околу домот имногу други работи.
    Никој на никого не е терет ако секој има сопствена просторија, има финансии, значи да не биде на туѓ грб за издржување..и се разбира..АКО ИМА ЉУБОВ!
     
    Последна измена: 3 април 2018
    На SummerGirl, Rebecca_R и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Не можи девојка да е терет во сопствен дом, се додека е нормално синот да останува да живее со мама и тато и после склучување на сопствен брак. Идеално е секој да има свое место, засебно живеалиште, ама не секогаш е возможно. Ако родител вели или пак остава како траги дека едното дете е терет во фамилијата - не е добар родител.
    Јас лично сакам да се одделам од порано, ама ако се случи да не можам и останам подолго време со моите, а и брат ми е тука - не сме терет ни јас ни тој, дур се снајдиме. А уште по не фер е кога се прифаќа синот со се своето ново семејство, ама се смета дека девојка која останува дома е терет во сопствениот дом. Добро стој тоа сопствениот дом во насловот.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, dunika и 12 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="theowndemon, post: 3871799, member: 79519" Добро стој тоа сопствениот дом во насловот.[/QUOTE]

    Сопствен дом значи дека имотниот лист се води на нејзинио име..значи не треба да се потенцира тоа..Мислам дека на Рама домот е сопственост на нејзините родители.
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    Девојката е порасната таму.
    Не можи да го наречи местото кај своите родители дом се дур некогаш во иднина не најди место туку треба да се смета како терет во него?
     
    На CameliaMiller, blackwave, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека е терет!
     
  10. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    хахаха во иста ситуација сме мене веќе 4 години ме мажат ама не им оди хахахах
    Им викам ако толку сакате мажење женење правете им свадба на вашите деца мене остајте ме на мира млада сум уште.
    Безобразни многу се ,врти им глава и не ги слушај
     
    На cresa-jagoda, Rama и DAngel им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    upload_2018-4-3_13-25-12.png
    Изгледа јас грешно ја сфатив темата бабе, м? :lol:
    Одговорив на темава, и ми прокоментира за делот „сопствен“ дом, дека уствари е сопственост на родителите. Океј, сфатив тоа. Ама дали тоа значи дека девојката ќе остани терет во местото кое го нарекува дом последните 20тина и повеќе години? Дали е исправно или не, од тој аспект одговарам и не се надоврзав на претходни мислења, да се надоврзев па да велиш никој не рече. :lol:
    Стварно не сфаќам што сакам да кажиш со тоа дека никој не рече дека е терет. :wasntme:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Се зезам јас, ич не се замарам :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Затоа не ми се допаѓа насловот.
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    @baba Rada нека не седи „сопствен“, нека седи „свој“, нека седи само „дом“, нека биде додадено „станува терет во домот во кој израснала“, како и да е. Домот на родителот е дом на детето се додека детето не оформи друг.
     
    На CameliaMiller, LiliBoz, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Според мене мислам дека не е лошо секој до одредена возраст (по мене некаде 21-22 години) да се осамостои во посебно живеалиште одвоено од родителите (но секако ако нема можност сам/а да се издржува бидејќи сеуште студира или има мали придонеси, би можело со некаква финансиска подршка од родителите). Но исто така ми е сосем јасно дека не секој ја има и ваквата можност. Јас бидејќи имам можност да живеам засебно од моите, сум немала никаков притисок за мажење и слично. Но дури и да бев сеуште во домот каде што израснав, убедена сум дека немаше да имам проблем од таков тип.

    Од друга страна пак, знам дека има семејства во кои се врши притисок од таков тип најчесто на девојките кои имаат постар или помлад брат. Но јас би рекла дека современ човек и пред се родител кој е свесен дека полот не прави никаква разлика помеѓу децата во однос на нивните права во домот, нема да биде допрен од таквите да речам малограѓански и малку повеќе накај селски муабети од саканите му комшии или дури и од пошироката фамилија. Затоа што кога родителите ќе бидат во поодминати години, сигурно нема комшиите да дојдат и да се грижат за нив, туку пак тоа ќе бидат децата.
     
    На Doozy, CaraMia, blackwave и 3 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Во ред е душо, ама зборот ТЕРЕТ е многу неубав, несоодветен ..ајде објаснете каков товар е тоа за родителите, што значи?
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    @baba Rada има секакви родители, за некој за среќа, за други за жал. Некои родители сметаат дека машкото дете мора да остани дома, да не се осамостои. Односно, машкото дете да се чува, а женското да се дава. Ова буквално го имам слушнато со чувањето и давањето. Можеби во блиско семејство немам ваков пример, ама во блиска околина, за жал, имам вакви примери.
    Во право си, терет е тежок збор, ама родител кој смета дека треба женското да се мажи побрзо, да си оди побрзо, баш и го гледа девојчето како терет, како да не треба да е тука, како вишок.
    Не е исправно, ама е реална ситуација во многу семејства. И пак ќе речам, за жал.
     
    На CameliaMiller, Lolo5, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  18. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Замислете стварно во поодминати години да се разведе една жена (50 тина), што и ова не се поодминати години, па треба да се врати кај мајка и таткои и во куќата или станчето за да повторно заживее после пропаднатиот и лош брак со некое говедо (пошто тогаш пред 30 години мислела дека мора да се омажи за да не ја зборат и да не биде терет). Тогаш теретот е поголем или како? дека иде со багаж рецимо од 1-2-3 деца. :)
     
    На CameliaMiller, Lolo5, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Напротив, родителот сака да го удоми своето дете, да не остане само и без фамилија кога ќе остане и без родители..ниеден родител не мисли за своето дете како терет.
    Погрешно се сфаќаат некои работи, наместо добробитот, вие гледате лошо во тоа.
     
    На Bojana890 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Едно дете сум,моите не би ми вршеле протисок бидејќи самите тие се земале на некои 30 години чекале да се догради спратов ова она и не се брзале плус мајка ми ме родила во поодминати години.После факултет имам кај да живеам не дека ќе се чувствувам како терет на моите бидејќи дете си е дете дали на 15,25,35 не можеш да го избркаш туку сакам да се осамостојам.Ич не ми се допаѓа тоа ајде брзај ја,можеби не сака да се мажи можеби чека добра прилика да не брка после адвокати за развод.Тоа е сопствен избор, ако родителите живеат на грб на децата не се терет бидејќи они не хранеле, растеле, облекувале ама женско ако живее во домот на нејзините терет е?Вакви затуцани мислење може само во селана да има ама баш село село не некои поурбанизирани.:^):@
     
    На Lolo5, SummerGirl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.