Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога девојка во поодминати години станува терет во сопствениот дом?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Rama, 3 април 2018.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Како тоа земате од братот? Брат ви го купи, спечали па вие му земате.:^)

    Јас имам двајца браќа, никој од нас не живее со родителите нити планира ( јас сум мажена, ама и пред да се омажам не живеев со нив), се што имаме делиме на 3 дела сите сме исто деца. Од мали нозе ова ни е нагласувано од моите, мајка ми па ниту баба ми не отишла да живее кај свекрва, па срамота е ние младава генерација да се враќаме во минатото... Така да ниту ја отидов кај свекрва, ниту браќава ќе носат снаи.

    @Rama ти со 28 години се рачунаш дека си во поодминати години?:D Може и навистина треба да заминеш од таа куќа и да се осамостоиш не затоа што сметаш ами да се тргнеш од таа токсична средина.

    Брат ти решил да формира семејство, баш фино за него ама тоа не значи дека ти си вишокот, штом е веќе толку зрел со невестава требале да мислат и на станбено прашање, а не како да ја брка родената сестра од дома.:puke:
     
    На Lolo5, Harper, Hipster и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Да имам син и ќерка и се да му оставам на синот за покрај него да си ужива снаата а ќерката да си ја фрлам на улица и ако не и се погоди брак нека трпи. Жити правдата.
    Ние што сме едно женско само, изгледа на зетот треба да му го остават моите имотот. Оти машките златен задник имаат, по вредни се, не умееме ние жените со имоти и пари. :D
     
    На CameliaMiller, Lolo5, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.328
    Допаѓања:
    17.907
    Пол:
    Женски
    :clap::clap::clap: (y)(y)(y) :handshake::handshake::handshake:
     
    На Lolo5, kikkki, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Мими,не реков јас дека се сметам во поодминати години,туку дека околината ме смета така.
    А како да се осамостојам кога немам доволно средства за тоа,не можам да заминам под ќирија во една соба и само за тоа да ми стига едвај платата.
    Зборав генерално,и други примери наведував тука,не само за мене.
     
    На BlackAndWhiteSwan и kikkki им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    аааах, деца, деца....но на жалост само во Македонија може за ваква тема да се збори со купишта страници..криви се родителите што ептем ги разгалуваат децата, ги ранат додека можати нив и нивните семејства.
    Секаде во нормалниот свет, децата кога ке пораснат и завршат со школување, си одат од дома..никој не сака да живее заедно.
    Што мислите, дека родителите не сакаат откако ќе ги изведат на пат децата да живеат сами, на раат малку и они?
    Зошто сте толку себични и саможивници?
    Па ќе им се налутеле на родителите, па партали ќе летале..види богати, партали ке летат од мене оти на моето дете не сум му дала куќа. простор за живеење..па уште не умрена па бара дел..оф леле мајко, кои глупоштини.
     
    На Doozy, Rama и crimson им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    52.026
    Пол:
    Женски
    Не се работи за тоа, јас верувам дека секој сака да се осамостои.
    Туку делење, машко-женско дете.
    Ако веќе се бркаат децата од дома после завршено образование, треба да важи истото за двајцата. А не синот со снаа и деца дома, а ќерката нека се снаоѓа.
     
    На CameliaMiller, kathy es, lovestoneddd и 20 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Мислам дека барем во таа поделба на син -ќерка, одамна се оддалечивме..незнам дали се уште некаде во светов постои таква поделба, па и муслиманите станаа послободни на тоа поле.

    Да искористам и да пишам како било порано во Кина...родителот нели стално вели-Нема да умрам на раат додека не те видам маѓена или женет(вие младите погрешно оваа желба ја примате)..не е важно...е, значи во Кина имало порано пазари за женидба, ако ќерката помине 27 години и се уште не е омажена, ја носеле на пазар и ја продавале.

    @Rama душо, да пуштиме оглас за продажба и да ти одредиме цена:rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    (ај да се насмееме и на твоја мака малку, нема љутиш, нели):hug::*
     
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    52.026
    Пол:
    Женски
    Оооо постои, куп такви примери знам, а верувам и другите.
     
    На CameliaMiller, Lolo5, lost123 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Има многу "дупки" во таквото родителско размислување: Сакам да те видам среќно мажена ќерко/ среќно женет синко.

    Среќата не е материјална за да се купи. Ниту пак е дефинитивна. Таа е минлива и релативна, без оглед дали сме во брак или не.

    Mногу добро разбирам зошто родителите посакуваат за своите деца: брак, семејство, ситуираност & all that.

    Но не секој сака брак. Не секој сака семејство. Не секој може да си дозволи од ваква или онаква причина семејство. Не секоја врска преминува во брак.
    Нашиот живот е наш. Не е на родителите. Понекогаш родителите сакаат да ја имаат сета контрола во животот на детето. Тоа не е функционално во ниеден случај.

    Конкретно за мене: моите родители очекуваа дека мојата долгогодишна врска ќе резултира во брак. И тоа е во ред. Но не беше во ред што константно ми вршеа притисок за брак. Иако не ни бев во "поодминати" години (сега сум :D ), успеваа да направат да се чувствувам баш како терет што сум им во куќа. Ги разбирам потполно нивните традиционални сфаќања но не значи дека по секоја цена треба да се потчинам на истите. Или да ги усвојувам.

    Моите родители (иако по многу перипетии, драми, расправии, непријатности) го сменија тој став кој реално ни го нарушуваше цел однос.

    Ситуацијата на Рама е поинаква, но сепак можам да разберам како се чувствува бидејќи сѐ уште не може да си дозволи да живее самостојно.

    Родителите се сепак оние кои треба да не мотивираат да бидеме најдобрата верзија од себе. Да не советуваат, да помагаат колку што можат. Контролата и притисоците нема да придонесат да живееме "happily married life".
     
    На CameliaMiller, kathy es, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  10. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Пред извесен период водев разговор со мајка на син и ќерка.
    Одам кај нејзе на честито за нејзината снаа при што следеше разговор и за нејзината ќерка.
    Ја прашувам каде е таа и дрско одговори: Не можам и нејзе да ја мислам, ја испратив таму кај тетка и во село се средиме дома, не планира да се мажи во блиска иднина со дечкото, а со маж ми планираме да се префрлиме на долниот спрат, ова овде ќе остане на синот, а таа сама нека размислува за нејзината иднина.
    Се запрепастив, не сакав да потикнам дополнителна расправија бидејки таа воопшто не мислеше на нејзината 22 годишна ќерка.

    По некој период наслушнав дека самите нејзини родители го молеле нејзиниот партнер да стапат во брак, тесно било, немале пари, па вака така мораа по 7-8 месеци врска да стапат во брак бидејки според некоја логика на нејзините родители таа им пречела таму.
    Ќерката го прекина целиот контакт со родителите после тие немили настани.

    Сакам да кажам, пред да се мислете дека не постојат такви родители, постојат.
    Секогаш кажувале - тој е син, тој е машко па така правиме додека ќерката се знаело што да прави и каде да оди.


    А за осамостојување, па и колку искрено може да се осамостоиме со таа плата од 200 евра? Да бараш стан под ќирија, за храна и некои основни потреби, нема да ја издржиш неделата а да не зборуваме месецот.
    Баталете вие западот кај што по 18 години живеат сами, таму примањата се високи, се е поинаку.

    Да не избегам од темата
    Ако случајно разберам дека сум терет а сум придонела дома финансиски, си ги пакувам куферите и ќе размислам дали ќе бидам во контакт со родителите.
     
    На CameliaMiller, kathy es, Lolo5 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па затоа ти реков дека лошо ти влијае средината, па затоа да размислиш да направиш промена, можеби друг град, да смениш струка, друштво, не мора веднаш верувај млада си имаш време за промени.
    Жално е човек да се осеќа вишок во своето семејство оти мнозинството во твојата околина решило да раѓа пред 25 години. А за мажачка ќе си дојде кога треба не си престарела.(fingers)

    Веројатно си разговарала со твоите ама седни објасни им дека те повредуваат таквите муабети и колку не се фер спрема тебе.:hug:
     
    На Doozy и Rama им се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Значи да не ме сфатите погрешно, јас зборам за случај кај што нема што да се дели една куќа/стан е и тоа е тоа и притоа едно од децата нема решено станбено прашање, нужно е едниот да се жртвува.
    Друго е кога двајцата се обезбедени, не е фер само на едниот се да припадне, независно дали се брат и сестра, две сестри или двајца браќа, или тројца и повеќе.
    На крај краева сите деца се законски наследници не може никој со сила да ви земе ништо ако доброволно не се откажете.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.984
    А во првиот случај, како тој еден да се жртвува?
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Мене па изгледа многу ме сакаат моите штом ми викаат боље седи со нас и до 50 години ако треба немажена, отколку со некој муфљуз да се земеш само зашто ти се годините дојдени па да се малтретираш после или да се разведуваш.

    Да, ми зборат за внуци и за мажачка пошто ја сум од тие во поодминати години|( ама тоа го зборуваат зошто на нив им се прави мерак да имаат внуче а не зошто сакаат да ме избркаат од дома.

    Е сега брат и сестра немам, ама доколку имам брат и донесе жена дома ако му е тесно уз мене на него и новата невеста, искрено негов проблем. Дека ќе се мажам и ќе си одам од дома само заради некој друг тешко. Што да прават оние кои ете немаат партнер или едноставно не сакаат да се мажат. Тоа е дом на родителот а не на братот или сестрата. Живеам во станот на мајка ми и татко ми а не на брат ми или сестра ми.

    Додека мајка и татко ми директно не ме избркаат од дома и не ми речат- Оди си од куќава, не те сакаме тука, јас да сум не би мрднала од дома. Е сеа Боже мој, ако како родители не ме сакаат веќе и не ме множат со нула како нивно дете, ќе си заминам од дома ама толку ќе биде од нас како семејство, ниту они од тој момент ќе постојат за мене ниту јас за нив колку и да е болно тоа бидејки јас неможам да си замислам такво нешто.
     
    На CameliaMiller, Lolo5, SummerGirl и 14 други им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Оф бе, јас знам ситуација каде ја напнуваат ќерката значи притисок навелико да се мажи и ајде има запросувања веридби и оп после некое време ќерката назад;(
    Знам ситуација и каде навистина ќерката си се иживљава со сите дома и со снаа и брат и ужива во тоа другите што ќе купат и зготват а она со четирите нозе во вис.
    Јас имам сестра 30 години и е немажена но не гледам дека им е терет на моите дома.
     
    На SummerGirl и Rama им се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Во смисла доколку е станбено обезбеден да го препушти тој стан на другиот кој не е.
     
    На Rama и Emy867 им се допаѓа ова.
  17. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Не ми е нормално да помислам дека дете (машко или зенско) на родител би му претставувало терет...од кој и да е аспект или гледиште
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. medena123

    medena123 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Тетка ми на 40 години се омажи а пред тоа ништо не работеше. Апла беше терет дома, бар така од страна и викаа... за жал. Но, ништо не работеше, така да, многу лошо искочи. Но, секој со среќата и судбината...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Жал ми е да кажам дека мајка ми е еден од таквите родители...не во смисла да не си го сака детето, туку кога сестра ми беше немажена таа цело време ме прашуваше дали сестра ми си има дечко, дали планирала да се мажи, бла бла бла...Па кога ќе и кажам дека нема дечко ќе рече, ех, да можеше да си најде некој да си се одоми и да си створи фамилија. Знам дека кај неа тоа е со добра намера, дека сака да дочека внуче и се тоа, и мислеше дека сестра ми е несреќна во тоа време кога не беше мажена. НО, на неа уште откога била дете, девојче, девојка, жена, менталитетот ни е таков што сите и трубеле дека така треба да биде - да се омажи и створи фамилија, и на мајка ми не можеш да и докажеш дека треба да престане да ти прави притисок, дека среќата на сите не е во тоа, абе се наполнивме нервози и јас и сестра ми слушајќи ја, само за тоа правеше муабет. Фала богу дека за бркање не ни станало збор, две сестри сме, куќа огромна, ама и да имаше браќа моите не се такви да не избркаат.
    На сестра ми во тој период и беше многу криво, се чувствуваше како терет, дури понекогаш ќе ја прашаше мајка ми дали и е терет, и оваа ќе одговори не, никако не си ми терет, ама сакам да си створиш фамилија. Дури и беше шубе и пари за излегување, дезодоранс, било што да побара бидејќи плус беше и невработена во тој период.
    Јас завршив факултет и не живеам веќе со нив, ама и на мене како да почнаа истите муабети да ми ги трубат бидејќи нели факултет, работа па деца и тоа е. Еднаш или двапати ми спомнаа (бидејќи сум во долга врска) кога ќе дојде ред вие да се мажите, така така, бла бла, глупи муабети што не ги ни памтам, одма пресеков и реков да не ми ја полнат главата и да ме остават на мира. Среќна сум што такви муабети веќе не се повторија.
    Ако дојде ред да се вратам со нив да живеам, верувам дека ќе живеам на другиот спрат бидејќи мајка ми се навикна колку - толку да живее сама, се сака да биде по нејзино и нонстоп би се карале.
    За оние со машко и женско дете кои му оставаат се на машкото, срам да им е!
     
    На ivimis, Lolo5, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Проблемот настанува кога луѓето премногу сериозно ја сфаќаат биолошката предиспозиција, па така решаваат по секоја цена да ги остварат семејната и родителската должност, дури и тогаш кога не се психички подготвени на таков предизвик. Притисокот од домашните и околината е најчест и најодговорен за ситуациите во кои луѓе кои сеуште не ги разрешиле проблемите од сексуална, стамбена или финансиска природа се одлучуваат да стапат во брак..
    Постојат и ситуации во кои младите и по своето полнолетство како и завршен факултет одлучуваат да не работат ништо од разно разни причини, и имам забележано дека за тоа ниту родителите а ниту околината имаат разбирање, и не се ни трудат да им помогнат на ваквите луѓе, а ниту да ја дознаат причината зошто е тоа така. Туку само ги притискаат и притискаат да се отселат од дома со изговор дека им е "време" за стварање сопствено гнездо.

    Самото живеење во оваа благо речено сива земја е проблем, и да, не само што е тешко да најдеш добар сопатник со кого треба да реализираш иднина, туку згора на тоа ќе морате цел живот да крпите и штедите влегувајќи во кредити до гуша за обезбедување сопствен дом.

    Сето ова горе не ги засега само повозрасните девојки и момци, туку сите луѓе генерално.
    Најдобра солуција за замаскирање на овој проблем со домашните, е според мене девојката, или дечкото да се вработат и да помагаат со надмирување на домашните трошоци. Така делумно обезбедуваат сопствен интимен простор во кој секогаш ќе имаат алиби за да ги замолчат родителите кога ќе им споменат брак или деца.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, peperutka87 и 5 други им се допаѓа ова.