Што кога девојка во поодминати години станува терет во сопствениот дом?!

Discussion in 'Општи дискусии' started by Rama, Apr 3, 2018.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Joined:
    Jul 2, 2018
    Messages:
    6,948
    Likes Received:
    40,038
    Gender:
    Female
    Секој во поодминати години станува терет во домот на родителите. Не е тоа сопствен дом тоа е дом на родителите. Ти треба да имаш свој дом и нема да бидеш терет никому. А за да имаш мораш да го мрднеш газот и да го создадеш.

    После толку години сфатив дека оваа стара македонска проблематика не бил битен полот уствари туку теретот. Седењето со мама, тато и бато на 20 и на 40 години не е исто. Самото заедничко живеење предизвикува нелагодност зошто како човечки битија сме така програмирани

    Затоа е таа лавовска битка подоцна снаа и свекрва оти бате кај мама и тате си седи сеуште. И дада да седи и дада е терет за очи. И зеро пол да седи и тој нема да чини.


    Затоа веќе на 25 години би требало единката да е способна да си плаќа кирија и да не слуша многу македонски приказни туку да работи.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Joined:
    Nov 23, 2017
    Messages:
    10,818
    Likes Received:
    97,390
    Gender:
    Female
    За моето дете секогаш вратата ќе биде отворена. И секогаш мојот дом ќе е негов дом. Тоа не значи дека треба да живее со мене кога ќе има 40 години. Независноста е составен дел од воспитувањето, не се решава кога ќе направи 25 години, ајде исели се.
    Јас да сум на местото на жените чии родители сметаат дека се треба да се остави на братот, а сестрата ќе оди кај мажот, нема да ги погледнам тие родители повеќе. Ама телефон не им кревам. Ќе ме заборават скрос. Пошо родителската љубов треба да биде безусловна. Да го сакаш детето без разлика на сите фактори надворешни. А во тие фактори спаѓа и пол. А не кога ќе те прашаат што носиш - женско, и ти викаат не е битно, само здраво и живо да биде. А прво па машко, па па па. Во камено време вратете се таквите. Родителите имаат правна и морална и пред Бога обврска да не ги делат децата. Оди запали една свеќа в црква, тоа ќе ја опраи работата. Верник си. И децата што ти ги доделил Бог да ги исчуваш, шутни го едното на улица. Синот нека гледа да најде жена, и нека прави деца, куќа има веќе, а женава има да пази како се понаша со мажот пошо ако зуцне може и да улица да остане, во куќата на братот е веќе гостинка. Сите што се работоспособни нека си изградат/купат куќа/живеат под кирија. Не мора родителите да градат 3 куќи, една за нив, една за синот, една за ќерката па и повеќе ако имаат повеќе деца. Туку се што имаат дури и да е малку да го поделат еднакво. И 1000 денари да имам в џеб ништо повеќе, ќе им го делам еднакво. Таквите родители треба на старост лекција да научат кога ќе се немоќни.
     
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    17,004
    Likes Received:
    130,674
    Gender:
    Female
    Оној родител кој не ги третира машкото и женското дете исто,нема љубов во себе.
    Ако некогаш имам деца,нема да ги делам,без разлика на полот,без разлика на нивните карактери.
    Попрво би се отепала себеси отколку да лишам своја крв од љубов и (имотна)заштита.