1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога дома имате човек кој бил во затвор?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од jarec6, 21 октомври 2011.

  1. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Се надевам не е дупла темата,ако е тогаш клуч.
    Вака,ме интересира што мислите,дали доколку имате дома личност,која била во затвор и сега еве излегла,дали мислите дека ќе се смени односот на вашите пријатели кон вас,дали ќе им биде страв да доаѓаат кај вас дома или ќе ве гледаат вас со поинакви очи,без разлика што не сте вие таа личност,туку вашиот,татко,брат,сестра било кој од вашиот дом?
    Сакам да подискутираме на темава малку.
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Зависно за што бил-а во затвор. Јас сум пред се рационална личност и убаво ќе размислам пред да донесам некој избрзан заклучок за рекла казала увеличени работи. Во мк е катастрофа. А згора на се менатлитетот ќе те докрајчи ако не те докрајчил скандалот.Е сега да разграничиме некои работи: во Мк за потешки орекршоци се оди во затвор како проневера, насилство, кражби, убиства и сл, ама во странство се оди и ако некого го плукнеш. Па сега ако некој бил во затвор 1 месец само затоа што плукнал некој никому ништо ќе си се однесувам како порано и со него и со останатите. А ако било тоа некој потежок случај за кој со сигурност би знаела дека е виновен и нема трошка покајание би се дистанцирала ако знам дека има негатвно влијание, а со неговите исто ќе се однесувам. Што ми зграшиле тие? Само сепак е покомплицирано во некои случаи каде поединецот излезен од притвор е психички лабилен, е тогаш ќе избегнувам се живо и диво за доброто на сите
     
    На JoxyTheFreak и maca99 им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Мислам дека нема се да биде исто.Еве бил осуден за убиство,сите ќе го гледаат поинаку,накриво, ќе се плашат.И јас би и не би сакала да имам контакт со таков.
    Сепак нашиот менталитет е тој и така ќе биде.На тој што бил затвореник му останува само подршката од семејството,ама не секогаш :!: Така да ништо нема да биде исто.Се случува и да биле погрешно обвинети.Ама ајде докажи,за другите ќе бидеш пак бивш затвореник.
    Никој не сака такви околу себе,убијци,крадци,педофили....Навистина тоа е реалноста.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За да одиш во затвор треба да си направил некое тешко кривично дело -убиство, кражба, дрога (за мали дела не се оди во затвор, така кај нас функционира Законот, условна и парична казна-демек опомена и памет за друг пат) ...Таквите луѓе не верувам дека се дружат или пак се дружат од корист со оној кој не е таков. Јас воопшто не би дозволила да таков ми биде пријател а не пак да ми влегува во куќа.
    И роднина да ми е, сепак не. Не би можела да го издржам тој притисок, да седам со него и лице да му правам демек се е ок. И покрај рехабилитација а знаеме каква можат да добијат во нашите затвори, само повеќе можат памет да им извадат а не да им го дотераат во ред :)
     
  5. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Добро него знаеме како ќе го гледаат,мене конкретно прашањето ми е за тие околу него.Јас имам таков случај и наскоро ќе биде дома(во странство лежеше инаку),јас не сум крива за тоа што тој го направил,ама знам дека некои луѓе ќе ме гледаат поинаку,зошто имаме таков менталитет.
    Јас не сум ни била родена кога брат ми направил глупост,и зошто сега да ме гледаат поинаку,кога јас сум поинаку воспитана,никогаш никаква глупост не сум направила,секогаш сум била примерна,сосема спротивно од него.
    Знам дека во очите на некои луѓе јас и тој ќе бидеме исто,ама без разлика на се тој ми е брат јас го сакам повеќе од се и немам проблем со тоа,само ме интересираат мислењата на останатите
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Јас воопшто тебе не би те гледала поинау. Напротив. Се би било исто во односот. Само сепак како што наведов во погорниот пост се зависи од видот на злоделото. Но неговата грешка не значи дека другите треба тебе да те судат и да немаш човек пријател дури си жива да ти прозбори.
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    ^ Јас мислам дека кон тебе нема ништо да се смени затоа што веќе знаат дека е во затвор. Него ќе го гледаат чудно откако ќе излезе а тебе би те третирале различно ако сега тој направеше глупост и завршеше во затвор, така да таа приказна звршила уште пред да се родиш. Барем мене така ми е логично.
     
    На veren и jarec6 им се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па така кажи де :) . Што има тебе да те гледаат со други очи кога ти не си направила ништо. Тој што те познава те знае. Ако ти е искрен пријател, другарка, роднина и сл. не би требало да се менува односот воопшто.
    Знам, лесно е да се каже ,,ма не се замарај што ќе кажат другите,, ама сепак не е така (балканизмот некогаш е појак од нас самите). Тој што е вистински со тебе ќе остане и понатаму со тебе
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Немој да се секираш, ама ич :hug:
    Иако сте производ на исти родители, од една заедница, вие сте посебни индивидуи.
    А и икакво објаснување не е потребно, никому, ти си таа што си, си била таа додека е во затвор, ќе бидеш истата и по неговото излегување.
    Неговото враќање дома не треба да има никакво влијание по твојот живот, а околината...хм, луѓе се, нек си прозборат, ама нека не те интересира што ;)
    Башка, во овие моменти ќе направиш селекција, на луѓе кои вистински ти се пријатели и те ценат како личност, и оние кои цело време глумеле.
    Тебе ти е брат, тоа ништо не може да го промени. Подршка на него ќе му биде и повеќе од потребна, нему и на твоите сигурно, повозрасни се, поподложни на влијанијата од околината, муабетите, а ти?
    Ти ќе си бидеш исто како до сега, + нивна поддршка, со тоа што доколку некој одлучи дека ти не си вредна за негово друштво, само затоа што, брат ти е пуштен дома од затвор, значи не затоа што бил, затоа што е дома, тогаш само ти направил услуга со тргањето на маската од неговото лице, остатокот што ќе останат, се вредни да останат со тебе.
    А како и да е, и нека си заминат сите, де, ние сме тука, а види колку сме... ;) :) :hug:
     
    На Neytiri, Theodora, jarec6 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека стварно немаш ама баш никаква потреба да се оптоваруваш со такви муабети и да размислуваш за тоа дали другите би те гледале исто. Најважното во цела таа работа е тоа што брат ти по толку време се враќа дома и ти треба да го сакаш и да си среќна поради тоа,а и да му пружиш поддршка бидејќи сигурно ќе му биде многу потребна. Сепак брат ти е и не можеш да го промениш тоа што тој бил во затвор. А нема што другите да те гледаат чудно или да го променат односот кон тебе, доколку ти се вистински пријатели ништо нема да се промени, односот ќе си остане ист.
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Зависи зошто бил осудуванако е некое потешко дело не би се нафатила да бидам пак со него, и односот меѓу нас нема да биле исти,а не пак на моите пријатели.Сепак ќе пробам
     
  12. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Не се оди во затвор само за тешко кривично дело. Јас познавам многу луѓе кои што местото им е само за во затвор а шетаат на слобода а и такви кои што поради несреќен случај законот ги терети и им суди. Па за обична тепачка затвараат луѓе. Познавам 2-3 луѓе кои учествувале во сообраќајна несреќа и чим има жртва без разлика на околностите -те осудуваат. И лежеле затвор. Некој минимално некој повеќе.
    Сеуште одам дома кај тој човек кој беше лани во затвор и воопшто не го гледам со други очи. Само ми е многу жал кога ќе помислам низ што поминаа луѓето.Греота.
    Познавам и една жена која има две деца.Ќерка и ја знам вака од гледање,фино девојче, а син и разбрав дека е во затвор,многу проблеми правел не знам ни зошто е осуден. И што да прави сега девојчево ?! Треба да се крие,да не излага да не се дружи со никој.Не! Баш напротив. Не треба така да гледаме на работите зошто не знаеме еден ден нас што ќе не снајде. :!:
    Немој воопшто да се замараш кој што ќе каже зошто луѓе ко луѓе секогаш има такви кои што својот живот не си го гледаат и само оговараат.
    Уживај и сакај си го брат ти таков каков што е зошто пријателите можеме да си ги бираме но семејството не! Еднаш се живее :!:
    Само напред и со крената глава, нема од што да се срамиш. Затворот не е веќе табу кај нас.
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :) jас се сложувам со ова мислење ! Прво треба да си го прифатиш братот како брат тој е твоја крв и после самата да си донесиш заклучок за што и како било па да изградиш став на твоето однесување , а за другите и не е важно за кого живееш ти за другите или за ТЕБЕ ! ако брати се постави мирољубиво и братски спрема тебе зошто ТИ да го отфрлиш??
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Додека човекот е кон мене културен и не ми згреши, ќе го гледам и јас со почит, независно зашто бил во затвор.Не сум ни Бог, ни судија па јас да му пресудувам со мои погледи или коментари, се додека мене или мој близок не засега.
    Нема многу да ме разберат, но зашто да не се даде шанса?Ако еднаш згрешил и бил во затвор, не значи дека ќе биде ист.Ако луѓето однадвор не му пружат шанса, тогаш како човек да застане на свои нозе?!
    Затворот e местото каде требал да ја научи лекцијата, а не причина да биде цел живот потоа отфрлен од општеството.

    Тука не ги вбројувам на пример, силувачите, педофилите и слично, тие за мене се психички нестабилни луѓе со кои и да сакаш не можеш да оствариш нормален контакт.
     
    На jarec6 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  15. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    :^) Некакво објаснување?
     
  16. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Објаснувањето е што ми е полу брат и нема да има деца понатака во животот(поради годините на тоа сум мислела немам брат кој би го продолжил,а не дека немам брат,сега кога си ме цитирала сфаќам дека лошо е напишано),комплицирана приказна,плус јас го немам никогаш видено до сега,сега кога ќе си дојде прв пат во животот ќе го видам.Иако ми е полу брат,јас од мала знам за него и сега кога ќе дојде ќе си живее со нас.Јас си го сакам тоа што ми е полу брат не ми менува ништо.А и со брат ми имаме различно презиме заради други околности.
    Инаку фала ви на сите за поддршката.Јас си го сакам и мене не ми пречи што бил во затвор,тој за мене душата ја дава и ќе биде на некој начин замена за мојот татко(инаку е син само на татко ми).Многу чудна приказна е знам(за на све за љубав,ова ко ќе го видам,за прв пат :D )
    Осуден беше за тешко дело,меѓутоа не е ни педофил ни нешто такво болно со умот,јас не прашувам за мене,јас го прифаќам каков е таков е мене ми е брат и битно ми е спрема мене и мајка ми како се однесува,а не ми е гајле за другите,јас од никој не сум криела дека е во затвор,не се срамам од тоа,немам такви комплекси,само ме интересираше како размислувате,како би постапиле доколку имате таков човек во близина и слично.Фала ви на одговорите девојки.Па кога ќе с еврати ќе пишам баш што сум приметила за околинава :)
     
    На SummerGirl, eutixismena и Mini-Mouse им се допаѓа ова.
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Дека околината ќе го гледа чудно, со неповерение и страв, тоа е сигурно, но не верувам дека ќе се смени нешто према тебе. Секој човек е одговорен за своите постапки, а ти доколку не си погрешила ништо нема зашто некој да го промени односот према тебе. Зарем ти треба да сносиш одговорност и последиците за грешките на брат ти? А еве и да речеме се смени, зарем ти е битно што мислат и како се однесуваат комшиите? Кратко и јасно НЕ. Комшиите постојат за да оговараат (ретко кои се ОК) и не треба да те загрижува тоа, а вистинските пријатели ќе останат покрај тебе без разлика дали твоето семејство (или член) нешто згрешило или не.
     
  18. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Не јас воопшто не се замарам што мислат другите па според тоа да ми се смени нешто кон брат ми,воопшто,туку ме интересира што мислите како размислуваат или како би постапиле вие во таква ситуација.Тој ми е брат,ме има само мене на светов и мајка ми која прави се за него,а не му е мајка,тој не сака премногу и ние него.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Нема зошто тие околу затвореникот да се гледаат накриво. Признавам дека јас лично со затвореникот не би била во близок однос ако тој бил осудувам за кражба, убиство, случај со дрога и сл. и тоа нема врска со менталитетот, едноставно тоа е одлука на инвидуа.
    Ама нема причина јас да не се дружам со брат му, сестра му, мајка му или некој друг од неговото семејство! Баталете го менталитетот наш, таков е каков, секој различно гледа на затворениците и на нивните семејства...
     
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Срцка со други зборови сакам да кажам дека и јас не би се замарала за тоа како размислуваат другите, дали ќе го осудуваат или не (не би постирала такво нешто доколку не би го применила и на себе си нели?). Мене лично не ми е важно туѓото мислење се додека јас сум сигурна во моето. ;)
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.