1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога интимните фотографии ќе завршат на погрешно место?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од нина122, 12 мај 2020.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Дали ви се има случено да пратите на некого интимни фотографии од вас па после тоа тој да ве уценува?
    Или на било кој начин вашите интимни фотографии да станат јавни.
    Како сте постапиле во оваа ситуација?
    Како би ги советувале тие што ќе се најдат во ваква ситуација и поради момент на слабост после тоа ќе дојдат во ситуација да бидат уценувани и исмевани?
    Знаеме дека во реалниот живот најсуров судија е средината.
    Ако има друга тема ваква нека ја избришат админите јас не најдов.
     
  2. Sanja.com

    Sanja.com Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Во денешно време секој втор пратил интимна слика на некој друг. И тоа е како јавна тајна. Но сепак треба да бидеме претпазливи на кого ги праќаме. Уште подобро е ако не се гледа лицето на сликата.

    Од друга страна зависи во каков случај ти се закануваат. Дали имаш ти сопруг или дечко со кој што може да ти ја уништат врската или бракот?
    Ако немаш страв од такво нешто кажи му дека ќе го пријавиш во полиција и дека не потпаѓаш на такви провокации. Сепак нема да бидеш роб на една таква слика.
    Поздрав и секое добро.
     
    На Fancy_Nency 22, Jane.Birkin, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    25.063
    Пол:
    Женски
    мое мислење треба пазење во чии раце може да падне интимна слика.
    не сите се разберливи луге има разни идиоти што ти го кратат животот заради една слика.
    и да пријавиш дури да се среди таа слика ке стигне до други и трети лица
     
    На candy.cane, Wallker, Sanja.com и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Наоѓаш клошари им даваш по 500че и идат и го кршат од ќотек.
    Сликите ги добиваш назад и нема да му текне пак да уценува друга.
     
    На Fancy_Nency 22, Wahnsinn, Harper и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    За мене ова е една од најподлите работи ..не дека нема други подли работи.
    Секој ако не секој барем секој втор во врска што се или во брак или нејсе во контакт обичен бараат интимна слика и си праќаат...
    Во такво време живееме за жал што неможам да разберам покрај толку порнографски сајтови да се бара интимна слика...
    Зоштооо? Која е потребата? Па уште да ја напнуваш женската да ти праќа, ако не ти прати не те сака доволно, за утре ден ако раскинете да те уценува со тоа...:x
     
    На Fancy_Nency 22, WildMk, SnowWhite8 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Sanja.com

    Sanja.com Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Сепак се работи за лична одлука. Ако длабоко во себе мислиш дека не треба да пратиш НЕ ПРАЌАЈ. Никој не смее да ти кажува што да правиш или да ти се заканува. Тој што те сака нема да ти наметне да правиш нешто за кое што се чувстуваш непријатно. ( иако може да биде интересно со човек на кој што му веруваш)
    Во денешно време дури има тренд за праќање на голи фотографии меѓу тинејџерите. До каде дојдовме
     
    На tessie, candy.cane, RainbowButterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Точно така дека станува збор за лична одлука, меѓутоа најчесто тоа е за да се удоволи на желбите на друга личност.
    Некои личности што тврдат дека сакаат(знам случаеви) баш тие играат на картата на емоции и љубов со кое после тоа се вртат за 360степени и уценуваат.
    Најчесто така доброволно праќаат и се зафркнуваат зошто нели во доверба праќаш и таа личност мислиш те сака, а после го злоупотребува тоа.
    Денес се нема верба од едното на другото око а не па на некој друг.

    Жално е.
    Баш тие луѓе што се закануваат со вакви работи се слаби и незрели личности кои длабоко во себе се плашат и сакаат да се почувствуваат моќно.
     
    На WildMk, candy.cane и Sanja.com им се допаѓа ова.
  8. Kahlua

    Kahlua Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Не се чувствувам пријатно да имам такви фотографии, ниту пак некогаш сум праќала.

    Оние кои се фотографираат и ги испраќаат не ги разбирам, но и не ги осудувам. Доколку сметаш дека можеш твојата интима до тој степен да ја довериш некому или ако тоа ти подобри сексуален живот, навали сестро слатка. Ако си доволно возрасна :!: Тоа што сѐ почесто деца испраќаат вакви експлицитни фотографии мислам дека повеќе кажува за општеството отколку за децата.

    А овие што ги злоупотребуваат тие фотографии, со синдром на мало ку*е, само зад решетки би ги ставила. И тоа е сексуално злоставување, нека лежи батката.
     
    На Fancy_Nency 22, Gosh, CindyAnn и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Секогаш праќај интимни фотографии без фаца или најубаво не праќај, чувај го тоа како изненадување за во живо.
     
    На tessie, Ava.84 и Amelia им се допаѓа ова.
  10. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Мене ме плаши тоа што поголем бр што испраќаат такви фотографии се малолетни. Сеуште не се созреани. (facepalm)
     
    На CindyAnn и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Да, тоа е најстрашно. Знам за таков случај каде на девјче од 13 години, баш на роденденот, дечкото на кого пратила такви слики ги праќа на сите и сите почнуваат да зборат за тоа и скроз и го уништуваат роденденот, а и самодовербата. Мислам и дека тоа останува како траума и срам од кој многу тешко може да се оттргнеш.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Дечко на 13год ???
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    не 2 години постар мислам дека бил
     
  14. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Еее исто е 15год. Ахх како никој не ги советува?? Си остава дамка за цел живот бидејќи овде луѓето се со слаб менталитет да не речам со примитивни сфаќања
     
    На cresa-jagoda и Elf им се допаѓа ова.
  15. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Да треба да ги советува некој, но образованието ни е пропаднато, новиве родители се многу модерни па се им дозволуваат на децата, а децава се накако прават нешто на интернет што не треба, тоа што е најлошо тоа им е најитересно. Мислам и секогаш така тоа што е забрането тоа се прави. Не знам ова време не е добро за никого со сето ова влијание на интернетов.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Кој да ги советува жити све да се собереме ние ли по свесните сушстевства оно таткому му ракоплеска на сексуално матретирање на девојчиња во училиште и сите околу него како прво фамилијата го подржува тоа остави другото.
     
    На Gosh, Lady Maria и Besmrten им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Имам интимни слики праќано на бивши а и да завршат јавно ме заболе... Си се гордеам со моето тело каква дамка за цел живот бе кој е безгрешен да дозволам некој да се издигне со тоа божем оскар добил а јас кутрата со дамка. Никогаш
     
    На Feminka192, Gosh, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Аха "модерни" родители велиш. Хм.... Епа и дома кога ќе ги носи ебачите нека бидат модерни.
     
  19. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Хаха ти така мислиш. Прашај ги комшиите што ќе речат. Хаха не мора да ги прашуваш и онака гајле ти е.
    Едит: зарем никој досега не ти се заканил дека ќе ги објави?
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Дали се во ред некој да објавуви твои интимни слики?
    -Секако дека не.
    Ама како и се така и ова е секое чудо за три дена, буквално.
    Се магично отиде во заборав.
    Јас немам храброст да испратам на некој ни пак сум праќала.
    Ваљда свесни сте дека кога праќате вакви слики има можност да се објават и дека е ризик.
     
    На Wahnsinn, CindyAnn, S.W.A.G и 4 други им се допаѓа ова.