1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога интимните фотографии ќе завршат на погрешно место?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од нина122, 12 мај 2020.

  1. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Лесно е од страна да се каже, и јас вака што не сум доживеала ќе кажам дека одма ќе раскинам и ќе се оддалечам, но знаејќи со каков психопат си имаат работа жртвите немаат толку храброст :) А тие што ја гледаат како плен за секс не се ништо попаметни од тој што ја уценува.
     
    На *Amethyst*, Tanjamm и Lady Maria им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Да.. она кажуваше дека не го ни познавала типот
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.252
    Знам јас дека тие не се нормални, ама дали јас ќе бидам нормална ако влезам во тој магичен круг од тепачи, манијаци, уценувачи? Разумот е за да го користиме. Еве ти кажувам дека инспектор силуваше моја роднина. Кој да ја спаси од тие што нас треба да не штитат?Инспектор е, има оружје со дозвола, ќе ја рокне ако сака, и никому ништо. Газдата е газда, му се може да бира кого ќе вработи при толкава невработеност, и не е принуден да мора да прими девојка која има порно фотки. Газдите го собираат кремот за без пари, а за таквите девојки каде ќе ги примат? Во сериозна компанија тешко.
     
    Последна измена: 13 мај 2020
  4. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не можам да те сфатам какви се тие девојки? Не посакувам на никоја од нас да осети како изгледа да биде со таков човек. Но пак ќе кажам, јас само тука на форумот колку сум прочитала, а да не дискутираме и случаи во живо. Обично тие кои што се малтретирани, тепани, уценети не ни размислуваат да пријават од страв што ќе речеме НИЕ и од страв од насилникот. А ние не треба да судиме и да кажеме дека тие девојки се на исто ниво со насилникот, дека не се нормални, туку треба поддршка. Со вакви предрасуди не правиш ништо добро. И не може никој да ја рокне, само немало од кој да добие совет и поддршка за да го пријави тој инспектор :)
     
    На Dentina, ane.bella, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.041
    Допаѓања:
    10.631
    Пол:
    Женски
    И над попот има владика.
    Еден ден и владиката ќе се смени.
    Не мислете дека не може да се среди.
    Може директно да се проследи пријавата.
    И за инспекторот и за другите.
    Има и суд за човекови права.
     
    На Feminka192, Amelia и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Абе лесно е вака на форум ние да си полемизираме, ама во таква ситуација и те како знае крв да ти зоврие и да направиш нешто непромислено. Особено затоа што правдата кон сексуалните манијаци е тиња низ цел свет. Да има нормален правен систем, со нормални казни и матер да им ебат на таквите за да скапат у затвор јас прва ќе речам оставете ги ќе си го добијаат заслуженото.

    Се дури не и пукне филм на некоја со која нема зафрканција. Сега беше пред 2 месеци кога девојка која ја силувал еден го најде и пенисот со ножици за у градина му го исече. Го пријавила, никаде никој не изреагирал, немало доволно докази.

    И јас сум за затворска казна ама факт е дека не ја добиваат или пак е сосема минимална. Е сеа не дека ми е убаво кога ќе прочитам нешто такво од одмазда направено, ама пак да земам и да ја осудам девојката... срце не ми дава. Едно е сигурно, дека светот има еден помалку силувач затоа што тој што го направил тоа еднаш, ќе го повторува тоа се дури некој не го сопре.

    Мора да се реформираат многу работи пред да има правда. А се дури е тоа нема да ме чуди што мал дел од жените си ја земаат у свои раце.
     
    На ane.bella, cresa-jagoda, dayla и 6 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Што бидна со оној малокурестиот Вирус што направи лавина по интернет од интимни фотографии од девојчиња ? Што бидна со тоа дека сите кои биле у групата покрај него ќе биле санкционирани пошто се сметаат за соучесници?
    Да ви кажам што бидна?
    Н и ш т о.

    Да не се чудите кога девојките кои се жртви на вакво сексуално насилство, не пријавуваат.
    Пошто и меѓу тие кои треба да спроведат правда, има манијаци и шовинисти еден куп, казна најчесто нема или пак е смешно минимална, девојката останува со белег на челото а искомплексираното куре утре наоѓа нова жртва, пошто научил дека може да помине неказнето за стореното.

    И да не се чудите, ако прочитате за некој 'екстремен' одбранбен удар од страна на жртвите. Тука највеќе зависи до карактерот на личноста.
    Имавме случаи и можам да кажам дека чувствувам само восхит према нив, и ниту малце жал за манијаците.
    Има ствари кои се поделотворни од законот, така било и така ќе остане.
     
    На crimson, Gosh, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Немам праќано, ама туѓи чувам...за секој случај.
     
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.041
    Допаѓања:
    10.631
    Пол:
    Женски
    Не знам која ти е потребата да имаш такви слики од некој друг.
    Значи не си ништо поразличен од овие кој се предмет на нашата дискусија овде,
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Што да биде кога пола МВР беа внатре. Се вработи и шуто и сакато таму, саглам полицаец во државава за лек нема.

    Ај тоа, туку што се бришеше све живо и диво и не му се ни откри идентитетот на шугата. @Feminka22 да не беше упорна и да не ни го покажеше на нас што бевме онлајн таа вечер доцна, немаше никој да го види. Имаше некоја членка што мислам дека го знаеше лично, ама не ми текнува која, ќе ја тагнев да каже дали знае што бидна со дебилот.

    Се надевам се има сопругата разведено од него. Свиња, уф колку се нервирам коа ќе ми текне на тој случај.
     
    На Dentina, Gosh, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Злосторниците скоро па секогаш испаѓаат поголеми и од законот и од жртвите.

    За свињана вирозна, не се надевам на среќен крај.
    Како што пола јавност остана на негова страна, верувам дека и сопругата му. Сепак има и жени кои веруваат дека жените се причината за одредени дејствија на мажите.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Искрено, ми се повраќа од вакви ствари (закани, уцени).
    Уше поише ми се згади коа ги отворив коментариве на постот кај девојкава што бара помош! Куп бадијалџии се собрале и проповедаат безгрешен живот! А бре!
    Ние само сеир да фаќаме, пола од нив ја изгасиле објавата кога прочитале само ‘Косовар’. Следно, искрцале прсти и седнале да пишат по нешто у коментар.

    Конкретно како одговор на темава, да, сум праќала. Имав врска од сто години, во меѓувреме работев во странство и то је тај зачаран круг. АМА!
    Сум против праќање фотки на непознати или недоволно познати луѓе, па макар и да е мала провокација у прашање, баш ради вакви ситуации покасно.
    Има разни бараби шо се имаат дофатено до интернет, социјални мрежи и најлошо од се’, позиции по нашиве институции!

    За сите девојки кои преживуваат нешто вакво, би сакала само да ви кажам дека не сте сами. Пријавете и одете до крај!

    Не осудувам никој, но бидете претпазливи на кој, колку и што. Не бидете наивни и лековерни, вистина е дека некои грешки се забораваат, но не мислете само на себе, мислете и на вашите родители. Тие сигурно нема никогаш да заборават.
     
    На ane.bella и CindyAnn им се допаѓа ова.
  13. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    Како мислиш за секој случај?
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Баталете да прашувате зошто ги чува сликите...

    Може ради уметнички впечаток, еротска афекција, физичка компарација. Што е битно? Сигурно девојка не чува туѓи фотографии за да ги злоупотреби без причина.

    Поинаков мајндсет имаат жените кон ова чувствително прашање, не се секирајте.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.923
    Пол:
    Машки
    Да, да. Многу поинаков... Еве ти најнов случај од пред два месеци каде што жена му се заканувала на маж за фотографии.

    https://a1on.mk/macedonia/skopjanka...tirachki-fotografii-ako-ne-i-plati-1200-evra/

    Еве уште еден случај од Гостивар

    https://ohrid1.com/archives/15813

    Се згрозувам кога ќе прочитам овакви коментари каде што едниот пол по дифолт се напаѓа, осудува и распнува, додека другиот се брани, заштитува небаре никогаш не би направил овакво кривично дело.
    Воопшто не е битно дали е маж или жена. Поединци се во прашање од двата пола кои прават овакво нешто и не треба истото да се дели родово, ниту да се делат овакви предрасуди врз база на истото. Само така можеме да имаме подобро и поправедно општество.

    За темата, како што се изјаснив веќе во темите за совети, поточно за прашањето на членката @Bianka222 , под хитно треба да се пријави на надлежните органи со сите докази, разговори. Службите реагираат и се врши одма вештачење на сите технолошки уреди и ако се докаже истото, се поднесува кривична пријава до осомниченото лице кое знае да биде далеку поголема од само условна казна или парична, како што може да се прочита во погорните случаи кои завршиле во затвор.
     
    На ane.bella, Peperutce1115, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  16. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    До тие што ги напаѓаат жртвите по коментари на фб или било каде, пред да напишете "курва", "убаво ти било кога си праќала" размислете дека често се случуваат самоубиства баш заради вакви работи.
     
    На Dentina, Ava.84, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CindyAnn

    CindyAnn Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    255
    Треба да се уведе и кај нас ко у Србија(Тијаниниот закон),за било какво сексуално злоставување доживотна робија.
     
    На Ava.84 и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Пропушташ битен детаљ, Били.
    Криминално дејствие и злоупотребени слики со сексуална содржина не може никогаш да бидат на исто рамниште, па затоа и не се третираат така.

    Од истата причина првите завршуваат во секторот за сексуални деликти и на сторителите им се суди, додека вторите не извршиле кривично дело и се третираат како жртви.

    На вагата наречена судска правда момциве делумно заслужиле бидејќи извршувале кривично дело (дилање, убиство, силување или што и да е на фотографиите/снимките), за разлика од жените кои само пратиле фотографија во доверба, па немаат никакво кривично дело.

    Значи не е исто и не може да биде.
    Да биле интимни фотографии/видео снимки во прашање, на порталите ќе пишувало интимни наместо ,,компромитирачки".

    Исто така, постои разлика меѓу машката и женската психологија, и тоа е факт.
    Не когнитивните способности, туку баш како што пишав - биолошки и психолошки спецификации.

    Така да овде не станува збор за никаква одбрана.
     
    Последна измена: 14 мај 2020
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.252
    Еден ден, а кој ден? Знаеме дека кај анс кога некој ќе ја фати фотелјата нема мрдање, ќе окапе до пензија. Тој има јаки врски во УБК.

    Него кај него самиот да го пријави? Тој е психо кој работи во МВР. Има оружје, може да ја убие, и да не ни најдат кој ја убил. Тој нема што да изгуби, а таа изгуби се. Како мала сакаше да се докаже пред сите, да стане судија, или адвокат, ама си тргна по лош пат. Почна да работи на место каде сите девојки, нејзини колешки прават такви работи, се фоткаат, секој ден се со различен и се се урна. Нејзините да донаеја, мајка и дали сега ќе беше жива. Тоа е круг од кој нема излезе, затоа очи 16 отворени.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.252
    Таму има закон, се казнува, овде нема. Со години гради имиџ, се образува, од богато семејство е, има кариера, убава е и се плаши дека некој ќе ја искористи и дека на тој начин може да ја уцени.
     
    На Lady Maria му/ѝ се допаѓа ова.