1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога и љубоморите на вашата најдобра другарка

Дискусија во 'Канта' започната од bajaderche, 28 мај 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bajaderche

    bajaderche Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Еве вака јас би сакала да започнам, а ако има друга ваква тема слободно избришете ја. Зарем нема секој што има барем по една другарка на која по малку и љубомори и посакува да биде како неа?
    Јас искрено имам. Таа е убава и секое машко ја посакува, има убаво тело и најважно има ХАРИЗМА. Знае да ти се пикне в кожа и ја сакаат сите од 7 до 77 години! Има добар, најдобар карактер и секогаш е спремна да помогне. Со мојот дечко што бевме во врска 8 месеци се скаравме до некаде поради неа..Ми рече, колку би сакал таа да беше на твоето место, и од врската беше толку, и мислам дека тогаш се родија првите знаци на љубомора кон Маја...
    Дали и кај вас се има појавено вакво чувство ? Опишете :)
     
  2. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Јас искрено неможам да љубоморам на моите другарки, бидејќи ко прво ни една од нив не се покажала спрема мене ко што јас спрема нив. Секогаш се трудам да им угодам да бидам фер и фина спрема нив, а тие ме зборуваат зад грб и една од нив мене ми љубомори и се труди на многу начини да ми отежни и да ме омаловажи. Јас искрено сметам дека ако има љубомора меѓу 2 другарки, онаа болната љубомора, тогаш тоа не е пријателство.
    За да ја надминеш љубомората спрема другарката Маја, гледај позитивното од нејзе да го извлечеш, да научиш нешто добро од неа, на убав и фин начин. Замоли ја за совет и обиди се да не ја гледаш како таа да е во се подобра од тебе. Секој треба да се прифати каков е, таков. Сакај се себеси, не си дозволувај да се чувствуваш омаловажено или помалку вредна од неа. Прифати ги разликите и не се опседнувај, љубомората е заразна.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.