Што кога мојот татко се срами од мене?

Дискусија во 'Дете' започната од MoonGirl, 3 мај 2010.

  1. MoonGirl

    MoonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Vaka neznaev tocno kade da ja stavam ovaa tema, pa zatoa resiv da ja stavam vo ovaa kategorija!
    I porano imav otvoreno tema : Sto koga nikoj ne me saka?,....znaci koj sto ja procital taa tema, delumno znae koj e mojot problem! Najglavno ke kazam...deka nemam prijateli, nemam decko..nemam nikoj da saka da se druzi so mene, nitu da me saka! Ednostavno e toa taka.....kako sto vikaat drugite ...kako da siresh negativna energija okolu sebe i kon drugite! Sega naidov na uste eden problem, koj mi ja raspara dusata uste povejke..! Pred nekoj den, otidov do kaj tatko mi na rabota, slucajno bev vo blizina pa sakav da go pozdravam! No osetiv kako na nego mu bese sram od mene....i uz razgovor, mi rece zasto sum doshla taka kako partalka.....zasto ne sum se oblekla poubavo, da sum privlecela vnimanie! Deneska, tatko mi bese ljut, i mi se razvika....deka sum nisto, deka poradi toa sto nemam drugarki i ne izlegvam jas sum nenormalna...ne e vo red nesto so mene! Ne sum se doteruvala.....ne sum imala decko.....mi vika gjabe zivees ....i na kraj samo mi rece ne te sakam, ne mi trebas nikogas ti....!.....Pokusav da ne pokazam emocii, i samo istrcav vo mojata soba i se zakluciv.....! Vejke neznam sto da pravam, koga ni sopstveniot tatko ne me saka....koga jas sum samo edno obi4no gubre....koe veruva vo prava ljubov, i prijatelstvo.......jas stvarno neznam sto da pravam........ :( ;(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. natasa69

    natasa69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    ист случај како мојот потполно ист ама јас не се замарам :yawn:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    вака моонгирл не се замарај со никого и ништо и ја бев буквално у иста таква состојба никој воопшто не приметуваше дека постојам сите другарки и дечко ми ме искористуваа бидејќи не можев да дозволам да ме повредуваат повеќе едноставно се повлеков останав сама потоа се случија многу работи сето тоа го преживував сама исто како и тебе и мене татко ми ми викаше дека не сум нормална исто и мајками исто и тетка ми таа дури ме нарече психијатриски случај сето тоа бидејќи сакам да сум сама (поубаво така него да дозволам некој да прави будала од мене ) исто не им се свигјал начинот на кој се облакам шминкам ( металка сум) музиката која ја слушам...
    не верувам дека таткоти тоа го мисли сепак си му ќерка и неможе да не те сака можеби тоа го кажал у афект исто како што мајками викаше дека сака да умрам и дека подобро било да не се родам....
    треба да размислуваш како мене не се замарај ама ич што сакаат нека зборат и што сакаат нека мислат твој живот твој проблем за другарки многу е лесно ( само пази да не те користат не ти требаат такви ) дечко ќе си најдеш не се секирај има доволно машки за сите :D
    и те молам не ми паќај во депресија најди начин сама да се справиш со проблемите :D и разговарај со татко ти...
     
  4. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    20
    Немој со такви негативни мисли и не покажувај слабост што е најстрашно, само биди си своја, весела иако можеби некогаш немаш пришина за тоа. На сите ни се случило да имаме чувство како светот да ни се срушил врз нас, но се треба да се откажеме, секогаш смеј се, без разлика колку си била повредена. Седни и разговарај со татко ти. Кажи му колку ти треба некоговата љубов и разбирање. Прашај го во што е проблемот за таквото негово однесување, не ги одбегнувај разговорите на таа тема. Ништо нема да решиш ако се заклучиш во сова, туку излези пред светото гордо, разговарај со татко и и кажи му колку те повредува неговото однесување. Кажи му дека токму поради тоа што немаш дечко и другарки тој треба да те подржи, да ти биде поткрепа а не да те тера да се чувствуваш уште полошо. И што е најважно, секогаш задржи ја насмевката, без разлика колку си повредена, така нема да покашеш слабост пред непријателите ;)
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Немој да се обвинуваш себе си,татко ти е првиот кој што треба да ти даде подршка,кој што треба да ти биде пријател,не само татко,со самото негово однесување кон тебе,прави да се чуствуваш лошо,наместо да биде обратно.Сепак за другото не се грижи,се во свое време,меѓутоа сметам дека родителите треба да бидат најдобри пријатели на своето дете,да ги подржуваат,да им даваат поттик на нивните деца за да успеваат во животот,но не да се однесуваат лошо со цел да делуваат негативно врз сопствените деца.Разговарај со татко ти,зошто се однесува така со тебе,отворено разговарај,кажи го твоето мислење,не го криј тоа во себе,зошто тоа да ти тежи на душата,биди директна во разговорот,за да најдеш решение,бидејки само без отворен разговор,нема решение,туку едноставно бегање од проблемот.Можам да кажам дека сум сретнала такви родители кои наместо да им бидат на своите деца најголеми пријатели и да им помогнат,тие едноставно ги туркаат од себе,ги одалечуваат.Страшно ме иритира таквото однесување,до толку што неможам да поднесам и отворено зборам,затоа што тоа го гледам,гледам какви се,додека со моите родители сум разговарала на таа тема,иако не се такви,сепак отворено сум кажувала што мислам за тоа.Веројатно се повторувам,затоа сметам дека најдобро е отворен муабет,за да се најде решение.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.583
    Се наежив...едно е само сигурно,не си ти виновна,туку односот на татко ти кој веројатно долго време е таков,па затоа ти имаш потешкотии со остварување на пријателства и врски...Сега ласно е да ти кажаме тука зборувај со него,речи му дека ти треба,зошто обично некои луѓе се имуни на тоа,татковците не се предодредени на несебичност како мајките,тие се големи деца и во суштина сите до еден се себични...го немаат оној мајчински инстинкт и нивната љубов треба да се заслужи до одреден степен...бар така е во психолошката теорија...во пракса не е секогаш така.
    Се што треба да направиш е да престанеш да гледаш на себе со сожалување,да почнеш самостојно да си ја градиш личноста и самодовербата,а со татко ти секако ќе треба да направиш муабет со смирен тон и никако да бидеш офанзивна колку и да си повредена и во право.Погледни во огледало и донеси заклучок сама за себе,а не од остатокот од светот или татко ти...тоа е неважно,ако ти се чувствуваш удобно со себе тогаш нема потреба за промени,ако не ти е удобно пронајди зошто и промени го.Но јас пак ќе ти речам,каква и да си,што и да ти се случува,после овој пример,верувај не си ти виновна,тоа се случувало години уназад можеби не јасно и гласно,те оштетувало како личност,а сега татко ти јасно изнел некој став кој верувам дека и не е реален туку кажан во афект,нема родител кој не си го сака детето,но сепак е загрижувачки и алармантен...Неговиот однос влијаел врз формирањето на твојата личност,а затоа што веројатно не ти влеал доволно сигурност и заштита,ти се чувствуваш така сега.
    Време е да дејствуваш,зошто сега ако не ги смениш работите коренито,понатака ќе ти биде уште потешко.
     
  7. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ако треба да бараме виновник во целава ситуација тоа сигурно не си ти. Храбро поврати ја довербата во самата себе покажи му на таткоти дека греши, покажи му колку многу вредиш и дека подобра ќерка и кога би посакал не би можел да има.
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    тажно :( не знам што да ти кажам мило, се ти е кажано погоре... биди своја, насмеана... повторно изгради си ја самодовербата, гледај позитивно на секоја работа што ја правиш... крени ја главата и покажи им на сите дека вредиш ;) и облеката не го прави човекот, тоа е точно! но за 24 часа измени се 100 % ;) со тоа ќе ти зајакне уште повеќе самодовербата и излези надвор во град па макар и сама, посвети си го денот на себе... ќе видиш колку е убав животот :) секој заслужува подобро, па така и ти. не се омаловажувај, потценувај самата себе... кога знаеш дека вредиш! истакни ги своите доблести, соочи се со своите мани, и тргни напред храбро... те очекуваат убави работи во животот ;)
     
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    557
    срцка за ова ке ти кажам едно и се надевам дека нема погршно да ме сватиш, плис плис плис!!!
    И мојата мајка многу напнува со тоа секогаш да сум тип топ, средена облечена исчешлана, и кога сум онаква каква што таа сака, таа е пресрекна. грешката е што тоа ти е кажано на многу лош начин, а верувам дека ти како девојче, добро знаеш дека секогаш треба да си тип топ, за себе не за другите. Секој пат кога се облакам, дотерувам, јас сакам себе си да си игледам прекрасно, не на некој друг.
    за се останато се согласувам со постовите над мене
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    душичке..не се нервирај..мислам лесно е да се каже ама така треба..не сваќам каков родител е тоа што ќе си го вреѓа своето дете и ќе му посакува најлошо..ама немој да земаш многу при срце..затоа што верувај тркалото се врти..тебе Господ ќе ти помогне да станеш нешто на кое твојот татко ќе биде горд..може ќе биде касно ама се ќе се среди..а за пријатели и дечковци и тоа ќе биде, само труди се да бидеш поопуштена и позитивна без разлика на се..тој што те сака и те прифаќа, те сака и прифаќа таков каков што си...и ако сите би биле исти на овој свет како ќе функционира тогаш се??..мора да има различности за да се се прилагодува едно на друго..инаку тука ќе најдеш пријателки во секое време ;)
     
  11. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    22
    Срценце :(
    Пробај да најдеш другарки што им е доста од искористувачки оговарачки другарки сигурно има девојчиња кои си ја сакаат својата самотија ги има многу такви. Ти зборам од искуство исто јас со такви ненормлани с ескарав и сите ги свртеа против мене и си бев самичка. До душа ми недостига тоа време повеќе си посветував време самата на себе. Пробај да разговараш со татко ти нека те однесе кај некој негов колега што има деца. Ама пак не ми се лути на родителите тие прават најдобро за своите деца. татко ти кога те гледал така да живееш од што мораш верувај му било потешко од било што и можеби бурно изреагирал ама тоа е родители. Разговарај со него кажи му да ти помогне. Ќе се разберете со среќа миличко
     
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Boze kako e ova mozno -tvorecot se strami od svoeto delo
    Sega kako prvo najostro go osuduvam tvojot tatko -koga bi go poznavala licno jas znam sto bi mu rekla .Oblekata ne go pravi covekot covek no izgledot e mnogu biten za sekoj covek.Okolu nas ima povece gladni za ljubov ,neznost toplina otkolku gladni za hrana, ne si edinstvena -probaj na drug nacin da gi svatis negovite zborovi -mozno e da sakal da te potikne povece da obrnes vnimanie na sebe no zalno i mnogu nesovesno sto na takov nacin ti go dal toa do znaenje
    Kako prvo tebe te sovetuvam da se smenis od koren -povece samodoverba ,da obrnes povece vnimanie na svojot izgled,da probas da si najdes drustvo ,da ne se zatvoras vo sebe ,komunikacija so roditelot -sedni i razgovaraj sto e toa sto go navelo tvojot tatko za da se strami od tebe .Ako sega ne zastanes cvrsto na svoi noze i potkleknes na edna nepromislena navreda ponataka tesko ce mozes normalno da se razvivas vo zdrava licnost.Za kraj mozam da ti kazam pojacaja svojata samo pocit zastani cvrsto na svoi noze ,imaj svoe jas .
     
  13. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    41
    ако ти е бар мала утеха ние те сакаме и те цениме :)
     
  14. GuitarHero

    GuitarHero Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4

    Мислам дека по ова треба вистински да застанеш и да подразмислиш што сакаш од животот. |(
    Кога сопствениот татко,кој те створил ти го рекол ова ситуацијата мора да е дојдена до крајност.Можно е и да си употребила премногу хипербола и си ги преувеличила работите,но доколку не е така навистина треба да подразмислиш што правиш.
    Можеби е и до воспитувањето,а можно е и да има и други причини кои не сакаш јавно да ги кажеш.
    И не е доволно само да веруваш во права туку треба да се избориш за истите,не е доволно да веруваш во љубов туку треба да се заљубиш и тоа да го покажеш,а истото важи и за пријателство.
    Сфати го ова најдобронамерно и не продолжувај со препукувања.Поздрав :hai:
     
  15. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    67
    Може секој да ти каже било што но можам да ти кажам дека и јас на некој начин исто бев како тебе. Кога и да ме види татко ми само ке ми каже хахаха како си облечена, облечисе у друго, а несум нешто кој знае како лошо нормално, у принцип сум по спортски тип, сакам фармерче, патиче не да несакам да се облечам него за да се облече еден човек во елегантна облека треба и пари а теба и да се излезе некаде немоше таа иста облека за по дома да се носи и јас таква бев додека еден ден не собрав сила и реков секој пат кога ке ми ке ја ке му вратам и ја ке му кам. И така се слуши на неколку пати и тоа со овие зборови он мене дај ма облечи нешто друго и ја му реков дај ми пари па ке се облечам и ја знам од каде да купам немај гајле. Но кога си веке фамилијарен човек не е исто. теба многу повеке да размислуваш пред да се дотеруваш.
     
  16. The.Girl.Next.Door

    The.Girl.Next.Door Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    13
    Секогаш имаш место да дојдеш кај мене(вишок соба)!!! хаах не е нешто посебно..не сум некоја принцеза!! само обично девојче.! и да ти кажам ја прочитав другата твоја отворена тебе..што кога никој не ме сака?! ..ии таму се пронајдов!!! Во моментов се чувствувам мн глупаво и безвредно..ми се плаче и све..ама глеам да бидам силна..и да не се замарам со тоа!!! Затоа што ќе помине кога и да е!
     
  17. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    174
    Види твоите те сакаат безразлика на се...а еве ако ништо друго јас те сакам :* :* :* :inlove: :inlove: :inlove:
     
  18. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    182
    Ти мајка имаш???????????
    Никаде не напиша за мајка ти ! Дали одиш на училиште ? таму баш со никој не се дружиш ??? музика каква слушаш? Дали твоите имаат доволно средства да ти купат нова облека ? Дај напиши повеќе за тебе лесно се само да се пожалиш , ане кажуваш која е причината поради која си се повлекла дан си изгубила некој близок ? Ај молим те кажи нешто повеќе за да знајме од кај да почниме со муабетот ! браќа , сестри имаш?
    П.С. еве за старт овде одма стекна многу пријателки ја имаш подршката од сите досега што ти пишаа ! и тоа е нешто ! ;)
     
  19. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    120
    Знам не ти е лесно но има решение за се се се може ако се сака во школо ке најдеш другарки па ако не можеш да ни кажеш од кој град си ке се најде некоја Феминка што ке биде пресрекна да се дружи со тебе а то што таткоти ти го рекол извини ако случјно го навредувам но мене ми изгледа како кретен зато што татко што не си го сака детето не човек и мојот татко не е перфектен многу пати и јас мислам дек се срами од мене, но не ми е гајле не се ни замарам со него само УЖИВАЈ....
     
  20. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    141
    Прво и основно не треба да се мислиш дали да отидеш кај тако ти на работа да го поздравиш, ти таму треба да одиш кога ќе посакаш и кога ќе имаш потреба, затоа што ти е татко и ти се може! Друго, стварно треба да постои советувалиште за родители, зошто гледам некои поим немаат како да се однесуваат со деца. Трето треба сериозни промени во законот за семејство што ќе предвидува кривична одговорност за психичко малтретирање врз деца.
    Ти Moongirl треба само едно да имаш на ум, дека ќе станеш полнолетна еден ден, животот ќе си го креираш сама, сама ќе си одлучуваш и ќе си бидеш свој газда. Атер на тоа треба да си го зачуваш разумот, самодовербата и да се сакаш себе каква и да си, се додека не си зла, не уништуваш туѓи животи, намерно не повредуваш луѓе, до тогаш ти и твојот живот и среќа се најбитни. Насочи се кон себе, надградувај се ,чувај се и сакај се, И СЕКОГАШ АМА СЕКОГАШ во животот на секој човек ЗНАЈ дека има барем една личност што те сака, а ти треба да ја пронајдеш. А на татко ти не му се лути, толку му се сфаќањата, не е он крив, прости му, заборави се што ти рекол само ИГНОР и барај си ја среќата, постави си свои цели и гледај да си ги исполниш.