Мислам дека секој се нашол барем еднаш во ваква ситуација кога не може да спие и да има раат само поради тоа што детето на комшиите цело време плаче и вика. Или пак е многу разгалено што цело време плаче за нешто и фрла по дома. И што доколку и покрај тоа што ќе им кажеш они продолжуваат исто кога се работи за поголемо дете? Пример: Имаш за учење но не можеш да учиш. Сакаш да спиеш но не можеш да спиеш. Сакаш да имаш мир но го немаш. Јас не најдов друга ваква тема ако има оваа нека ја затворат.
Кога се однесува за дете, мислам дека во речиси ниеден случај не би реагирала. До сега никогаш не сум опоменала комшија за бучава иако ми играле и баскет на полноќ во станот над мене. Не викам дека тоа е во ред да го прават, ама ако дете прави галама, некако имам многу големо разбирање. А неодамна се најдов и во обратната ситуација, каде комшијата под мене дојде да ми рече дека многу тропаме, а ќерка ми тогаш проодуваше. Сигурно немаше да и бранам да оди и да паѓа зошто тоа му пречело на комшијата. Возрасен да прави галама, дефинитивно не би толерирала.
Никако. Дете е, нема што да се направи. Над вереникот станот, најплачливото дете на свет мислам го имаа. Сериозно. Јас не можев да спијам од што плачеше и како бебе, и како поголемко. Ама, мене ми смета, а како им е на родителите? Сон не можеа да сврзат. Сигурно не сакаат и они да им плаче нон стоп детето. Никогаш ништо не изреагиравме. Ете го, порасна, не плаче веќе За тебе, знам дека смета, и мене ми сметало, стави си слушалки на уши и терај - учи, гледај филм, усисавај. Ако е бебе може стомачето го боли, ако е малце поголемко може тантруми има, едноставно игнорирај и наоѓај начини да не го слушаш толку.
Како се викаат децата на комшиите? - Доста и бегај Нема земја каде нешто можеш да направиш со детски плач. Сега детето на комшиите ти смета утре твоето на некои други зошто и твоето ќе плаче. Во тоа биди сигурна.
Колку години има детето и веќе колку долго време плаче? Не треба никако да реагираш. Бебе. Дете. Се додека не е тинејџер кој се собрал со друштво и прават галама после 22:00 на пример.
Имам огромно разбирање кога станува збор за детски плач, ама: не е во ред детето нон-стоп да се однесува како на игралиште, трча, мава и фрла предмети низ дома без никој да го опомени. Не е во ред да немаш мир дома (читај да се будиш од сон затоа што се тресат ѕидовите). И врвот, кога со убаво ќе изреагираш дека смета галамата да ти одговорат: па дете е тоа. Не се согласувам дека ако е дете треба да тероризира пола зграда. А што би се преземало во таква ситуација, искрено не знам. Особено кога родителите немаат слух за реакциите.
Да напоменеме дека сега за време на пандемијата поголемиот број од децата се такви дома. Значи овој период треба скроз да се занемари тоа.
Се согласувам, ова се тешки времиња и за возрасните, а особено за децата. Моето искуство беше многу пред ситуацијава и помина многу време пред да реагирам, ама морав да им посочам иако не беше продуктивно.
Еден совет од искуство. Секогаш вакви деца сум осудувала.Не нив додуша , родителите . И знаеш што на крај? На глава ми дојде. Моево е исто, се што не сум сакала. Џабе викам и зборам, џабе е се, он си тера по свое и за да дојде до она кое го посакува цел свет на нозе ќе го крене. И не добива нормално. Ама затоа може и цел ден за тоа нешто да вика, плаче, драматизира и сл...
Абе може да ти смета детето, ама од кај знаеш дека плаче зошто е разгалено? Инаку јас друго решение освен да си го реновираш станот и да си ставиш звучна изолација, не знам. И од деца, и од музика, и од поправки.
Толерирам. По брат ми знам дека можеш и на трепки да застанеш ако он решил да си го истера бесот преку плачење/дерење/лупање он ке си го стори тоа, па затоа кога се во прашање други деца а поготово бебиња имам преголем степен на толеранција. Не гледам како нервирање за истово би го решило проблемот, едноставно тоа се деца и не разбираат а имаат потреба да си ги изнесат чувствата надвор од себе.
Имам во маалово 4 такви деца и точно кога сум во мојата соба се слуша и пискање и врескање и како мајка им вика по нив дедо им...буквално никогаш збор не сум рекла. Се случувало да не запрат цел ден. Немојте ништо да им велите,тоа е дете,што разбира тоа дека ти имаш за учење или дека ти се спие? Дури и некогаш кога ќе нема деца на улица или во паркот ми е празна улицава како без душа. Толерирај ,занимавај се со нешто низ дома,слушај музика ..
Јас би толерирала , се додека не потпорасне детето ( 5-6-7 години ) , но ако тоа однесување продолжи ( викање , тропање , тресење на цело маало ) тогаш им одам на родителите и ги предупредувам . Ако не се обидете да му објасните на вашето дете дека некои луѓе сакаат мир , ве пријавувам лично вас како родители , за нарушување на јавниот ред и мир , и незаинтересираност за вашето дете . Јас две имам . Како мајка , се трудам да ги научам да бидат тивки дома , бидејќи и ние имаме луѓе што живеат под нас , што секој ден одат на работа и на училиште . Кога гледам дека ги фаќа " сафра " дома , дека место не ги држи , ги спремувам и излегуваме ( во нормални услови сме оделе пеш до кај свекрва ми на кафе , во паркот во близина , кај мајка ми во село , во викендицата во село ) во маало на пример . Неколку пати сум ги носела во црковниот двор , сме палале и свеќа во црква успат ( заедно со мене и тие палат , секако со моја помош ) . До сега никој не се пожалил дека им пречи галама . Додуша и не се слушаме , сите прозорци ги сменивме по дома ( што заради надворешна бучава , што заради децата да не се слушаат од тука до Кале , имаат многу јак глас и двете , иако се мали , па често кога се расправаат меѓусебно за нешто се многу бучни ) . Само мене главата ми трпи искрено . Ама ете , синчето веќе ќе тргне во училиште од септември , ќе има повеќе обврски , ќе го запишеме и на некој курс или спорт , за да ја исфрла вишокот на енергија , а и правилно да расте и да се развива . Нас повеќе за кутрето не пријавуваа , бидејќи лаело , да сме го тргнеме или ќе не пријавиле пак . По второто пријавување , принудно го однесовме во викендицата , каде за жал не доживеа ни 2 години старост .
И моиве спроти мене се исти. Само баба му е бетер и цело време го смирува со зборови како " доста ма глупачо" или го колне место да го смире. А, детето па плаче колку глас го држи. Јас земам излезам, круг, два и вратам се. Или па слушалки и музика. Само они се слушаат од цела населба.
Јас бебешко и детско плачење не поднесувам, искрено. Ни во авион, ни во комшии кога им вришти детето у двор, никаде. Ич немам толеранција за тоа. Среќа живеам во куќа па не мора да трпам, јака ви душа на вас што мора да слушате секојдневно. А кога станува збор за мојот комфорт и рандом луѓе што не ми значат ништо, не би правела компромиси. Затоа и не би живеела во стан што не е soundproof.
Не би реагирала. Кога бев помала имавме под нас едно девојче помало од мене 8-9г, се сеќавам бебе беше, а ја некаде основно. Секоја вечер околу 4-5 плачеше и не будеше сите... И секој ден нешто урлаше, викаше, но не изреагиравме никако. Нејзините знам имаа ставено у влез ливче, дека се извинуваат за галамата, но не можеле ништо да направат пошо бебе не сфаќа дека не треба да плаче... И до некаде е така навистина. Така да јас би игнорирала, слушалки ќе стаам или ќе прошетам нешо ама да им одам на врата не. Сепак, сигурно тие се свесни дека пречат на комшиите и се, но за бебе и мало дете за тоа не се замерува. Ја каква плачка сум била, така ме опишуваат моите, кузне колку ме хејтале комшиите. Сеа глас не ми се слуша. Ќе порасне и ќе се смири.
У случај мојот син е детето на комшиите . Во почетокот кога дојдовме тука во Германија првите две недели се жалеа како скокал како викал дрн дрн... за да на крај прифатат дека е дете и дете неможе цел ден да седи врзан во стан од 65кв. Секако дека цел ден не вика ама си има жута минута кога колку и дае уморен од надвор тој пак си урла дома кога дојде тоа време со мм сме вакви дур се смири ситуацијата колку и даго занимаваш не успева мора да се искока и точка.
Како мајка на дете што многуууу плаче, едно 10000000 пати се имам лично извинето на сите комшии.. Има такви кои велат е добро де, дете е...има и такви што викаат не бе нишо не се слуша... Да ја чуете како плаче мојата ќе речете овие ја утепаа од ќотек.. А она плаче, пошо не можела да го покрие бебето(кукла). Ја предупредувам секој пат кога трча низ дома, дека не сме сами у зградава... Лично и мене ми смета понекогаш кога е гласна, не па на друг. Ама у глобала, имам разбирање, и сега и порано кога сум немала дете.. Мали се, не можеш да им објасниш колку и да се трудиш.. Еве јас и кажувам, мама, не плачи, комшиите не знаат зошто плачеш, ќе милслат те тапам, па бидејќи тоа не смее, ќе ми викнат полиција и ќе ме казнат... Мислите дека нешто и значи? Се смее и се крие позади мене, нема да ме најде полицаецот се скив.... За се си има она решение.. Ако и кажам што ако комшиите не можат да спијат од тебе, биди тивка ми вика ме не ми спие.. Као па шо ми е гајле... Е така ќе биде се дур дојде оној период коа ќе ми вика остај ме да спијам Деца... има различни приказни.
И моите викаат и се караат. Јас секој ден им кажувам дека така не треба. Ама има моменти кога не се разбираат. Што да им правам? Да им ја залепам устата со лепак? Комшијата што е под мене постојано се жали. И дали некој воопшто слушнал за куќен совет? Колку што знам...од 15 до 18 часот има забрана за галама. Ама ако детето мое викнало во 12 саат, искрено, ме заболе. Да не треба и ние дома на прсти да одиме?