Зграда е заедница, ако не можеш во заедница да живееш оди си во куќа најидеално двор со 1 хектар околу. Едни се караат, други се журкаат, трети деца имаат, стариве што не слушаат до даска им е тв, мал милион работи има во заедница, ако не ти се прифатливи создравје. Има куќен ред, се што не се почитува се пријавува во полиција. И во стари и во нови згради е лоша изолација. И мене ми сметало бебето на комшиите, си ставив изолација и си го решив проблемот. Моево ако смета на некој нека си стават изолација… Да шепкаме ако не и на прсти да одиме.
Мене бука од деца не ми смета (има деца и над мојот стан и под). Ама затоа готвење запршки на тераса ми е ултра сељачко. Знам, нема закон и не можеш да се пожалиш, но ете пример за елементарна култура во град и заедничко живеење ми е тоа - прво да не се готви на тераса и второ да не се тресат ствари од тераса. Посељачко здравје
Еве ти зошто. Претераната врева може да биде тригер за добивање напад кај некои луѓе кои се болни од нешто и/или имаат трауми од лоши случки (анксиозни, аутистични, со адхд, мизофонични, кои страдаат од мигрена, имаат посттрауматски стрес, траума од киднапирање или силување при што имало и звуци како оние што ги слушаме и вообичаено, итн). Бебе не разбира, но дете постаро од 4-5 години веќе треба да почнува да разбира кога е подобро да не вреви. Може да се научи ако се почне на време, уште кога детето почнува да изговара зборови. Рано да почне да го слуша зборот „не“, па изразот „не може“. Потоа е полесно и самото да научи да проценува. Нема врска дали е зграда или куќа, во населбата има повеќе семејства и мора да се има осет за потребите на другите. Луѓето имаат усти. Ако се разумни ќе се договорат со комшиите и ќе има време и за некој да игра и за друг да поспие. Кога се сака, се може.
Мене сите деца ми беа гласни и невоспитани се додека не добив мое. Сега гледам дека сите други се мирни и воспитани, само моето вика и скока без осет .
Не знам дали некој спомна овде и болни деца,аутизам ,хиперактивност како дијагноза ,и тоа не е до воспитување,ама сигурно нема да им кажат на комшиите под нив кави проблеми имаат и како живеат.
Ти па, и ти ли мораше да имаш дете, кога ги знаеш сите деца какви се И оваа тема ми е за неверување, значи што се нема да чуеш
Прејака тема, направена ваљда од некој што нема деца. Ќе ги замолам сите кои немаат деца да ми објаснат на мене неуката како да ги натерам моиве две деца, едното 4 ипол, другото година и 8 месеци, како цела зима после градинка, и викенд преку цел ден, да ги научам да не трчаат по дома, да не пејат, да не играат, да не возат колички по паркет. Еве можда имате совет како да ги научам децава да решаваат крстозборки мирно, за да одмараат комшиите. Дајте луѓе совет како да го научам девојчево да плете, момчево да игра шах, за мир да има во станов.... Елајте во темава кога ќе имате деца и тогаш мудрувајте. Невоспитани биле децата, деца се алоооо, темпераментни, живи, гласни. И да завршам со мислата на маж ми, не може на комшиите да им сметаат моите деца повеќе од што ми сметаат на мене.
Јас во која заблуда живеев. Мислев ќе го сакаш, ќе те држи за рака, само ластовички, виножита и пеперутки околку нас. Нема тантруми, ќе те слуша шо му речеш, нема да те нервира. Другите се лоши родители, јас се знам и најарна ќе сум . И така се ми се одби од глава. Тражевте -гледајте сега. За комшијата шо ми тропа од горе најмалку ми е жал. Повеќе мене се жалам. Толку сум престимулирана од цркање и тропање што мозокот ми се исуши. Не сакам глас да чујам.
Најточно! Комшиите под нас имаат бебе и кога плаче единствено што си помислувам е дека не морам јас да станувам и смирувам, презаспивам, и дури сум радосна што бебе плаче, а јас ќе продолжам да лежам.
Чекај, сега ќе се јави некој, ќе ја научи да плете и да игра шах (и се тоа истовремено), арно дојде во темава, сега ќе ти најдат чаре
Ако може сега и за спиење да ја земе, шо вика Џоки. Бар да одморам една ноќ. Не дека плаче ко бебе, туку многу дише додека спие, а некогаш и збори. И три заби во моментов и растат па мјаука на секој пола саат да си каже.
Леле бе, да ми беше поблиску, јас ќе ја земев на спиење. Таман, јас само преку ден сум престимулирана, навечер комшиката над нас малку оди како слон низ станот, ама тоа ништо. Значи се на се, наспана сум неделава, едно маче што дише на преспивање, не е проблем.