1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога на комшиите детето цело време вика и плаче?

Дискусија во 'Дете' започната од нина122, 18 мај 2020.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Да не лажам, ама порано многу ми пречеше детски плач. Никогаш не сум реагирала и не е во ред да се реагира на таква природна, нормална и разбирлива работа, врз која скоро и невозможно е да се има контрола, така што тоа си било мој проблем. Некои бебиња се едноставно плачливи и плачат со ноќи и родителите пробуваат се, но не можат ништо. Кога ќерка ми беше бебе, плачот ме правеше анксиозна, но бев прилично растроена и депресивна во тој период, па ништо чудно.
    Еве денес по неколку години знае да заплаче од утроба, до изнемоштување, иако со тантрумите завршивме. Еве, се случува, ретко, ама тоа е. Се обидувам да ја смирам и не можам зошто нејасно низ плач кажува што и не ја разбирам. Се смирува кога ќе и дојде моментот.
    Според тоа, верувајте, на родителите им е уште потешко и непријатно. Освен ако плачот не е индуциран од форма на семејно насилство ќе помине со растењето на детето и неговата способност да комуницира. Јас не би реагирала во ваков случај. Свесно повредување на Законот за домување и куќен ред во зграда од страна на возрасни лица е друго прашање.
     
    На CameliaMiller, Biljarkata и dayla им се допаѓа ова.
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Нема термин кога дете би заплакало. Не разбирам какви се тие комшии. Ко тебе да ти е забавно да плачат децата и не сакаш раат. Не ги разбирам ваквиве комшии.
     
    На Milaаа991, smile:), *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Тоа е личност на која се живо и диво и смета. Не само галама од деца. Пред некој ден децата се скараа. Беше околу 11 и 30. Почна да тропа како мрднат. Опоменат е дека ако уште еднаш постапи така, ќе добие пријава во полиција.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Ако јас имам за учење и сакам да учам а детето постојано им плаче секако дека ќе ми смета притоа тоа да не е плачење на бебе туку дете кое разбира.
    Станува збор за дете од 7-8 години кое плаче само за да му го дадат тоа што го сака.
    И сакам да си легнам после 6-7 саати учење со гласна музика бидејќи не можам никако поинаку да учам.
    Кога ќе ги извадам слушалките и слушам ќе почне Ааааааа мамаа дај мама тоа е мое мамааааааа.
     
    На Leviosa2503 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Дали е ова стално, или сега со карантинов?
    Ако е сега, верувај, сите деца се сменети..
    Има фали дружба, воздух, забава...
    Едноставно монотоно им е.
    Сеа не дека нема такви деца што тоа им треба и во нормални услови.


    Како што спомнаа погоре..
    Еве јас кое некое дете плаче, а е големо, се запрашувам што ли му се случува..

    Ние сме возрасни па некогаш сме гласни, а можеме да се контролираме.
    Децата... едноставно не знаат како.
    Како ќе знае што е учење кога уште не стигнало до тоа.
    Или што значи да си уморен од работа..па сакаш да легнеш.
    Они имаат енергија имислат дека сите треба да се со таква енергија.

    Верувам дека може да пречи, не велам не..

    Ооо какви јас комшии имам, детсково плачење е ништо.
     
    На CameliaMiller, Biljarkata, smile:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Ако станува збор за бебе или тодлер што не разбира, ништо не може да се направи и нема да реагирам никако.

    Ама ако станува збор за мало дете, кое колку толку разбира, ќе разговарам смирено со тие што се грижат за него, и ако нема резултат нардно е за на куќен совет или каков и де е одборот што го имаат зградите.

    Има темпераментни деца, да, ама пак "Дете е." не е изговор. Тоа дете разбира колку толку, и мора да му се објасни дека не е во ред да нарушува нечиј мир. Кога веќе живее во една таква средина.
    Како? Со разговор нјапрво. Седнуваш и се спушташ на ниво каде може да те разбере, примерно избираш нешто што на тоа дете му пречи, и му кажуваш како би се чуствувало тоа кога истото му го прави некој нему неколку пати на ден, во подолги интервали. Објаснуваш додека нема ефект. Или пак бараш друг начин за да сфати.
    "Дете е, не разбира" не пали.
     
    На Lella, CameliaMiller, T.e.d.d.y и 5 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Не е толку мало веќе и не е дека не разбира ако знае да ти рече ако ти смета затни си ги ушите.
     
    На Leviosa2503 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Машки
    Што има да ви пречи тоа,едноставно дете е,зошто ние возрасните не плачеме и не урламе како бебиња?Нема тука што да ви смета,едноставно бебињата својата потреба ја изразуваат преку плач и урлање.Најчесто пред да им дојде моментот да заспијат тие тогаш најмногу урлаат.На сите вие што ви пречи,не се правете премногу паметни еден ден и вие ќе бидете родители.
     
    На Elena1001, friendy, smile:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Кое е тоа бебе што урла и каде виде ние да зборуваме за бебиња баш ме интересира?
     
    На Glasna, Anie93, Leviosa2503 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И мене ми пречат гласни комшии и мене би ми пречело дете што цел ден плаче. Значи муабетот - не прави се многу паметен, и ти ќе си родител - е безобразен. Некој може има мигрена, некоја болест, учи, спие, не можеш животот на пауза да го ставиш тие 3-4 саати од денот.
    Ама па не знам зошто на детето се лутите. И мене би ми пречело, ама никогаш не би му се налутила на детето. Глупи се муабетите од типот - разгалено е. Од кај па вие знаете зошто тоа дете плаче? Особено па луѓе што не се родители, абе они најмногу знаат зошто плачат децата. И ако плаче буквално цел ден, па секој малку паметен ќе се запраша може има здравствен проблем детето? На една познаничка моја детето аутизам има па кажуваше дека не плачело само кога спие, пред да откријат дека има аутизам. Целокупен проблем е на цела зграда. Зградите се со слаби ѕидови па се се слуша. Освен сите да си стават звучна изолација друго чаре нема. Кога живееш во зграда се дешаваат вакви работи. Мене па повеќе ме нервираат комшии што немаат осет за музика на пример. Детето си искажува потреба која не знае како да ја искаже поинаку. Ако се лутите на некого, лутете се на родители. Остај те го детето
     
    На CameliaMiller, Milaаа991, Leviosa2503 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Токму тоа, ако е веќе дете, значи разбира. Дете не е бебе, ниту тодлер. Само некој не си ги извршува одговорностите правилно, грешката е на тој што се грижи за него.

    Јас не се лутам на детето, не се лутам на никој додуше. Кога некој не поработи на дадена забелешка после разговор/и и укажувања, продолжувам по пирамидата нагоре да дејствувам додека не дојдеме до решение.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    За плачење, не праам ујдурми.
    Деца се, ќе плачат.

    Ама да скокаат, трчаат, тропаат, се бунам.
    Под услов да е секојдневно, а не инцидентно.
     
    На CameliaMiller, Biljarkata, smile:) и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Секако дека ме вознемирува,не сакам никој да плаче,и жал ми е кога дете некое или бебе плаче.Нов сум во зградата каде што живеам веќе 5 месеци,имам комшии под мене,имаат 2 дечиња,едно машко едно женско,некаде на возраст 5-7 годинки,вие незнаете како писка и рика девојчето,како буквално да го колат,оно си рика плаче,татко и мајката си зборат рандом,не го рецкаат 2% детето.Ова се случува секој ден по 2-3 пати на ден,сум ги сретнал во влезот али нема шанси ништо да им кажам,деца се ке пораснат ке помине све.Внука ми,ја израснав од 10 дена кога се роди до пред 6 месеци,како родител (4 год има сега) и бев,заедно спиевме,јадевме,игравме,шетавме,ја воспитував,што не е убаво да прави.Имам разбирање тотално кога се работи за мали дечиња,и јас еден ден ке имам дете,од каде да знам дали ке плаче,рика,урла.Нека се само здрави и живи :)
     
    На TutiFuti, emiliana и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    И мојата беше плачливо бебе. И тоа кога имаше грчеви од 23,00 до 01,00 плачеше секој ден. Преку ден беше супер, а дојдеше вечер почнуваше.
    Сега како поголема знае да се расплаче од инает, да вриска, да трчa,да удри со вратата. Обавеезно ја карам на смирен начин се обидувам да и објаднам дека не смее така. Некогаш ќе ме послуша некогаш за инает уште повеќе ке прави.
    Досега со комшиите сум немала проблем. Знам дека им смета, и мене ми смета не сакам да плаче, да вриска, ама дете е.
    И мене ми сметаат комшиите под мене кој дома играат фудбал, и ми го разбудувале детето со прегласна музика, ама си ќутам.

    Инаку тарасата ми гледа зад зграда. Широко е и деца обавезно играат фудбал. Кога е убаво времето се собираат по 10 деца и играат, врискаат ама никогаш не сум им рекла ништо. ( Иако искрено ми сметаат некогаш) деца се. Нормално дека ќе играат, ке викаат. Не само јас, никој досега не им пререкол за играта.

    Додека пред два дена седиме пред зграда има клупи. 18,30 часот (значи не е време за одмор)
    Играат малата моја со уште едно девојче со топка. Нормално деца, трчаат , викаат се смеат. Доаѓа комшивка од соседен влез се дери хистерично дека ова не било детска градинка. Во рака имаше шише со вода и почна да ги водени клупите, дури и пред нозе ни истури за да станиме.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Едно е трчкање, а друго е апла трчање. Мислиш паркетот ќе го дупне. На мене тоа ми пречи, ама не реагирам. Децата плачат. Од кај знаеш зошто плачат? Факт е дека на некои луѓе се им смета. Многу шуштело кога пушташ вода во вц. Што треба? Да не се бањам?
     
    На flawless_, smile:) и BlackNight им се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Sekako deka nikoj ne bi reagiral ako se raboti za dete so poprecenost ili slicno.
    Ama ako roditelot namesto da porazgovara so deteto koe e vekje golemo i razbira namesto da mu objasni na deteto toj go uci kako da te izbrka koga ke dojdes da gi zamolis ubavo vekje e problem.
     
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    20.950
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темата сфаќам дека сум благословена што немам мали деца во зграда.:rofl:

    Океј, над станот во ск кај шо престојувам има мали деца, ама поретко седам таму и се трпат некако. Значи она вриштење, карање, да сум родител има да скренам од умот. Две малечки се, до 5/6 годинки максимум да се двете. Не ја обвинувам мајка им, и неа нон стоп ја слушам кај шо пробува да ги смири, ама излеа џабе. И супер е шо се слушаат само дури сум во тоалет, уште да ги слушам од собата кај шо спијам ќе се мрднев.

    Бучава си е бучава, дали доаѓала од дете, бебе, дали од тинејџер, секако пречи. И да, има разлика од детски плач нормален, до неконтролирано врискање и урлање. Тоа е за мене некултура. И тешко на тие шо мораат да го трпат тоа, најчесто нема разбирачка. На дете не можеш да му речиш ништо, родителите чим го оствааат да урла значи и тие не се баш заинтересирани.
    Другарка ми живее во куќа. Лани летото по цел божји ден комшивчињата урлаа низ двор хистерично и бам бам со топката, другаркава не можеше рает да спрема испити. Им рекла на родителите, овие им вратиле деца се, шо да ти прајме.
    И ај, оди разбери се.
     
    На CameliaMiller, Leviosa2503, Stressed Out и 2 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Големиот веќе разбира. Ама ако нешто го боли како да му кажам да не плаче? Некогаш навистина се претерува. А за оние големине деца што да се каже. Колку пати викале низ влез. Си играат брканица. Такви без пардон ги бркам. Дека не разбира осмоодделенец, не би рекла.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Каква “култура“ бараш кај 2-5 годишно дете? :D
    Уште не им е доволно развиен фронталниот кортекс, за воопшто да го разберат терминот: “култура“.

    Тантрум се вика тоа.
     
    На senjorita-v, Glasna, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    20.950
    Пол:
    Женски
    Ајде до 2-3 години е сеуште малечко, ама дете од 4та година па нагоре треба да знае шо е добро понашње. Се разбира колку домашните ќе го научат или нема да го научат.
    Тантруми знам шо се, научив тука на форумот пошто во моја околина и додека растев па и сега ниту едно дете немало такви изливи на бес и плачење. Ама то е веќе друга тема.:D
     
    На Sejfullai и Stressed Out им се допаѓа ова.