1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога на комшиите детето цело време вика и плаче?

Дискусија во 'Дете' започната од нина122, 18 мај 2020.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Ај вие шо барате КУЛТУРА од деца прашајте ги вашите родители колку КУЛТУРНИ сте биле на 2 год :D
     
    На senjorita-v, *Amethyst*, Miss.Sweet и 8 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Аха немало |(
    Сте заборајле...
    Брат ми пред 35 години ова го правеше.
    Кога не му е нешто по ќеф, кај и да е, сместа легнуваше и пиштеше дури не му речеа “можи“.
    Буквално на сред прометен мост во Битола, имаше легнато на сред улица!
    Во сабота! На шопинг излезени бевме

    Едит: Разликата е шо тогаш не ги викаа тантруми, туку: бесно е/немирно е/некултурно е...
    А ги викаа така, затоа што не знаеја за психо-физичкиот развој на децата, каолку што знаеме денес.
     
    На *Amethyst*, BabyT*, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.575
    Пол:
    Женски
    Се работи за дете од окулу 7 години во случајов.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    И 7 години да е де.
    Може е побавно во социјалниот развој.
    Треба да му се лутите за тоа?

    Во просек, до 25 години расти и се развива фронталниот кортекс.
    До тогаш сите се со некаква “когнитивна неспособност“
     
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Ни јас, ни брат ми немавме такви испади за да ги заборавам. Братучеди, врсници со кои растев заедно немаа вакви испади. Зависи од дете до дете и како родителот ќе се постави со него. Не знам за кај другите, ама кај мене доволен беше погледот на мајка ми и то е то, немаше да мрднам од место, не па да се трескам од подот.

    И аман, не се фаќајте за таа култура до толку буквално. Не реков дете на 4г таблицата да ја пее, туку да има осет за воспитание. Да знае дека не значи не.
     
    На Leviosa2503 и violetblue им се допаѓа ова.
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    До 25 години да цркаме и викаме ли?
    Дете што е прво одделение знае да дели добро и лошо веќе.
    И не можам од 7 год., дете да очекувам да урла како 3 год.
    А, родител како родител нека си го смири. Дали со боење, читање, има ги милион занимации.
     
    На Amellie13, CameliaMiller, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    Не можеш да знаеш зошто некое дете плаче и по цели денови вика, само зошто си нечиј комшија не можеш да заклучиш дали е со попреченост или е разгалено.
    Во двата случаи нема што да се направи од страна освен секој да си стави звучна изолација, како што спомнаа и горе.Е сега дека не е е мала работа да се направи тоа, не е, ама ете живеењето во зграда си носи свои негативности.

    И јас сум во помала зграда и моментално како што е топло времето постојано ги слушам децата од комшии како трчаат доле и се дерат што мене лично ми пречи кога учам и сакам да се одморам ама не можам да им го забранам правото, заеднички е просторот пред зграда, тоа е.Фала богу големи испади немаме, мирни сме.

    Да е проблемот некој постојано да слуша музика во ниедно време, да има постојани дерења во ниедно време од страна на возрасни, може и да се пријави во полиција ама со проблеми со дете тоа не иде така.
    Особено ако детето има здравствена попреченост, е па да тешко е да се слуша од страна, ама потешко им е на родителите и коментариве за култура/некултура можете слободно за себе да си ги задржите зашто не сте му во домот на никој.Уште помалку па можете да се дрзнувате да кажувате на која возраст требало некое дете да знае што треба да прави а што не, кога немате поим зошто детето урла и се дере.
     
    На elenaklasik, *Amethyst* и tijanana им се допаѓа ова.
  8. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Прво нема шанси цело, баш цело време да плаче и вика. Колку и да плаче ќе се замори и ќе престане.
    А ако често подолго време вика и плаче и тоа постојано се повторува може да е случај на дете со некој облик на аутизам и треба највисок степен за разбирање. Мислите дека на родителите интересно им е да слушаат викање и плачење? И тие на свој начин се трудат да смират ситуација. Во случај со детенце со аутизам слушнав како еден од родителите се справува со тоа што го зема и го вози со кола саат, два за да има мир. Така да како што тие се трудат мора и околината да се потруди со малку повеќе разбирање и толеранција.
     
    На ane.bella, minne992, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.575
    Пол:
    Женски
    Детето е сосема здраво.
    Мајка му наместо да му каже да седи мирен и да не фрла вика урла по цел ден му кажува како да ме избрка.
    На дете мало нема на му текне да ми рече ако ти смета затни си ги ушите, леле пак дојде оваа итн.
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Те молам воздржи се од коментари околу деца и родителство пошо ептен не знаеш што збориш.
     
    На Elena1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Имам станари под мене, кои се во повозрасни години и внучето им доаѓа секој работен ден.
    Многу години по ред правеше хаос, метеж и врева, и тоа многу јасно можеше да се чуе
    поради тенките цевки од парното. Детето и ден и ноќ испушта неартикулирани звуци, проследени со беспричински плач и трчање низ станот.

    Во почетокот мислевме дека е немирно поради годините и дека откако ќе порасне ќе се среди.
    Но, она што не знаевме е дека детето има пречки во развојот, односно има аутизам...

    Многу пати бев со мисла да го пријавам дедо му поради неправедниот третман, бидејќи
    неколку пати имав чуено како му извикува погрдни зборови и мава во тапи површини.
    Но, со оглед на тоа дека станарот е "некој и нешто" (читај:политички големец), било каква пријава може единствено лошо да се заврши по нас дома. Така да оставив така како што е.

    За време на полицискиот час беше тивко бидејќи детето не доаѓаше на гости, но сега пред некој ден повторно почна сѐ ново на ново. Решение нема.
     
    Последна измена: 19 мај 2020
  12. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Логиката на ова е што и да изреагира некој, не верувам дека ќе има ефект. Ако родителите или баба/дедо не можат да се справат со енергијата на детето и го оставаат да лумпува, тоа нема да се смени зошто комшијата рекол "ај малце потивко". Дури и да пријавите бучава, и да рече дојде полицаец, сигурно нема да ги казни зошто детето се дере или тропа.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Ај не ме моли.
    Форум е ова, кај сакам таму ќе пишам. А ако речев дека и јас и брат ми секојдневно беснеевме кај ќе стигниме, ќе знаев шо зборам на тема родителство, м? Само се надоврзав на мојата ситуација, излеа не смеев да напоменам дека растев без тантруми, некако невистинито звучи.
    Ќе пишев уште нешто, ама не би да сум некултурна.
     
    Последна измена: 19 мај 2020
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    За грото е така.
    Но имајте во предвид дека има и такви деца, кои доцнат со развојот во некои полиња.

    Мајлстоундс има за секоја возраст.
    Мнозинството, навремено го исполнуваат секој мајлстоун.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Таблицата не спаѓа во “култура“

    На 4 години нема “осет за воспитание“ оти не го разбира концептот “култура“, која е всушност социјална вештина.
    Дете на 4 години, ќе застане на сред улица и ќе ги турне гаќите, ако му се примоча.
    Ти ќе му кажуваш дека не треба така, ама тоа додека научи :D
    Па по Богу! Само до пред 2 години во пелена мочаше, па сега наеднаш и да мисли дека е “срамота“ да му го видат дупето :inlove:
     
    На senjorita-v, ane.bella, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Се надевам ќе се едуцираш малку повеќе околу детска психологија пред да имаш деца, за нивно добро
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Има родители на кои устата пена би им фатила од зборување за да ги научат децата на убаво понашање. А има некои кои ќе речат: остави го, дете е, нека прави шо сака, убав тој на мајка:inlove:

    Е, за вторите зборувам. Дете е, ќе згреши еднаш, два пати, пет пати. Ама кога родителот одбива да го научи тоа дете дека не треба да прави така, тоа преминува во невоспитаност бидејќи не знае шо е правилно.
    Ама нели , шо знаеме ние шо не сме родители.:wasntme:

    @Mantub Фала за советот, мала сум, ќе научам.
     
    На Glasna, WildMk и fana им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    Точно.
    Денеска многу се обрќа внимание на касен развој, пречки во развој, аутизам итн. И така треба да е.
    За тие деца и родители секогаш сум тука за помош, поддршка. Не личи да се препирам и да немам осет за такви луѓе.
    Ама, од друга страна има и доста деца кои едноставно немаат мерка. Разлигавени кратко кажано.
    Си седам в двор и го гледам комшиското дете (7 год) треска со метлата и црка колку глас ја држи, а баба и во ќошето штрака по телефонот. Такво понашање не ми е во ред. Прво спрема детето не е фер. Треба малку да го смири не е убаво да се нервира на толку млада возраст. И, не, детето нема психичка попреченост. Мислам дека за такви деца е темава. Никој не би осудувал деца со пречки во раст и развој :)
    Едит: од другата страна имам комшии со дете со пречки во говорот. На детето ни еднаш го немам видено изнервирано или да црка. Цело време го гледам во дворот си игра со сестричката и мајката.
    Секакви ги има и тоа е.
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Мајка сум и јас, ако треба тоа нешто да значи во дискусијава.
    Да се разбериме една работа.
    Не е нормално дете од 7 години да урла како дете од 3.
    Темата не е за психологијата на децата со пречки во развојот.
     
    На danichap, senjorita-v, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    Не е нормално, се подразбира тоа и затоа сосема е можно да има некои пречки во развојот и се спомна тоа.Никој не е должен да им кажува на комшиите што му е ако има нешто.Ако е едноставно разгалено, не верувам дека ќе се дере по цели денови како што е опишано по постовите, затоа е сосема можно да не е тоа во прашање.
     
    На ane.bella и WildMk им се допаѓа ова.