1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога на комшиите детето цело време вика и плаче?

Дискусија во 'Дете' започната од нина122, 18 мај 2020.

  1. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Ниту јас не живеам во зграда :) а моите комшии до сега ниту еднаш не се пожалиле од нас. Досега нема никаков испад од наша страна. Деца се нормално дека сакаат да се поиграат и поскокаат, некогаш ќе се закачнат и сл но јас не дозволувам пр да играат топка внатре, да возат количка и сл бидејќи дома ако ми дозволам утре и на гости кога ќе е ќе го сака истото. Во двор исто се знае како се игра. Кага беа мали ниту едно не ми било плачливо, си имаа ред и повеќе спиеа. Е сега најголемото беше бубачка, другите по хиперактнивни но далеку од големи плачковци и урлачи. Кога сме на гости не дозволувам да зема играчка, во стилот ќе се заигра и кога ќе си тргне сака да ја земе, тоа неможе бидејќи потоа секаде ќе зема,нека плаче колку сака но неможе, а сум го доживеала и земале откај нас дури викале родителите те молам дај и ја па утре ќе ја вратиме неможеме да ја смириме после. Сум им ги оставала.
    Така е како што велиш, во нормални ситуации детето разбира, и повеќето деца разбираат веќе 4-5 год како треба како не, но дете на 7 год да плаче, вика, се дере мене не ми е нормално и затоа повеќето посочиа дека можеби има некаков проблем. Си го имаме во комшии и не реагираме. На детето ако му кажат јади а тоа несака почнува да повраќа, ако го скараат од плачење се онесвестува. Почнува да плаче и се онесвестува, помодрува, знаете ли колку е тоа језиво. И мене ниту на крај памет не ми текнало да се пожалаж од неговата врева. Навидум ми изгледа здраво право, но родителите знаат што е и како и со што се соочуваат. Неколку години е поголемко од моите но за мене сепак е некако дете жал ми е. А што да кажам на родителите, ми пречи и тие трњба да ми кажат "пречи ама што да правиме, болно ни е детето од тоа и тоа" и тогаш одеднаш ќе имам разбирање. Па јас во земја ќе пропаднам од срам, ќе ми биде незгодно а не уште да се правам дека до вчера сум немала разбирање ама од денес имам зошто знам дека е болно. Не се ни должни да ми кажуваат дали е болно или не. Ова е Македонија, не се почитува приватноста, после тоа и децата ќе почнат да шушкаат и да дојде до ушите на детето.
    Малку подлабоко треба да размислуваме и да имаме разбирање за луѓето околу нас. Не велам дека јас сум во право, едноставно сум таква.
    И како родител стојам позади тоа дека нема родител што сака детето да му урла, вика и плаче низ дома со саати.
     
    На Milaаа991, CrazyGirl15, Nightwish11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Во мојата зграда ѕидовите се како хартија. Се слуша ама баш се. Се. Буквално се.
    Јас имам куче што е мн дрско и нервозно и невоспитано, кога ќе слушне лифтот на нашиот спрат дека застанал се убива од лаење пред вратата, да не дојде некој да не масакрира. Тоа може да се деси и во 3 сабајле ако некој од мојот спрат тогаш дома си дошол. Лае кога доаѓаат гости, трча низ станот нон стоп, мало е ама како копита му се шепите, скока високо, скока од кревет на земја нон стоп, никогаш не спие само трча и игра, фрла во воздух едни коски играчки и после трча по нив, така си игра, ама знам дека смета на тој под мене. Кога го оставаме сам, плаче и лае добар пола саат пред вратата. Порано, сега мислам дека понекогаш само ако играл со некој од тие што заминале, како и да е...

    Мене тоа куче ми е семејство, да не речам дете, дете не ми е далеку од тоа, ама се понаша така со лаењето и тропањето. 5 години го имаме. Секој ден се извинувам на тие над мене, под мене, до мене, им објаснувам му викам, го држам, го мавам со весник, џабе пак исто не разбира. Збор не ми кажале никогаш, само уживај не се слуша ништо (а се слуша јас слушам некој кога оди само над мене не па да скока).

    Пред една година на таа над мене и се роди ќерка. Секој ден точно во 2 плаче, па ќе прекине таман да презаспијам, па пак почнува и скокам јас од сон и веќе се расонувам, ќе пуштам серија да ме фати дремка, таман ќе презаспијам пак ќе почне да плаче јас во 7 на раб тргам и и неколку пати, т.е често пати станувам си варам кафе и чекам да дојде 7 да тргнам.

    Кога и да ме сретне мајка и ми вели знам дека одиш сабајле на работа, извини многу, не знам зошто така само плаче, еве ја крецам во раце, цица, заспива и пак се буди и плаче. Уживај и викам ништо не се слуша.

    Значи, компромиси... Ако немаш трпение за некој, нема ни тој да има за тебе, просто како два плус два. Бебето ќе стане дете, па тинејџер, па маж, па ќе има и негово бебе што ќе плаче, тогаш кучево мое нема да го има веќе и се тоа се периоди за кои треба да се има разбирање и трпение. Не сте ни вие совршен сосед сигурно за да си земате за право да се расправате за плачење на бебиња па и викање на поголеми деца.
    Посебно за бебе.
    За куче имаат право да се бунат, ни смета прави што ќе правиш барај чаре ама не се живее. За бебе мислам дека немаме право за лутки. Да го однесат на село во викендица во двор да го врзат за да имате мир?
    Не е фер.
     
    На Luna91, Milaаа991, FreeMind и 10 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Многу разумно размислување :clap:
    Кога живееш во станбена заедница компромиси се секогаш потребни, поинаку не можеш да функционираш и секогаш ќе бидеш во конфликт со некого, а и никогаш нема да знаеш кога ти ќе бидеш од спротивната страна.
    Во зградава имаме комшика на која што се и смета и само предупредува на вибер, притоа неразмислувајќи за времето кога го прави тоа, па така во 22ч пример добиваме пораки дека некој тропал или некои деца многу се смееле :^) И ако веќе толку и смета тоа, треба да го реши со соседите, а не сите да не вознемирува во време предвидено за одмор. Тоа е себичност. Истата таа, исто така секогаш приговара ако некој буши или прави друг вид врева, иако комшиите секогаш се извинуваат оти нели монтажа не можеш секогаш да ја погодиш да биде во погодно време. Е сега... пред некое време на истата таа комшика и монтираа тенда на тераса во недела во 9.30ч :D Се надевам дека во иднина ќе не олабави малку.
    Исто имаме и комшија на кого се му смета. Еднаш во 1.30 по полноќ добивме пораки дека на комшијата машината за перење гласно перела, да си ја прибереле. И повторно, без размислување не вознемируваше сите станари за нешто кое можеше лично да го реши.
    И така :D станарско-виберски приказни колку сакаш :lol: Некои луѓе очигледно не се за ваков тип заедници.
    За детево мое, тропа да, се трудам од петни жили тоа да е минимално, ама пак, особено со карантинов кога цел месец не излеговме од дома. Лудница беше. И благодарам на жената под нас што збор не кажа (y)
     
    На Milaаа991, azelea, irrelevant и 2 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    А може да е доволно развиено за да и каже, затни си ги ушите ако ти смета?? А бе ајде. Разгалено дериште со неспособни родители. За бебе не би реагирала. Или ако слушнам некои мали чекорчиња кај што трчкаат. Ама за дете кое знае и тоа како безобразно да обруси, е ќе реагирам. Ама по некоговото ниво на воспитание не гледам дека нешто ќе постигне членката.
     
    На senjorita-v, Nightwish11, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не го знам тоа дете и не знам зошто така и' одговорило.
    Може мајка му му рекла да рече, може чуло од некого и само повторило, може... може...
    Која и да е причината, треба со мајката да разговара, а не со детето.
    Како и да е, таа им поразвиена способност за расудување.

    Не зависи само од воспитувањето, туку и од детето.
    Јас сум човек што вика и кога води нормален разговор, таков ми е гласот.
    Човек сум што псуе.
    Воедно, кога ќе ми подадат моите вода (пример), велам: “Фала“.

    Ќерка ми никогаш не го применува делот со викањето и псуењето, ама “фала“ и “повелете“ го знае од две години.
    Тивка е, послушна и “културна“. Милион пати, познати и непознати луѓе, ми го посочиле тоа.

    Горда сум. Како мнозинството мајки што би биле горди.
    Но знам дека не се сите деца исти и знам дека не знам што точно придонесе еден дел да прифати, друг не.

    Како што пишав и во првиот пост:
    Ако е инцидентно викањето, тропањето и урлањето, не се бунам.
    Ама ако се повторува често ќе разговарам (и сум разговарала) со родителите на тоа дете.
    Внимателно. Бидејќи не им ја знам животната динамика.
     
    На senjorita-v и flawless_ им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Трпење е пошто се мора ако нема поинакви правила, далеку од тоа дека сте се собрале сите ангели во зградата. Ако твоето куче секоја вечер ме буди во 3 по полноќ или лае постојано во време кога се очекува да имаш мир, би реагирала секако. Се работи за години во кои јас треба ненаспана на работа да одам каде треба да сум фокусирана и сконцентрирана. Ме кошта сон, живци, а можеби и работно место.
    Бебиња тука има, одвреме навреме ќе слушнеш некое ама ништо страшно да не можеш да спиеш. Куче немам слушнато да лае, да имаше такво никој немаше да толерира. Самиот сопственик треба осет да има, еве има фамилии со кучиња, претежно мали се, глас не се слуша.
     
    На senjorita-v, Nightwish11, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.041
    Допаѓања:
    10.631
    Пол:
    Женски
    Ќе разговарав ако не ми го праќа детето на врата туку она искочи.
    Дома треба да и влезам за да се разбереме?
    Нит на крај памет не ми беше да се расправам со детето кога ми рече така си отидов бидејќи не знаев што да кажам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Не правам јас муабет за нон стоп секој ден лаење од моето куче или плачење на бебето. Кажувам дека се случува и тогаш кога се случило бил некој разбуден на сред ноќ и поминал преку тоа без расправии. Секој ден да ми лае кучето, не сум толку без осет...

    И муабетот беше за мене, за тие над мене и под мене. За ангели собрани во зградата далеку сме, да не почнам да ти ги раскажувам комшиите нема да ти се верува...
     
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ако сакаат тотален мир и изолација нека купат куќа у Благодарево. Физички не е возможно у зграда да не чуеш прдеж, стенкање или лаење на кученце при толку станови и луѓе.
     
    На senjorita-v, *Amethyst*, Kimberly11 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Па тоа де, некогаш се дешава ова, лае куче, плаче бебе, ќе се испрди некој гласно, ќе се кара некој, има некогаш и прослави и музика до сабајле. И во сите тие случаи некој има што станува рано и оди на раб. Ако ти на секој шум се буниш и пријавуваш тогаш иди купувај куќа на село.
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Мoже ти сo кучетo требa дa се преселиш нa селo.
    Велиш секoјпaт кoгa ќе слушне лифт лaе нервoзнo a сегa демек реткo лaе. Oк.
    Прдеж немa дa ме рaзбуди и дa ме oстaви буднa, лaење нa куче -дa. Музикa дo сaбaјле -дa. Некoлкупaти мoже дa истoлерирaм, нa редoвнa бaзa е безoбрaзлук.
     
    На senjorita-v, Nightwish11, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Добро ок, знам дека си дрска и без влакна на јазик и се тоа, различна си секоја чест за се, ама стварно во овој муабет што го правиме нема потреба од ова....

    Добро, зошто да се преселам со кучето во село?
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зoштo пaк јaс зaрaди лaењетo нa твoетo куче дa се селaм нa селo?
     
    На senjorita-v, Nightwish11, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Пошто после го пиша ова.
    Пишав лае кога некој има на наш спрат и помине покрај вратата, ние живееме одма до лифтот, на мојот спрат сме само 3 станари, значи лае кога некој од овие двајца ќе влезе во лифтот и после тоа помине покрај нашата врата. Тогаш мисли дека има некој пред врата што сака да не нападне. Значи, јас сум одма десно до лифтот а тие се лево. Отвараат лифт, круг на лево и дома. Не поминуваат покрај мојата врата освен ако не одат по скали. Едниот е постар господин и не оди по скали и не се враќа дома во 3 сабајле, другите се сега во брак, тие двајца и свекрвата, исто не се враќа свекрвата во 3 сабајле, а никој од нив не излегува од лифтот па десно да сврти да поседи кај мене пред врата па да си оди, и тоа се случува ќе ти кажам пак кога некој од тие оди по скали, а сите го користат лифтот.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ако се повторува галамата, тропни им пак на врата и побарај мајката да излезе.
     
    На Different7 и flawless_ им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.479
    Пол:
    Женски
    Џони,бе,прдеж не се слуша. :rofl::rofl:
    Сепак,во зграда живеат повеќе семејства и не е во ред сите да вреват и да тропаат.Пак ќе речам,никој не е должен да трпи врева и тропање,да добива главоболки и/или да не може да учи/работи.
    Веќе рековме во темава дека никој не би се бунел за бебе,за дете до 4 години,за дете или повозрасно лице со попреченост оти е разбирливо дека тие лица не се способни да разберат дека не смеат да бидат прегласни цело време.Ама,здраво дете кое е на школска возраст и те како е способно да разбере дека не смее цело време да вика.Ај,не е детето криво,ама родителите се криви оти не го учат на подобро однесување и почит кон другите.И здрав возрасен човек и те како е способен да разбере дека не смее да вика и тропа по цел ден и/или цела ноќ.
    И многу зависи од тоа какви правила има воведено куќниот совет.
    Пак ќе ја спомнам комшиката што живее во зграда.Таа вели дека на состанок на куќниот совет било одлучено дека станарите не смеат да вреват.Се толерираат само погоре наведените.
    Кога им се игра на децата,ги изнесуваат пред зградата и во паркот отспротива.Кучињата ги изнесуваат повеќе пати дур е дозволено движење.
    Кога и да поминам покрај зградата,глас не се слуша.
    Треба да се има осет.
     
    На senjorita-v и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  17. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Одма до нас во станот живее пар со мало дете, 2-3 години.
    Два месеци детето не е излезено надвор освен до тераса и можете да замислите како е.. ѕидовите ни се ептен тенки во зградата се слуша и кога ќе се искашлаш.
    Имам толеранција што вика на цел глас, скока, трча, се дере и плаче. Тоа не е криво, криви се родителите кои ги мрзи да го симнат пред зграда да потроши малце енергија. Арно ама, топка во стан незнам кој нормален би дозволил да има. И тоа вади звуци како ѓуле да мава и првиот пат мислев дека зградата ќе ја руши некој, а сега секојдневно како слушам дека удара во нашиот ѕид очекувам еден ден да се појави дупка.
    Никогаш нема да преречам за дете што прави галама, ама вакви работи едвај трпам.
    Не сакам да и речам бидејќи од првиот ден се покажаа како терсене луѓе па од утре може да ми е фатат на инат и за се едно нешто да се жалат.
     
    На Nightwish11 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Јас го имам истиот карактер на куче дома. А живеам во Германија каде има правила на живеење во една зграда кои и законски мора да се почитуваат. Па можеш ориентационо да процениш колку е временски вознемирувањето.

    За да законски некој тебе те однесе на суд поради лаењето на твоето куче треба пола час без прекин да лае дома минимум месец дена. Без прекин внимавај. И се тоа треба да е документирано со снимка и се води протокол од колку до колку и кога лаело со датум и саат.


    Додека тоа вознемирување не се случува кај тебе комотно на оние на кои им смета може да им оставиш ефтини понуди на плацови кои ќе ги сретнеш на Пазар 3.

    Од друга страна самото лаење на куче те вознемирува и тебе дома и ти правиш се да го смениш тоа. Исто како дете кое плаче дома. Ти како одговорна личност правиш се што е можно да го превоспиташ, но карактерот е таков и нема да успееш. Прво и основно тоа лаење е вкупно во 24 часа нема ни десет минути мерено на саат. За десет минути лаење мислам дека се издржува во животов. Ама господата се врло нервозни и не сакаат никакво лаење. Нула минути на ден е црвената линија, а напикани во стан со ѕидови од хартија по четири фамилии на спрат. И тоа во центар! Навистина ти треба да се преселиш на село да не ги вознемируваш.


    Колку лесно те иселија оти кучето ти лае. Мислиш иселувањето по желба оди, комшија од први вас што ви смета од моето живеење? Добро нема да дишам 15 мин. Вам комшија од трети?


     
    Последна измена: 20 јуни 2020
    На irrelevant и flawless_ им се допаѓа ова.
  19. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Ужас. Комшиите имаат 4 годишно разгалено детиште кое се понаша како дома да им е игралиште. Делам ѕид со нивната соба. Јас станувам у 5 тие галамат до 12 ипол. Абе дерење на цел глас, тропање како тенк да имаат дома. Згора на се слушам како мајката урлаат по него со прекрасни зборови како "п*чко" и "будало". :)))
    Дали мелатонин би ми помогнал? Стварно плачам по сон периодов- буквално mental breakdowns сум имала...
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.244
    Пол:
    Женски
    Нешто како куќен ред имате после 22:00 да мора да е тишина ако не полиција? И за детето е нездраво до 00:30 да е будно. Речи им или писмо напиши им. Некој едноставно нема осет.
     
    На FroggyLover му/ѝ се допаѓа ова.