Знам како ти е, сум го имала истиот проблем. Си пробала со бели звуци (дожд,возило, авион, клима,...)? Ем ќе те смири и успие, ем ќе ја пригуши галамата.
Мене ми иде психопативе комшии да ги пријавам, ама жими се`. Не детето, и тоа вика, плаче, ама вика и плаче зашто родителиве му се нездрави. Јас не разбирам, СЕКОЈ ДЕН, во 6 сабајле да се дереш еден на друг: ќе те убијам, умри, ми го уништи животот, ќе те фрлам од балкон, говедо едно - само дел. Па детево ќе се расплаче (нормално) па на него мајкава кога ќе му се сврти: што те родив што се запустив, ништо не ти давам, ништо не заслужуваш... Детево нема повеќе од 4-5 инаку
Со право не им веруваш. И јас не им верувам, ама упорно пријавувам. Ај Скопје е голем град, претходно, на 'ти' бевме со 192
Јас имам голем проблем. Ми се доселија нови комшии патем странци со мало детенце околу 1 годинка е. Детево е како аларм дојде ли 23:00 ч почнува со ненормално викање, па трчање па пеење . Татково почнува со занимавање па така до 22:30 почнуваат со играње каде детево вика колку му држи глас. Што е најтрагично мојата спална е до нивниот ѕид и мислам дека врз глава ми вришти некој. гледам да сум до 11 во кревет, но сега се ми се поремети секоја вечер седам до 1 поради нив. Првите недели мислев ај безобразно е да им тропнам на ѕид сепак мало детенце е му треба време да се адаптира. Но детево никако да легне во нормално време. Не разбирам мало дете да не спие до 1 саат. Што да направам а да не сум без разбирање .
Тропни им на врата и кажи им: “Се извинувам, ама прегласни сте за оваа изолација, па ако може да намалите со галамата, бидејќи не можам да спијам.“
ЦСР? Не знам па и тие колку работат и дали е соодветно за таму да се пријави, ама уфф, многу ми е жал за кутрото дете. Па и за вас ми е жал, во 6 сабајле....
Е не сум пријавила во ЦСР досега... Ќе пробам нареден пат. Баш ме интересира колку работат тие, за оваа проблематика...
Тоа деца без родители што се бараат било какво семејство и го даваат само колку да го тупнат негде, ни услови ги интересира ни ништо а не пак за дете со родители и дом да регаираат.. Не знам дали го гледавте видеото со Неџат на каналот на Лазаров, го дале старателството на детево на брат му затоа што му е брат, а брат му немал ни куќа ни дом, ни работа, од просење живеел и него го терал да проси, детево го извадиле од згрижувачко семејство каде имало дом, образование, храна, за да го дадат на брат му кој што нема ни за јадење само затоа што пази молим те, му бил брат.. Е од толку се грижат и им е гајле на центар за социјални работи..
Мене знаеш како ми викаа кога пријавував во полиција дека татко ми ме малтретира? Абе татко ти е тој, семејство сте, не се карајте. Тоа е ставот на полицијата. Пријави ама да знаеш дена најверојатно џабе ќе биде.
То е оти секогаш предност имаат оние што се во крвно сродство со детето. Ама сега, требало да реагираат пак и да му го земат на братот, бидејќи очигледно го запоставува и злоупотребува детево. Абе се' е во лер пуштено. Тие редовната работа не ја завршуваат, не пак намерно 'да си отвараат' нова
Значи за да реагираат за вакво нешто како случајот погоре, треба некој да земе и да снима, да објави, да се крене галама, па да реагираат, иначе ништо не прават ако нема притисок..
Требало да одат и да проверат прво дали братот има куќа/дом, дали има каде да живее, дали е вработен, дали има приходи, дали има пари за плус дете да чува, пред да му го дадат а не отпосле да му го земаат..
Апсолутно се согласувам. Затоа треба сите да пријавуваме. сите оние кои гледаат детето дека пита, треба да пријават Колку повеќе луѓе галамат, толку поголема е шансата да преземат нешто. Без притисок... нема шанси сами да мрднат со прст. Ама немаме таква култура... ... за жал...
И да не заборавиме дека семејството насилници можат да тужат за клевета. Лажеш ти, не го тепаме детето, еве ти тужба од нас.
е требало де, ама кој? То е цело време муабетот Никој во државните институции не си ја работи работата за која е платен. Никој! Ако има еден, тој ќе го напрат црна овца и будала. Сведоци!!! Сигурно имало сведоци барем на еден удар! Сигурно! Не треба да молчиме, кога гледаме дека нешто такво се случува Ама немаме таква култура... пак ќе речам...
И јас се плашам. Секогаш! Ама повеќе се плашам да не биде некој сериозно повреден, или не дај Боже, убиен...