1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога на комшиите детето цело време вика и плаче?

Дискусија во 'Дете' започната од нина122, 18 мај 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Абе за мене не се секирам да ти кажам, мислам галама како галама, 5 згради се околу, не може галама да нема, јас дека на високо приземје сум, деца буквално брканица под прозор од спална ми играат. Ама тоа ете не ми смета, таман работа да е тивко и пусто.

    Ама овие се не знам, посебни. Рикање, урлање, дерење, плачење... детето е најтивко од тројцата ако ти се верува.

    А се` мислам џабе ќе пријавам, какви работи поминуваат неказнети, овде “нема“ насилство (не го тепаат детето, бар не сум слушнала), живеат во ок место/стан... :(
     
    На WildMk и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Абе не знам, во два наврата пријавив ситуации, еднаш бев убедена дека дека детево не е на жената што го носеше (ова беше одамна, жената беше преочигледно со некакво растројство, не сакам да навлегувам сега и да стереотипизираме, ама дефинитивно не беше психички здрава, а бебето што го носеше беше пречисто, дотерано итн. - испадна дека сепак го имаше украдено, полицијата стварно изреагира по пријава, а втор пат пријавив дека нападнаа човек и опишав возило и лицата, и за тоа после ми се јавија 2 пати, бев изјава да дадам...) ама во оваа ситуација не сум убедена дека може да добие подобро семејство, туку ќе ги праќаат на советување, џабе советување кога сами не гледаат дека очајно им е потребно истото...
     
    На Серотин, Beautiful Dreams, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Е то е...
    Комплексни се овие работи... процесите се долги и исцрпувачки, и затоа мнозинството одлучуваат(ме) да не сработиме, да преќутиме...

    Тешка борба е да смениш цел систем...
    Борба на многу генерации, не само за една...
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.395
    Пол:
    Женски

    Хорор, језиво со крадењето деца, и живеење со психички нестабилни родители
    Е тука има едно ама. Да си пријавела луѓе "здрави" ќе ти речеле што се мешаш нивно си што прават. (не зборувам за украдени деца, општо)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Треба во секој случај да пријавиш, и ништо да не се направи, насилство е насилство, барем опомена да добијат можеби ќе се свестат колку толку што прават.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.267
    Допаѓања:
    31.283
    Пол:
    Женски
    Полицијата со прст не мрда за многу сериозни и опасни ситуации а камоли пак за врева која ја прави дете. На мајка ми новчаник и украдоа неприметно од чанта додека разгледувала у бутик а полицијата и рече друг пат да избегнува такви работи да носи. (facepalm) Ко на врат да закачила дијамант од едно кило а не еден обичен новчаник кој секој го носи од практични причини.:fubar: Да се проба некако со разговор со возрасните, да им се стаи до знаење дека се слуша и дека сите соседи ги вознемируваат. Можеби некои не се ни свесни, мислат ѕид е па не пропушта воопшто. Порано соседите на децата над нас не викаа ама трчаа и скокаа по дома како да се коњи, мислев плафонот кога-тогаш ќе ми го срушат над глава. Среќа пораснаа па се смирија.
     
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми сметало, а сега поготово кога имам дете разбирам како му е на сите родители, фактот дека плачат цело време и не можиш многу да смениш ни да го смириш, некогаш трча тропа со топки вика урла, најолошо е кога има температура, кога е болен се одерува од плачење шо нас родителите ни е посебно тешко, тука не можиме ништо. Најмногу сакам мир, но на вакви работи не треба многу да се бунат комшиите сепак ако самите одбрале да живеат во зграда се очекува дека ќе се слуша тропање и плачење на деца, кога во звучна изолација не вложиле многу, така да оставете децата да растат, ретки се оние мирните.
     
    На Milkiway, IRBBB, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.981
    Допаѓања:
    12.313
    Пол:
    Женски
    Јас сум од другата страна на згодиве и незгодиве комшиски.

    Јас "имам" проблем со новодојдена комшика која со нас т.е син ми има проблем.
    Син ми 2 и пол години. Тантрумите класични се на пауза ама луѓе сѐ тоа што му пречи преку пискање го изразува. Премногу ми е незгодно, не знам како да го спречам. Впрочем, зошто да го спречувам, дали, како ќе се одрази врз него.... Имам прашање до недоглед. Башка сум родител кој не се чука во гради. Се преиспитувам за сенешто.

    Во зградава претходно добро функциониравме, релативно. Ама дојде дотичнава, гледам ќе има закачки.
    Прееска се сретнав со една комшивка, мила културна жена е. И ја прашувам, дозна нешто за новава? Вели аууу ептен чудничка, јас ѝ правам здраво таа глава ведне. Ок.
    Минатата недела ноќта на вештерките. Околу 20ч. се растропаа деца, изгледа вртеа низ станови за пари. Ние не отворивме ради син ми да не се возбудува, го спремаме за спиење тоа време. И ми кажува комшикава, кај неа кога тропнале им отворила им кажала дека нема што да им даде дека не е спремна за овој ден. На истиот спрат до неа е новава. Отворила таа и кога им викнала "што е ова, јас сум овде за мир, вие ме вознемирувате, ќе ве пријавам во полиција". Милава комшика ѝ кажала со убаво неколку збора и после дрскава ѝ рекла " а мене ми тропа некое дете над мене" (за син ми). И на тоа ѝ одговорила дека тоа е мало детенце и дека тоа не треба да пречи.
    Истата вечер дрскава викна полиција изгледа ради децата, ама ја искористи ситуацијата да нѐ предупреди и нѝ ги испрати пред врата. Се здрвивме со маж ми. А дома штама. Како и во цела зграда.
    Се разбравме со нив. Следниот ден, претпладне ми дојде пред врата (значи 10 дена дојдена тука, а ние 6 години) да ми каже да било детето потивко. Не може ѝ велам, дете во развој е, нема како. Има рече начини да сум го смирела, и спомна нешто како установи психијатар спомна, чуда. Ѝ возвратив - тоа и за вас важи. И се повлече.

    Не ми е сеедно што детево не можам да го контролирам. И го шетам и го играм, му ги местам спиењата да се во точно време и пак мора да помине низ овие нешта. И плус тој притисок од комшија да го смирувам уште толку ми е плус.
    А никој комшија не ми рекол досега. И тие до нас се бучни и над што беа, и некако се свикнавме.
    Значи тоа беше преку ден, жената дојде за детско трчкање преку ден да ме прекори.
    Деновиве не е тука нешто. Ама го средуваше станот, ќе се врати сигурно. Не знам што да правам.
    Се осеќам растргнато.
     
    На nevermet18 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Не се замарај, преку ден можеш и да бушиш ѕидови и забави и што сакаш да правиш. Слободно кажи ѝ да го провери куќниот ред, од 08 сабајле до 10 навечер она не треба да ве вознемирува колку што памтам :D
    И секако може да пријави уште еднаш - двапати а после и полицијата ќе ја игнорира.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.981
    Допаѓања:
    12.313
    Пол:
    Женски
    А тоа за куќен ред каде стои?
    Стварно не знам, а ме интересира до кога е нормално да се биде бучен во зграда.
    Патем за неа: пред некоја вечер имаше некоја активност во домот со бушење силно, ептен, во 8 и пол навечер. Ѝ тропнавме на паркет и престана. Сѐ тоа ради детево, да може да заспие.
    Толку од принципите на таквите комшии.
    Е јас не пријавив во полиција за галама.
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Секоја зграда има куќен ред според кој станарите мора да се придржуваат. Исто би требало да е истакнат во влезот на видно место, ако не е и не сте во можност да прашате кај претседателот на куќен совет, влезете во било кој друг влез, секаде би требало да е ист. Ние сме излезени од зграда некое време и колку што памтам од сабајле 7 или 8 до 10 вечер нема рестрикции за бучава, така да во тој период не може она да ви диктира што да правите и колку гласно.
    Тешко ќе ви биде доколку она не се навикне на бучавата, кај нас имаше комшија кој дури и за муабет ги предупредуваше комшиите, и иако не беше во право знае да ти ствара нелагодност во домот. Такви си се луѓето и затоа ти викам да не ѝ се тресеш, посебно што имаш пишано дека галамата е преку ден а не ноќта.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.981
    Допаѓања:
    12.313
    Пол:
    Женски
    Аууу до 10 навечер многу е тоа. Мене ми е доцна ама штом стои ко правило така, нека е. Сѐ е тивко после 9 тука. А преку ден стварно е греота некого да масираш ради одење трчање, ама секакви нѐ има.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Искрено, јас немам бушено, ама многу пати имам усисавано во 8 - 8 ипол навечер.

    Немам кога, работам, од работа имам буквално пола саат да ручам и нахранам мачки, па во школо одам и така секој ден.

    А со мачки не можам да оставам неусисано една недела.

    Не знам дали им смета, не се побунил никој, ама и да смета немам избор, тоа е. До 22 е, макар ни мене не ми е убаво тогаш да галамам.

    Цел живот во куќа бев, во зграда научив толеранција на звуци и трпам и ако треба ќе ме трпат, тоа е тоа.

    Искрено еден куп деца има овде, нови згради се па се' се млади со деца, озбилно огромна галама е, и ноќе, оти па бебе кога му се плаче ќе плаче, и 2 на пладне и 2 ноќе.

    И бушеле, рушеле, кучиња најмалце 5 се само во оваа зграда, и деца галамат и до сега стварно немало проблем колку што јас знам, а тука сум скоро 3 години. Ваљда сите сфатиле дека мир целосен во зграда не постои.

    Чаре за комшиката немаш, не и' тропајте ни вие, ако ја видите на врата не и' ни отварајте.

    Ќе вика полиција и никому ништо, ќе видат дека не го малтретирате детето (ако каже такво нешто) и после ќе ја игнорираат, ако ги замара неа ќе ја казнат за лажни пријави.
     
    На mal.ecka и elenaklasik им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.013
    Ќе видам. Многу глупа ситуација.

    Искрено ми е страв следно после кога ќе се расплаче малово да не има поголеми последици по него, од страв пак да не им се викне полиција :/

    Жими се' на 100 ума сум, да беа само они двајца немаше да се мислам, возрасни, ама малово :/
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Значи, џабе е пријавување. Пред некое време имаше случај, мајкава остава 3 годишно дете С А М О дома, а вратата влезна отклучена. Под кирија беа, а сопствениците на долниот кат. Детево само по мочана и какана пелена искача, среќа го виделе зошто е висок спратот.
    Го прибрале, пријавиле.
    Испаднало дека не и е прв пат и детето и го враќаа секој пат.
    Кога ја виде мајкатаз удри на вриштење.
    Сопствениците ја избркаа.
    Ама никој не превзема ништо.

    Никогаш не сакам да се најдам во ваква ситуација каде треба да гледаш со врзани раце
     
    На something му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    22.829
    Пол:
    Женски
    Мојата шо дека беше успана у 8? После 3-4 часа почнуваше страшно многу да плаче се до 6 сабајле. И тоа траеше година ипол секој ден.
    Па веројатно според мислењата овде јас ќе испаднам насилник и треба да ми се одземе детето.
    Имаше страшни ноќни терори. Едноставно ништо не ја смируваше. Некад пробував да ја разбудам, се само да не плаче ама не се будеше.
    Ниеден комшија не рекол ништо, иако 100 пати сум се извинувала. Едноставно го сфатија мојот проблем.
    И друга работа галама е едно, насилство е друго.
    Сега плаче преку ден, рика за се нешто. Џабе, дете е тоа ти збори збори колку сакаш, објаснувај, се капира она до наредно плачење.
    Не е лесно да имаш плачливо дете, верувајте многу исцрпува.
    Тоа е бура од емоции. Сака да ти каже нешто, не знае како се нервира и почнува напад. Не е секое плачење од тепање и размазеност.
    Мојата само трча и скока не оди, и објаснувам дека како што она не сака да ни тропаат комшиите од горе, така ни тие под нас не сакаат да им тропа она, ама ете не сака да ме послуша.
    Живеење во колектив едноставно е така, не можат сите да се погодат.
    И јас сметам на некој, и некој мене ми смета.
     
    На troublemaker94, nevermet18, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Имаме еден проблем со комшивката, кој не сум паметна како да го решиме.
    Имено живееме во кујќа, позади имаме двор кој што ни е за рекреација, и 2 мали деца 5 и 7 години.
    Преку недела никогаш не сме дома, од понеделник до петок сме со сопругот втора смена и е штама.
    И може да се деси, сабота да поседиме од кај 19ч позади во дворот. Децата нормално ќе се заиграат, ќе се довикуваат, и одеднаш таа почнува хистерично да им се дере да прекинат. Децава веќе уплав имаат од нејзе.
    Му се одмили и играње во двор, кој за нив го спремавме.
    А и ние веќе седиме како на трн. На децата нормално им викаме да се потивки, но детската радост знае да е погласна.

    Исрекно не знам како да се справиме.
     
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    4.940
    Пол:
    Женски
    Им се дере на твоите деца во кои играат во твојот двор???
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.037
    Допаѓања:
    13.883
    Na vashi deca im se dere? I vie si molcite i ne sakate da sedite? Mnogu ste fini iskreno.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Да, на моите деца, кои си играат во својот имот својот двор. И тоа во пристојно време 19ч
    Ја цитирам.

    Прекинете да се дерите, Да не се најдувате во планина.